Connect with us

Продукти

Шпаркасе Банка ја стартува годината со нова промотивна понуда, „Пониско, а фиксно“ – Станбен и потрошувачки кредит со пониска фиксна каматна стапка

Објавено

на

Во новата година, со нова промотивна понуда Пониско, а фиксно, Шпаркасе Банка ги фиксираше каматните стапки за станбен и потрошувачки кредит на пониско ниво, обезбедувајќи ја финансиската сигурност на клиентите.

Во рамките на новата промотивна понуда, Шпаркасе Банка ја намали и фиксира каматната стапка за Станбен кредит од 3,8% на 3,69% за првите десет години, со можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400 000 евра и без нотарски трошоци, како и на Потрошувачки кредит од 5,85% на 5,5% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1 500 000 денари, со вклучено кредитно животно осигурување.

Со промотивната понуда Пониско, а фиксно, Шпаркасе Банка обезбедува стабилност и финансиска предвидливост за клиентите, овозможувајќи им со сигурност да ги планираат идните трошоци или долгорочни цели. Со фиксната каматна стапка за станбен и потрошувачки кредит, Шпаркасе Банка им дава овластување на своите клиенти да се справат со економските несигурности додека градат сигурна финансиска основа.

Шпаркасе Банка посветено чекори кон обезбедување на економска сигурност за своите клиенти, стремејќи се да ги разбере и да ги задоволи нивните потреби во денешното динамично опкружување, верувајќи во подобра иднина за сите.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Продолжи со читање

Продукти

Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

Објавено

на

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.

Како функционира Apple Pay?

Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.

Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?

Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.

Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.

Продолжи со читање

Продукти

Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“

Објавено

на

Летото е полно со можности, а ПроКредит Банка е тука да ги отвори сите врати за твоите остварувања! Со промотивниот потрошувачки пакет, донесувањето одлуки е многу поедноставно и планирањето полесно. 

Со оваа идеја, ПроКредит Банка нуди практичен пакет со потрошувачки кредит прилагоден на потребите на клиентите, овозможувајќи им сигурност и стабилност за целиот период. 

Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување.

Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки. 

Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити од други банки.

Во ПроКредит Банка секогаш се стремиме да им обезбедиме на клиентите комплетна поддршка. Со воведувањето на промотивниот потрошувачки пакет, целта е да им овозможиме на клиентите сигурност и предвиливост во нивното финансиско планирање и дополнително да им го поедноставиме целиот процес“, истакнува Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица.

Без разлика дали планирате уредување на домот, инвестирање во образование или пак патување – со ПроКредит Банка, сите врати се отворени. 

Аплицирањето може да го направите директно преку веб страницата на банката или со посета на најблиската експозитура.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange