Connect with us

Продукти

Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Станбениот кредит на Комерцијална банка е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Направи го и последниот чекор со избор на Станбен кредит со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување, администрирање и процена во промотивниот период до 31.12.2024 година. Во промотивниот период има фиксна годишна каматна стапка од 3,1% за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а се со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.” – велат од Банката.

Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка.

Продукти

Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ја активираше поддршката за Apple Pay во Македонија, овозможувајќи им на клиентите безбедно и лесно плаќање преку нивните iPhone или Apple Watch уреди.

Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ д.д., уште пред неколку недели на LinkedIn најави дека Apple Pay ќе биде достапен во регионот до крајот на јули — информација што денес се потврди со лансирањето и во Македонија. На прашање од корисници за достапноста во Северна Македонија, Бродњак одговори дека е „coming as well“, што денес официјално се реализира.

Доказ за активирањето на услугата пристигна и преку нотификација испратена до клиентите, каде што се потврдува дека картичките се успешно поврзани со Apple Pay и подготвени за користење.

Порталот Банкарство.мк уште претходно ексклузивно објави дека Apple Pay е во фаза на подготовки и дека неговото активирање се очекува на есен. Оваа прогноза се покажа како точна и навремена:

Apple Pay доаѓа во Македонија – Подготовките се во тек, стартот се очекува на есен

Од сега, корисниците на НЛБ Банка може да ги дигитализираат своите платежни картички во Wallet апликацијата на Apple и да уживаат во безконтактни и безбедни трансакции со само еден допир.

Процесот на активација и верификација се одвива преку апликацијата NLB Pay, каде што корисниците ги следат сите потребни чекори за успешно поврзување.

Иако услугата е веќе активна за дел од корисниците, сè уште нема официјална објава од НЛБ Банка, ниту пак од Apple, што се очекува во текот на деновите што следуваат.

Во моментот, Apple Pay е достапен само преку НЛБ Банка, додека другите банки во Македонија сè уште не ја имаат активирано оваа услуга. Сеуште недостасува најава од нивна страна за точен датум на поддршка, иако се очекува и тие да го следат истиот чекор во блиска иднина.

Visa веќе започна со промотивни активности за Apple Pay, поставувајќи билборди на неколку локации низ Скопје. Ова е јасен сигнал дека воведувањето на услугата е дел од поширока кампања за дигитализација на плаќањата, насочена кон подигнување на свесноста и поттикнување на користењето на безконтактни решенија кај потрошувачите.

Продолжи со читање

Продукти

Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето

Објавено

на

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин.

Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот

Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето започнува уште во моментот кога влегувате во VIP зоната на аеродромот. Lounge Key е услуга која автоматски доаѓа со оваа картичка и ви овозможува пристап до над 1400 ексклузивни Lounge Key салони ширум светот, без потреба од дополнителна пријава и без непотребни процедури. Во овие салони ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.

Споделување премиум привилегии

Корисникот на Mastercard World кредитната картичка покрај личната привилегија за пристап до Lounge Key салонот може да го придружува уште една личност.Без разлика дали патувате со партнер, пријател или колега, уживањето во удобноста на VIP просторијата го споделувате со некој близок.

Mastercard World е повеќе од картичка

Станува збор за платежна картичка која ви овозможува и брзи и безбедни плаќања. Располагате со можност за кредитен лимит до 1.200.000 денари, кој ви е достапен, тогаш кога најмногу ви треба, а месечната минимална отплата е само 10% од искористените средства. Може да купувате до 60 рати без камата кај трговци партнери на банката. Онлајн трансакциите се сигурни и без провизија. Во последната недела од секој месец, имате можност да подигнете готовина од банкоматите на Халкбанк, без провизија. Како дополнителна придобивка, добивате и 10% попуст при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Како да станете дел од Mastercard World?

Аплицирајте во најблиската филијала или преку онлајн апликацијата на банката.

Со Lounge Key апликацијата го добивате светот на дланка, каде и да сте

Симнете ја бесплатната апликација Lounge Key (iOS и Android) и откријте ги сите VIP зони, условите за пристап и креирајте сопствен профил за уште полесно патување.

Уживајте во секој чекор од патувањето

Секое патување треба да започне со чувство на контрола, мир и удобност. Без разлика дали патувате често или повремено, за работа или задоволство, Lounge Key пристапот ви овозможува да го доживеете вистинското премиум искуство, уште пред да се качите во авионот.

Продолжи со читање

Бизнис

100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба, на дофат на рака со Mint Visa Card

Објавено

на

Во светот каде времето е сѐ поважно, Mint Visa картичката доаѓа како одговор на потребата за брз и едноставен пристап до финансии. Процесот на аплицирање е целосно дигитален и трае само неколку минути, по што одобрените средства се веднаш достапни на картичката. Ова ги елиминира долгите чекања и сложената документација, овозможувајќи им на корисниците да ги решат своите финансиски потреби веднаш.

Со Mint Visa од 100.000 денари преку Mint Credit, конечно имаш картичка што го следи твоето темпо – спремна за само 15 минути. Брзо. Безбедно. Секогаш достапно.

Mint Visa картичката ти стои на располагање 24/7. Аплицирај денес и добиј ја твојата Mint Visa.

  • 100.000 денари достапни веднаш.
  • Без депозити, без бескрајни формулари.
  • Потполно онлајн преку One ID – каде и да си.

Зошто Mint Visa?

  • Смарт шопинг – Плати безбедно на сите интернет продавници.
  • Спонтано патување – Резервирај билети и хотели брзи и едноставно.
  • Секојдневна сигурност – Подготвен си за сите непланирани трошоци.
  • За 15 минути си спремен да купуваш – Онлајн, во продавници, каде и да си.

Заборави на комплицирани процедури и бесконечна документација. Со Mint Visa, добиваш пристап до 100.000 денари, точно тогаш кога ти се најпотребни – за што и да посакаш.

Без чекање. Без хартија. Без нервози. Само сигурен пристап до средства, токму кога ти требаат.

Добиј ја твојата Минт виза картичка во една од нашите филијали или преку Mint Credit платформата или јави се на 15 107 за повеќе информации.

Продолжи со читање

Популарно