Connect with us

Продукти

Народна Банка: Засилена автентикација при користење на дигитални платформи

Објавено

на

Давателите на платежните услуги од денес задолжително мора да понудат на своите клиенти опција за користење засилена автентикација, при најава на дигиталните платформи или во моментот кога плаќачот иницира електронска платежна трансакција.

Оваа обврска е задолжителна за давателите на платежни услуги од денес, 1 октомври 2024 година, согласно Одлука 02-23460 од 26 јуни 2024 година.

Исклучок од оваа Одлука постои за оние клиенти кои имаат активирано биометриска автентикација на своите уреди, која важи како засилена автентикација бидејќи вклучува автентикација со отпечаток од прст или препознавање на лик.

Дополнително, давателите на платежни услуги се должни да воспостават засилена автентикација на клиент во случај кога плаќачот иницира електронска платежна трансакција заснована на картичка на местата на продажба на далечина, најдоцна до 1 март 2026 година.

Продукти

Штедете паметно со ПРОМО депозитот на Халкбанк и обезбедете си сигурна иднина!

Објавено

на

Штедењето е еден од најважните финансиски чекори за обезбедување на стабилна иднина. Без разлика дали штедите за долгорочни цели како купување дом, образование на децата или создавање фонд за итни случаи, клучно е да изберете соодветен производ што ќе ги максимизира вашите заштеди. Со внимателно планирање и вложување, може да ги зголемите вашите средства и да си обезбедите финансиска сигурност во годините што доаѓаат.

Штедењето ви овозможува не само да се справите со непредвидени ситуации, туку и да го планирате вашиот живот со поголема финансиска слобода и стабилност.

И секако, важно е да изберете безбедна и сигурна банка што ќе биде ваш долгорочен партнер при ова и секое следно финансиско вложување и која домаќински ќе управува со вашите средства. Таков сигурен партнер кој секогаш води грижa за своите клиенти и креира производи со атрактивни услови е Халкбанк АД Скопје. Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди банката, во моментот можеби најинтересен, пред сè поради прилично атрактивната камата, е ПРОМО депозитот.

ПРОМО депозитот на Халкбанк е идеално решение за штедење со атрактивни услови и сигурност. Со минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра, корисниците можат да ги искористат предностите на фиксната каматна стапка од 4,00% со рок на орочување од 13 месеци за штедење во денари, односно 3,10% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 13 месеци, без можност за  дополнителни уплати и повлекувања на средства, а каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на октомври оваа година.

Продолжи со читање

Продукти

Пакетот за млади „Vibe On“ на Шпаркасе Банка со нови поволности за студентите и за младите

Објавено

на

Шпаркасе Банка со цел да обезбеди уште поголема флексибилност за студентите, воведе нови супер поволности на популарната портокалова „Vibe On“ дебитна картичка. Оваа портокалова картичка, наменета за сите млади на возраст од 15 до 25 години, сега нуди освежени и значајни предности што ги олеснуваат секојдневните финансиски процеси за студентите и за младите.

Најголемата новина е можноста за бесплатни неограничени трансфери за сите факултетски услуги, односно за уплати за партиципација при студирање, заверка на семестар, уплати на име на „онлајн ресурси“, „материјални ресурси“ и многу повеќе. Тоа значи дека студентите повеќе нема да плаќаат банкарска провизија при запишување или заверка на семестар, при уплати за полагање испит, за културни и спортски активности, ниту, пак, за другите трошоци кон факултетите, доколку плаќаат преку нивниот пакет „Vibe On“ од Шпаркасе Банка.

Освен за плаќањата кон факултет, оваа значајна поволност се однесува и за други видови трансакции направени преку обрасците ПП30 и ПП50. Без разлика дали станува збор за интерни трансфери во рамките на Шпаркасе Банка или за надворешни трансфери кон други банки, сè додека трансакциите се вршат преку безготовински налози (хартиени или електронски), корисниците на пакетот „Vibe On“ се ослободени од плаќање провизија!

Со ова, Шпаркасе Банка им помага на студентите да ги извршуваат академските обврски без дополнителни трошоци, на тој начин овозможувајќи им да се сосредоточат на она што е најважно – нивното образование.

Покрај бесплатните трансфери за факултетските и за другите услуги, пакетот за млади „Vibe On“ сега нуди и дополнителни придобивки:

  • Бесплатно праќање пари на пријател преку телефонскиот именик
  • Можност за делење сметка со пријател преку телефонскиот именик
  • Бесплатна промена на ПИН-кодот на банкомат во секое време
  • Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
  • Три бесплатни проверки на салдо на банкомат секој месец
  • Едно бесплатно реиздавање на ПИН
  • Една бесплатна реизработка на картичка, доколку претходната била изгубена, украдена, оштетена или, пак, поради промена на лични податоци
  • Четири бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во државата месечно.

Со најновите поволности, пакетот „Vibe On“ станува уште покорисен за студентите и за младите, нудејќи им едноставни и брзи решенија за секојдневните финансиски активности. Во меѓувреме, потсетуваме дека бесплатниот пакет за млади вклучува и бесплатно отворање на сметка во Шпаркасе Банка, а корисниците на оваа картичка се ослободени од провизија за месечно одржување на сметката, како и од провизија за месечно одржување на мобилната апликација „S-Banka“.

Секој студент што аплицирал за субвенциониран студентски оброк – државна мерка која се спроведува преку Министерството за образование и наука (МОН) и Шпаркасе Банка, покрај сината наменска картичка со која ќе може да купува оброци, може да добие бесплатно и портокаловата дебитна картичка заедно со „Vibe On“ пакетот.

Шпаркасе Банка продолжува да ја негува посветеноста кон младите и да им нуди иновативни производи и услуги кои го олеснуваат нивниот пат кон финансиска самостојност!

Банката и понатаму чекори со современите идеи на студентите и младите, создавајќи ги најдобрите понуди за нив и обезбедувајќи решенија токму за она што им е најпотребно.

За повеќе информации за „Vibe On“ пакетот за млади, посетете ја интернет страницата на Шпаркасе Банка.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ги укина услугите на Western Union

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите почитувани клиенти дека од 01.10.2024 година нема да ги нуди услугите на Western Union.

Сите останати услуги и производи кои ги нуди НЛБ Банка можете да ги погледнете на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно