Продукти
Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење
Европскaта централна банка (ЕЦБ) на последниот априлски состанок одлучи да ги задржа клучните каматни стапки на исто ниво од септември минатата година. Во циклусот на заострување на монетарната политика, а со цел намалување на инфлацијата во земјите од еврозоната, од јули 2022 до септември 2023 ЕЦБ ги зголеми основните каматни стапки за 4,5 процентни поени. Ваквите мерки доведоа до зголемување на банкарските камати.
Со последната одлука и нашата Централна банка повторно ја задржа каматната стапка непроменета, на ниво од 6,30 процентни поени кое се оценува дека e соодветно на тековните услови во економијата.
Меѓутоа, со оглед на падот на инфлацијата во еврозоната, експертите сметаат дека веќе во јуни може да се очекува да се случи прво намалување на основните каматни стапки од страна на ЕЦБ. Овој сигнал веројатно ќе го следи и нашата НБРМ која поради нашата вразаност на денарот за еврото, ги следи чекорите на ЕЦБ.
Основната каматна стапка на централните банки секогаш е основа за определување на каматите стапки на банките, како на кредитите, така и на депозитите. Доколку се остварат прогнозите на експертите, тоа значи дека и кај нас е можно да дојде до намалување на основната каматна стапка, а со тоа и на каматите на банките бидејќи тие своето работење го усогласуваат со одлуките на НБРМ.
Падот на каматите на кредитите во секој случај ќе значи и пад на каматите на депозитите, кај кои, по години на исклучително ниски и неатрактивни камати за штедење, се случи пораст. Според последните податоци од Централната банка, просечната каматна стапка во март на вкупните депозити изнесуваше 1,80% , односно на новопримените депозити 2,46%.
Ако се знае дека пред почетокот на мерките за заострување на монетарната политика, висината на каматите на депозитите беше минимална, можеби сега е вистино време да се искористат атрактивните камати за депозитите кои ги имаат некои банки за оддели производи.
Таков атрактивен поизвод, на пример, е Пролетниот депозит на Халкбанк, кој е со промотивен период до 30 јуни 2024 година. Истиот нуди можност за орочување на средствата за период од 13, 25 и 36 месеци. Каматните стапки се атрактивни и изнесуваат 3,30% за орочување на денари за период од 13 месеци, односно 3,80% и 3,90% за орочување во период од 25 и 36 месеци. За штедење во евра за соодветните периоди каматите изнесуваат 2,30%, односно 2,80% и 2,90%.
Она што е особено важно е дека каматата за целиот период на орочување е фиксна, така што и во случај на пад на каматите, за штедниот влог ќе се добие сегашната договорена камата. Каматата на орочените средства, пак, може да се повлекува месечно или на крајот на периодот на орочување.
Кај овој производ минимален износ за вложување е 30.000 денари, односно 500 евра и не е предвидено предвремено повлекување на средства или дополителни уплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит се пресметува камата по видување според важечката Одлука за пасивни каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%.
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември
Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.
Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.
Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

