Connect with us

Банки

Слаѓан Михајловски нов член во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје доби нов независен член во својот Надзорен одбор во името на Слаѓан Михајловски, Главен извршен директор на „Инфините Солутионс“. Неговото назначување е со мандат од четири години, а беше предложен од страна на основачот и најголем акционер на ТТК Банка, компанијата „Тетекс“ од Тетово.

Михајловски е дипломиран инженер на ФЕИТ – насока ИКТ, со повеќе од две децении искуство во ИТ индустријата. Тој е претседател на Комитетот за софтвер и ИКТ услуги при стопанската комора МАСИТ, а активно учествува и како советник на проект на Светската банка за дигитализација на здравствениот систем во Северна Македонија.

Иако не поседува акции во ТТК Банка, Михајловски има 30% сопственички удел во „Инфините Солутионс“, компанија која се занимава со развој на напредни ИТ решенија.

Актуелниот состав на Надзорниот одбор на ТТК Банка го сочинуваат:

  • Бобан Гоговски – Претседател на Надзорен одбор;
  • Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорен одбор и независен член;
  • Драгица Јовановска – Член на Надзорен одбор;
  • Златко Черепналкоски – Член на Надзорен одбор;
  • Евгенија Трпкоска – Член на Надзорен одбор;
  • Михаил Петковски – Независен член на Надзорен одбор.

Со новото надополнување, Надзорниот одбор на ТТК Банка добива дополнителна експертиза од областа на информациските технологии, што е особено значајно во услови на интензивна дигитална трансформација во банкарскиот сектор.

Банки

Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?

Објавено

на

Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Димитра Доима за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, со мандат од четири години. Ова назначување ја потврдува намерата на Банката да воведе врвна меѓународна експертиза во својот Надзорен орган.

Димитра Доима е активен член на NBG Групацијата уште од септември 2019 година, кога се приклучи како Директор за финансиско планирање и управување со перформансите. Од октомври 2023 година е назначена за Заменик генерален директор, што ја одразува нејзината зголемена одговорност и клучна улога во финансиското управување на групацијата.

Образованието што го стекнала на Универзитетот во Атина, каде дипломирала по економија и бизнис, како и на Универзитетот во Кардиф, кадешто се стекнала со магистерскиот степен и докторска титула во меѓународни финансии и банкарство, ѝ обезбедува солидна теоретска основа и глобален пристап кон финансиските предизвици. Овие академски достигнувања не само што претставуваат силен темел за развој на нејзината професионална кариера, туку и овозможуваат аналитички пристап, критичко размислување и стратешка визија во доменот на банкарството и финансиите.

Покрај академската надградба, нејзината професионална траекторија вклучува искуство во повеќе реномирани финансиски институции каде што активно придонесувала во развојот на модерни банкарски производи, управување со ризици и дефинирање на регулаторни политики. Комбинацијата од домашно и меѓународно искуство ѝ овозможува длабоко разбирање на комплексноста на финансиските пазари, како и адаптивност кон динамичните глобални трендови.

Со доаѓањето на Доима во Надзорниот одбор, Банката добива значителна надворешна перспектива и искуство во областа на финансиското планирање, ризиците и стратешкото управување. Позицијата ѝ беше утврдена како независен член, што ја подцртува нејзината улога во обезбедување на транспарентност и објективност уште на највисоко ниво во надзорот.

Надзорниот одбор е составен од седум членови именувани од Собранието на акционери со мандат од четири години со право на реизбор. Најмалку ¼ од членовите на Надзорниот одбор се независни членови.

  1. Маринис Стратопулос – Претседател на Надзорен одбор на СБ;
  2. Сашо Ќосев – Заменик Претседател, Независен член на Надзорен одбор на СБ;
  3. Владимир Филиповски – Независен член на Надзорен одбор на СБ;
  4. Георгиос Тагарис – член на Надзорен одбор на СБ;
  5. Георгиа Толиа – член на Надзорен одбор на СБ;
  6. Панајотис Карандреас – член на Надзорен одбор на СБ.

Со назначувањето на Димитра Доима, Стопанска банка АД – Скопје потврдува дека продолжува со унапредување на управувачките механизми преку интеграција на високообразовани и професионално афирмирани кадри, подготвени да ги засилат капацитетите на Банката во период на зголемена регулаторна и финансиска динамика.

Продолжи со читање

Банки

Кога детската уметност добива сцена – Комерцијална банка и оваа година со „Битолино“

Објавено

на

Во август Битола традиционално станува сцена на детската уметност, љубопитност и бескрајна креативност. Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ и оваа година ќе ги донесе најдобрите детски претстави од целиот свет пред домашната публика.

А, Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, со гордост ја продолжува својата поддршка на фестивалот, препознавајќи ја неговата уникатна мисија – да инспирира, едуцира и да создава идни генерации љубители и творци на културата.

Комерцијална банка им посакува на сите млади актери и гости на „Битолино“ незаборавно доживување, искрени аплаузи и инспирација која ќе ги води уште долго.

Продолжи со читање

Банки

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Објавено

на

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и до подостапни услуги.

Како дел од заложбите за зголемување на ефикасноста во платниот промет, Народната банка неодамна направи важна промена во моделот на работење на системот за порамнување на меѓубанкарските плаќања – МИПС. Со воведувањето нови правила и со намалувањето на трошоците за користење на овој систем, банките ќе остваруваат значителни заштеди.

Нашата интервенција во МИПС ослободи значителен износ на средства кај банките и го намали нивниот оперативен трошок. Со ова се создаде простор за пренесување на дел од тие заштеди кон клиентите, преку намалување на надоместоците – нешто што веќе го гледаме како резултат“, изјави гувернерот Славески.

Тој посочи дека Народната банка, иако е регулатор, води постојан дијалог со банкарскиот сектор и делува и како партнер, со цел да се унапредат услугите и да се зголеми задоволството кај корисниците.

Разговараме со банките да одиме и чекор подалеку – кон разумна и општествено одговорна политика на тарифи. Тоа не е само во интерес на клиентите, туку и на банките, коишто преку вакви потези ги зајакнуваат сопствениот углед и довербата кај јавноста“, изјави гувернерот Славески.

Народната банка и натаму ќе ја поттикнува конкуренцијата и модернизацијата на платниот промет, а со либерализацијата на пазарот се очекува уште поголем притисок за намалување на трошоците за граѓаните и за деловната заедница. 

Позитивните сигнали што веќе ги добиваме се резултат на нашиот пристап заснован на аргументи и партнерски дијалог со банкарскиот сектор. Очекуваме дека наскоро и останатите банки ќе ги следат овие примери“, додаде гувернерот.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на создавањето регулативна рамка којашто ќе поттикне развивање на квалитетни и ефикасни финансиски услуги достапни за сите граѓани и компании во земјава.

Продолжи со читање

Популарно