Connect with us
no baners

Банки

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.

На годинашната конференција, под наслов „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, којашто ќе се одржи на 28 и 29 октомври во Охрид, ќе учествуваат домашни и странски претставници на централни банки, деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги, финтек-компании и други релевантни институции. Претставници од меѓународните финансиски институции и телата на Европската Унија исто така ќе учествуваат на овој настан.

Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.

Централна тема на Конференцијата ќе биде иднината на плаќањата по историскиот исчекор на нашата земја со интеграцијата во Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. Во таа чест, на Конференцијата ќе се обрати генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли.Гувернерот Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Молдавија, како и заменик-гувернерката на Банката на Албанија, ќе дискутираатза придобивките за граѓаните и компаниите од членството во СЕПА, како и за можностите за идниот развој на регионот и за неговото интегрирање во единствениот европски пазар, уште пред пристапувањето кон Европската Унија. Кон дискусијата на оваа тема ќе се приклучат и претставниците на управните одбори на македонските банки, кои ќе се осврнат на предизвиците во процесот на оперативно поврзување и започнувањето на првите трансакции преку СЕПА на 7 октомври оваа година, ефектите врз надоместоците, конкуренцијата и дигиталната подготвеност, како и на идните чекори на банкарскиот сектор за максимално искористување на придобивките за граѓаните и компаниите.

Во рамките на Конференцијата ќе се дебатира и за воведувањето на инстант-плаќањата, потребната регулатива и инфраструктура, како и за регионалната соработка во оваа област. Поконкретно, ќе се зборува за започнатото воспоставување систем за инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, заснован на стандардите на ТИПС на Европската централна банка за сигурно, ефикасно и брзо извршување на плаќањата во кое било време во текот на денот, за викенди и за празници, т.н. клон на ТИПС. Во услови кога земјите од Западен Балкан се во процес на интеграција во СЕПА, воспоставувањето систем за инстант плаќања со исти процедури и стандарди ќе ја засили регионалната интеграција на платните системи и нивната интеграција во европскиот платежен екосистем. Ќе се разгледа и улогата на новите пазарни чинители, коишто придонесуваат за обликување на новата платежна реалност и трансформација на конкурентноста и квалитетот на платежните услуги.

Преку овие теми, Конференцијата ќе овозможи сеопфатен преглед на иновативните решенија, регулативните аспекти и можностите за поголема интеграција и координација на пазарите, заради забрзување на дигиталната трансформација на платежните услуги во регионот.

Конференцијата, којашто ќе се одвива на англиски јазик, ќе може да се следи во живо, на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.

Банки

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

Објавено

на

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.

Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.

Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. 

Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.

Продолжи со читање

Банки

Од Visa трансакција до клучеви од нов автомобил: НЛБ Банка исполни уште еден сон!

Објавено

на

НЛБ Банка со големо задоволство му го додели новиот Opel Frontera на Фатмир Алили од Гостивар, среќниот добитник на главната награда од наградната игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“.

Со новиот автомобил, секое патување за Фатмир и неговото семејство од денес добива ново значење – повеќе удобност, сигурност и нови авантури, но и уште повеќе причини за насмевка.

Од НЛБ Банка истакнуваат дека наградната игра донела возбудување и кај голем број клиенти, кои во текот на кампањата освоија и бројни неделни награди, меѓу кои парични износи и iPhone 16E.

„Нè радува што преку оваа наградна игра создадовме моменти што се паметат и што им донесовме радост на нашите клиенти. Им честитаме на сите добитници, а на корисниците на НЛБ Visa им благодариме за укажаната доверба“, порачуваат од НЛБ Банка.

Со вакви иницијативи, НЛБ Банка продолжува да ја зајакнува врската со клиентите и да креира вредност преку иновативни производи, наградни кампањи и позитивни кориснички искуства.

Продолжи со читање

Банки

Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.

Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall

Комерцијална банка им честита на сите добитници!

За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.

Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange