Connect with us

Банки

ТТК Банка го освои четвртото место на рекреативната трка Business run

Објавено

на

Тимот на ТТК Банка со гордост учествуваше на Штафетната трка за тимови од македонскиот бизнис сектор – „Cevahir Mall Business Run 2024“ и во конкуренција од 62 тимови, се пласираше на одличното 4-то место.

Нашите четворица колеги, трчајќи 8 километри на рекреативната патека во „Џевахир Мол“ комплексот– Скопје, ја покажаа својата посветеност, тимски дух и желба за успех.” – велат од банката.

Организирана од „Прв до врв“ во соработка со „Џевахир Мол“ – Скопје, оваа трка уште еднаш ја истакна важноста на спортот и рекреацијата во бизнис заедницата, поттикнувајќи градење на нови пријателства и деловни релации.

Банки

Објавен е традиционалниот конкурс за учениците од основните и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври го објавија Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на  Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент во финансиската сфера.  

Учениците од основното образование може да испратат литературна и / или ликовна творба на темата: „Штедењето – наша навика и наша потреба!“. За избраните 12 најдобри творби на учениците од основното образование ќе им бидат доделени  парични награди, и тоа:

  • 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 1. до 5. одделение;
  • 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 6. до 9. одделение;
  • 3 награди за најдобра песна за учениците од 1. до 5. одделение и
  • 3 награди за најдобар расказ за учениците од 6. до 9. одделение.

Учениците од средното образование може да испратат литературна творба ‒ есеј на темата: „Финансиската едукација на младите – основа за подобро управување со парите и заштита од финансиски измами во новото дигитално време“. За избраните 3 најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени парични награди.

Крајниот рок за доставување на творбите е 18 октомври 2024 година.

Списокот на наградените ученици ќе биде објавен најдоцна до 31 октомври 2024 година, на интернет-страниците на Народната банка и на Министерството за финансии.

Народната банка и Министерството за финансии ги повикуваат заинтересираните ученици да достават творби на објавениот конкурс. Веруваме дека и оваа година Конкурсот ќе предизвика голем интерес меѓу учениците од основните и средните училишта во нашата земја и дека дополнително ќе го поттикне стекнувањето и развивањето на навиките за штедење. 

Продолжи со читање

Банки

Панел 4, конференција на НБ: “Преглед на најновата кризна епизода: Научени лекции на патот напред“

Објавено

на

Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“.

Темата на втората панел дискусија ќе биде “Преглед на најновата кризна епизода: Научени лекции на патот напред“.

Најновата кризна епизода, научените лекции, како и идните насоки, на последниот, четврти панел, ќе ги дискутираат гувернерот на централната банка на Косово – Ахмет Исмаили, претставниците на народните банки на Белгија – Џеф Боеккс, Хрватска – Дубравко Михаљек, Литванија – Симонас Крепшта, како и претставници на ММФ – Себастиан Соса, ЕИБ – Дебора Револтела и Центарот Хачинс за фискална и монетарна политика – Џан Марија Милези-Ферети.

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, со свое излагање ќе ја затвори Десеттата меѓународна конференција „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери

Објавено

на

На 28 септември 2024 година ТТК Банка беше домаќин на настанот „Ден со нашите пензионери- наследство и поврзаност“ посветен на оддавањето почит и благодарност за непроценливиот придонес на пензионираните вработени.

Во пријатна и топла атмосфера настанот опфати низа активности кои поттикнаа меѓусебно дружење и споделување на спомени. Сите присутни имаа можност да се потсетат на убавите моменти, стекнатите искуства и успесите во текот на сите години заедничко работење.

Претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски, во своето обраќање ја нагласи важноста на овој настан и посветеноста на банката кон сите оние кои оставија траен белег во нејзиниот развој.

Нашите пензионери не се само поранешни вработени – тие се столбот на нашата приказна, луѓето кои го поставија темелот и ја градеа оваа институција низ годините. Благодарни сме за нивната мудрост, труд и посветеност што ги вложија во развојот на ТТК Банка. Оваа средба го зајакнува нашето чувство на заедништво и е потврда дека нивниот придонес ќе остане трајно запишан во историјата на банката, а нивните достигнувања никогаш нема да бидат заборавени“ изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Пензионираните вработени имаа можност да дознаат за тековните проекти, достигнувања и идните цели на банката. Во знак на благодарност и признание за нивната посветеност и долга и успешна кариера Банката им додели благодарници и пригодни подароци.

ТТК Банка изразува срдечна благодарност до сите свои пензионирани вработени. Преку овој настан потврдуваме дека богатото наследство, знаењето и мудроста, што тие ни ги оставаат секогаш ќе бидат важен дел од приказната на Банката, поттик и основа да се радуваме на светла и перспективна иднина.

Продолжи со читање

Популарно