Connect with us
no baners

Банки

Средба на Ангеловска-Бежоска со Камер: Силниот кредибилитет на Народната банка придонесе за успешно справување со инфлацијата

Објавено

на

Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, се сретна со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Беше посочено дека еден од најважните фактори за отпорноста на централната банка е нејзината независност. Како што истакнува Камер, независноста на централните банки е витално јавно добро, коешто мора да се чува и да се зајакнува. Во оваа смисла, тој ја истакнува нашата земја како импресивен пример, нагласувајќи дека создавањето на независната Народна банка во 1992 година било клучно за намалувањето на хиперинфлацијата од раните деведесетти години, додека денеска Народната банка, според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, е рангирана на многу високо ниво.

„Во услови на глобална неизвесност, централната банка има важна улога во одржувањето на макроекономската стабилност, преку мерките за справување со последователните кризи во изминатите четири години. Преку водење претпазливи, соодветни политики, инфлацијата се сведе на едноцифрени стапки, додека девизните резерви се зголемија за 40%, во однос на преткризниот период. Финансиската стабилност е задржана, банкарскиот систем е добро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите“, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На средбата, високиот гостин ѝ се заблагодари на гувернерката Ангеловска-Бежоска за одличната организација на Конференцијата, на која на едно место се обединија гувернерите на централните банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и на меѓународната академска заедница, зборувајќи за повеќе актуелни прашања  од централнобанкарската сфера. 

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange