Банки
ВНИМАВАЈТЕ: НЛБ и Шпаркасе Банка повторно изложени на phishing напади
Во изминатиов период се случуваат повеќекратни обиди за phishing напади каде преку SMS пораки за недоставена пратка преку Македонска пошта („погрешна адреса“ или „вратена пратка“) од примачот се бара на лажна веб страница да остави свои лични податоци и податоци за платежната картичка.
Кога примачот ќе ги внесе податоците, напаѓачите прават трансакции преку интернет со податоците од картичката.
“НЛБ банка апелира до своите клиенти да внимаваат и да не наседнуваат на СМС пораките со содржина за наводни поштенски пратки. Се работи за обид со цел злоупотреба на личните податоци и а финансиските средства, предупредуваат од Банката. Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци. Се работи за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства.“ се вели во објавата упатена кон сите што имаат сметки во НЛБ банка.
“Доколку сте кликнале на линкот од SMS пораката и сте оставиле податоци за Вашата платежна картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство поставете ги Вашите лимити за интернет плаќања на 0 мкд и веднаш јавете се на контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/15050 за да ја блокирате картичката. За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква SMS порака, немојте да оставате Ваши лични податоци или број на картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.” известуваат од Шпаркасе Банка.
Генерално, советот е секогаш да бидете скептични кога ќе добиете порака која не сте ја очекувале. Не отворајте линкови кои ги имате добиено преку SMS или електронска пошта, туку сами внесете ја соодветната адреса на сајтот во пребарувачот. При плаќање со ОТП код секогаш проверувaјте го износот наведен за потврда на трансакцијата.
Банки
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.
Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.
Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.
Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.
Банки
ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници
ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.
Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.
Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво.
Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.
Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.
Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





