Продукти
Visa Business картички на Комерцијална банка за динамични и успешни бизниси
Динамични, развојни и иновативни бизниси бараат и најдобри финансиски решенија, а ги добиваат со Visa business картичките на Комерцијална банка.
Деловните Visa картички на Комерцијална банка се вистински партнер за секоја компанија затоа што ѝ овозможуваат:
- – Бесплатна уплата на дневен промет на банкомат во промотивниот период до 30.06.2024,
- – Плаќање службени трошоци без провизија, секаде во светот,
- – Целосна контрола на трошењето средства од картичките,
- – Купување преку Интернет,
- – Подобар готовински тек (cash flow),
- – Дневен лимит по картичка зависно од потребите,
- – Бесплатна дигитализација на картичките во Google Wallet™ и во Garmin Pay™.
Со Visa Business debit, Visa Business Revolving и Visa Business Corporate вашиот бизнис функционира едноставно и ефикасно 24/7 бидејќи вие ја имате целосната контрола без непотребно да трошите време и пари.
Изберете ја Visa Business картичката која најмногу му одговара на вашиот бизнис и уживајте во погодностите и привилегиите што ви ги обезбедува.
Дознајте повеќе информации и преземете барање за аплицирање за Visa business картичка на следниот линк: https://www.kb.mk/pravni.nspx.
Продукти
Пакетот за млади „Vibe On“ на Шпаркасе Банка со нови поволности за студентите и за младите
Шпаркасе Банка со цел да обезбеди уште поголема флексибилност за студентите, воведе нови супер поволности на популарната портокалова „Vibe On“ дебитна картичка. Оваа портокалова картичка, наменета за сите млади на возраст од 15 до 25 години, сега нуди освежени и значајни предности што ги олеснуваат секојдневните финансиски процеси за студентите и за младите.
Најголемата новина е можноста за бесплатни неограничени трансфери за сите факултетски услуги, односно за уплати за партиципација при студирање, заверка на семестар, уплати на име на „онлајн ресурси“, „материјални ресурси“ и многу повеќе. Тоа значи дека студентите повеќе нема да плаќаат банкарска провизија при запишување или заверка на семестар, при уплати за полагање испит, за културни и спортски активности, ниту, пак, за другите трошоци кон факултетите, доколку плаќаат преку нивниот пакет „Vibe On“ од Шпаркасе Банка.
Освен за плаќањата кон факултет, оваа значајна поволност се однесува и за други видови трансакции направени преку обрасците ПП30 и ПП50. Без разлика дали станува збор за интерни трансфери во рамките на Шпаркасе Банка или за надворешни трансфери кон други банки, сè додека трансакциите се вршат преку безготовински налози (хартиени или електронски), корисниците на пакетот „Vibe On“ се ослободени од плаќање провизија!
Со ова, Шпаркасе Банка им помага на студентите да ги извршуваат академските обврски без дополнителни трошоци, на тој начин овозможувајќи им да се сосредоточат на она што е најважно – нивното образование.
Покрај бесплатните трансфери за факултетските и за другите услуги, пакетот за млади „Vibe On“ сега нуди и дополнителни придобивки:
- Бесплатно праќање пари на пријател преку телефонскиот именик
- Можност за делење сметка со пријател преку телефонскиот именик
- Бесплатна промена на ПИН-кодот на банкомат во секое време
- Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
- Три бесплатни проверки на салдо на банкомат секој месец
- Едно бесплатно реиздавање на ПИН
- Една бесплатна реизработка на картичка, доколку претходната била изгубена, украдена, оштетена или, пак, поради промена на лични податоци
- Четири бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во државата месечно.
Со најновите поволности, пакетот „Vibe On“ станува уште покорисен за студентите и за младите, нудејќи им едноставни и брзи решенија за секојдневните финансиски активности. Во меѓувреме, потсетуваме дека бесплатниот пакет за млади вклучува и бесплатно отворање на сметка во Шпаркасе Банка, а корисниците на оваа картичка се ослободени од провизија за месечно одржување на сметката, како и од провизија за месечно одржување на мобилната апликација „S-Banka“.
Секој студент што аплицирал за субвенциониран студентски оброк – државна мерка која се спроведува преку Министерството за образование и наука (МОН) и Шпаркасе Банка, покрај сината наменска картичка со која ќе може да купува оброци, може да добие бесплатно и портокаловата дебитна картичка заедно со „Vibe On“ пакетот.
Шпаркасе Банка продолжува да ја негува посветеноста кон младите и да им нуди иновативни производи и услуги кои го олеснуваат нивниот пат кон финансиска самостојност!
Банката и понатаму чекори со современите идеи на студентите и младите, создавајќи ги најдобрите понуди за нив и обезбедувајќи решенија токму за она што им е најпотребно.
За повеќе информации за „Vibe On“ пакетот за млади, посетете ја интернет страницата на Шпаркасе Банка.
Банки
НЛБ Банка ги укина услугите на Western Union
НЛБ Банка ги известува своите почитувани клиенти дека од 01.10.2024 година нема да ги нуди услугите на Western Union.
Сите останати услуги и производи кои ги нуди НЛБ Банка можете да ги погледнете на следниот линк.
Продукти
Комерцијална банка од декември го зголемува надоместокот за одржување на платежна сметка за 5 денари
Комерцијална банка изврши промена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги наплатува од своите клиенти – физички лица. Конкретно, станува збор за зголемени надоместоци кои ќе започнат да се применуваат од 1 декември 2024 година.
Соопштението гласи:
Ве известуваме дека Банката изврши измена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.12.2024 година се следните:
Одржување на платежни сметки во денари:
Платежни сметки со промет во тековниот месец – 40 денари месечно (освен за месецот во кој се затвора сметката)
Платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија – 30 денари месечно
Во моментов, надоместокот за платежни сметки со промет во тековниот месец изнесува 35 денари, додека за платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија изнесува 25 денари.
Од банката напоменуваат дека согласно Договорот за платежна сметка во денари, доколку во рок од два месеци по завршување на месецот во кој е извршена промената на условите во работењето за кои сте известени со оваа порака, не поднесете барање за раскинување на Договорот, се смета дека сте согласни со новите услови и дека ги прифаќате во целост.
- Банкипред 7 дена
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 5 дена
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 6 дена
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 6 дена
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Продуктипред 1 недела
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 6 дена
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 2 месеци
Промени во Управниот одбор на една од најголемите банки во земјава!?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје