Connect with us

Продукти

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ – ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање​

Објавено

на

​ПроКредит Банка ја претстави својата најнова услуга, Google Pay, уште едно дигитално решение што ги поедноставува секојдневните плаќања преку безбедна, брза и практична технологија. Со Google Pay, корисниците на Android уреди и паметни часовници можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник.

Оваа услуга овозможува плаќања на сите продажни места со бесконтактни ПОС терминали, онлајн плаќања на веб страни или апликации, како и користење на услуги од банкомати со бесконтактен читач. Клиентите можат да дигитализираат повеќе картички преку своите Android или WearOS уреди и да одберат со која картичка ќе вршат плаќање.

Како дигитална банка, за ПроКредит ова претставува проширување на иновативните дигитални услуги за нивните тековни и нови клиенти, кои сега можат да ја искористат оваа бесплатна и практична услуга, без скриени трошоци или дополнителни провизии.

„Со воведувањето на Google Pay, продолжуваме да ги зајакнуваме нашите дигитални услуги, овозможувајќи им на клиентите полесен пристап до модерни технологии. Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон грижата за нивните потреби за брзи, практични и безбедни банкарски услуги,“ изјавуваат од ПроКредит Банка.

Процесот за активирање на Google Pay е брз и едноставен:

  1. Симнете ја апликацијата Google Wallet од Google Play Store.
  2. Додадете ги вашите ПроКредит платежни картички.
  3. Плаќајте со допир на вашиот смартфон или смарт часовник на ПОС терминалите.

Уште една предност е дека оваа опција може да се користи на сите локации каде што има ПОС терминали со бесконтактен читач, на глобално ниво.

Од банката велат дека продолжуваат да инвестираат во развој на услуги кои ги задоволуваат потребите на корисниците, овозможувајќи им практичност во банкарските операции.

Google Pay е достапен за сите клиенти на банката. Со едноставна инсталација и
активирање, може да ги дигитализирате и користите веднаш вашите ПроКредит картички.

Повеќе информации за оваа услуга се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Продолжи со читање

Продукти

Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

Објавено

на

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.

Како функционира Apple Pay?

Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.

Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?

Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.

Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.

Продолжи со читање

Продукти

Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“

Објавено

на

Летото е полно со можности, а ПроКредит Банка е тука да ги отвори сите врати за твоите остварувања! Со промотивниот потрошувачки пакет, донесувањето одлуки е многу поедноставно и планирањето полесно. 

Со оваа идеја, ПроКредит Банка нуди практичен пакет со потрошувачки кредит прилагоден на потребите на клиентите, овозможувајќи им сигурност и стабилност за целиот период. 

Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување.

Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки. 

Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити од други банки.

Во ПроКредит Банка секогаш се стремиме да им обезбедиме на клиентите комплетна поддршка. Со воведувањето на промотивниот потрошувачки пакет, целта е да им овозможиме на клиентите сигурност и предвиливост во нивното финансиско планирање и дополнително да им го поедноставиме целиот процес“, истакнува Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица.

Без разлика дали планирате уредување на домот, инвестирање во образование или пак патување – со ПроКредит Банка, сите врати се отворени. 

Аплицирањето може да го направите директно преку веб страницата на банката или со посета на најблиската експозитура.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange