Connect with us
no baners

Банки

Велес добива нова, модернизирана филијала и Зона 24/7 на ПроКредит Банка, на нова локација

Објавено

на

no baners

ПроКредит Банка продолжува да ја модернизира својата мрежа со отворањето на
нова филијала во Велес на улицата 8ми Септември број 114, која ќе ја замени
старата локација.

Отсега, клиентите од Велес и околината ќе имаат можност да ги користат
поволностите на модерните банкарски услуги коишто се прилагодени на нивните
потреби. За почеток, новата филијала ќе функционира едниствено како 24/7 зона,
со цел да овозможи флексибилност за пристап до банкарските услуги во секое
време.

Благодарение на современите банкомати, клиентите ќе имаат можност да вршат
уплати и исплати во денари и евра, да внесуваат дневен промет, како и да
користат drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства.

„Новоотворената филијала во Велес првично ќе функционира како 24/7 Зона со
цел да ги задоволиме непосредните потреби на нашите клиенти. Во најблиска
иднина планираме да ги прошириме нашите услуги со ангажирање редовен
персонал за да обезбедиме сеопфатен опсег на банкарски услуги“
– истакнуваат
од ПроКредит банка.

Оваа активност е дел од пошироката стратегија на ПроКредит банка за
унапредување на својата мрежа од филијали, фокусирајќи се на удобноста на
клиентите и интеграцијата на дигиталните услуги. Банката активно ги модернизира
своите филијали на територијата на целата земја со цел да го подобри
дигиталниот пристап и личната услуга, осигурувајќи дека клиентите можат
ефикасно и безбедно да управуваат со своите финансии.

Сите детали за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се
достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).

no baners

Банки

ПроКредит Банка со нов потрошувачки кредит: апликација само со лична карта и одлука за 24 часа

Објавено

на

ПроКредит Банка воведе потрошувачки кредит што може да се аплицира само со лична карта, со одлука во рок од 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5 проценти. Кредитот е достапен и за лица кои не се постоечки клиенти на банката.

Од банката информираат дека процесот е поедноставен и без дополнителна документација, со цел клиентите побрзо да дојдат до потребните средства – било да станува збор за реновирање, набавка на опрема, едукација или покривање тековни и непредвидени трошоци.

Фиксната каматна стапка од 5,5 проценти овозможува стабилна месечна рата во текот на целиот период на отплата. Како пример, за кредит од 100.000 денари со рок на отплата од 12 месеци и фиксна камата од 5,5 проценти, месечната рата би изнесувала 8.584 денари, а вкупниот износ за враќање 103.004 денари. Од банката посочуваат дека примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.

Кредитот нуди и можност за рефинансирање, односно спојување на повеќе постоечки обврски во една месечна рата, со што се поедноставува управувањето со финансиските обврски. Дополнително, клиентите можат да обезбедат и средства над износот потребен за затворање на старите кредити.

Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка, изјави дека целта е клиентите да добијат одржливо и транспарентно решение. Според него, при одобрување на кредитот се прави внимателна проценка на приходите и можностите на апликантот, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.

Аплицирањето е можно преку веб-страницата на банката или во нејзините филијали низ земјата, а одлуката се носи во рок од еден ден.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange