Банки
Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3%, потрошувачките од 6,3 проценти
Вкупните депозити на годишна основа во февруари бележат раст од 5,9 проценти, а вкупните кредити се повисоки за 7,7 проценти.
Податоците на Народната банка покажуваат дека порастот на вкупните депозити се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај домаќинствата, додека зголеменото кредитирање е исто присутно кај двата сектора, но со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.
Кредитите на домаќинствата остварија месечен раст од 0,3 проценти и годишен раст од 7,2 проценти. Промената по двете основи се должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,3 проценти и 12,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3 проценти на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8 проценти.
Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1 процент и 1,3 проценти, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8 проценти и 0,4 проценти, соодветно.
Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 проценти и 16,3 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.
Кредитите на корпоративниот сектор во февруари се намалени за 0,2 проценти, во целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2 проценти, којшто во услови на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на кредитите во странска валута.
Банки
Централна кооперативна банка доби согласност од Народната банка за вршење нова дополнителна финансиска активност
Централна кооперативна банка АД Скопје доби согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за вршење финансиска активност во областа на осигурување односно застапување во осигурувањето.
„Со Решение на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, бр. 15-2820/2 од 11.2.2026 година, на Централна кооперативна банка АД Скопје и се издава претходна согласност за вршење на финансиска активност – застапување во осигурувањето“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Решението, донесено од Извршниот одбор на Народната банка, овозможува на Централна кооперативна банка да врши застапување во осигурителни услуги, со што се прошируваат нејзините можности за понуда на финансиски производи и услуги на клиентите.
Банки
TTK Банка АД Скопје ја исплати шестата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија
ТТК Банка АД Скопје на 16.02.2026 година ја исплати главницата и шестата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Пресметката на главницата и каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.
Право на исплата на главница и камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2026 година.
Во февруари 2020 година, ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра и фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.
Банки
Комерцијална банка со континуирана поддршка на Струмички карневал
Комерцијална банка и оваа година е Генерален спонзор на Струмичкиот карневал, една од најзначајните културно-туристички манифестации во земјава.
Струмичкиот карневал одамна прерасна во препознатлив туристички симбол на Македонија, кој Комерцијална банка со години го поддржува препознавајќи ја неговата улога во промоцијата на македонската култура, туризам и креативна индустрија.
Претстојниот викенд, Струмица повторно ќе пулсира во ритамот на карневалската магија, со впечатливи маски, уметнички настапи и учесници од земјата и од странство, нудејќи богата програма исполнета со боја, енергија и креативност.
Со поддршката на Комерцијална банка, уште едно автентично издание на Струмичкиот карневал ќе ја збогати културната и туристичката понуда на Македонија.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





