Connect with us
no baners

Бизнис

САД ставаат точка на евтината италијанска паста – нова царина од 107%

Објавено

на

no baners

САД најавија дека од 1 јануари 2026 година ќе воведат царини од 107 проценти на италијанската паста, со што еден од најважните сектори на италијанскиот извоз би можел сериозно да биде загрозен.

На веќе постојната царина од 15 проценти на пастата од Италија, американската администрација планира да додаде уште 91,74 проценти, повикувајќи се на обвинувања за дампинг против италијанските производители La Molisana и Garofalo, кои веќе беа предмет на истрага од страна на Министерството за трговија на САД, пишува италијанскиот весник Il Sole 24 Ore.

Американските власти вакви истраги спроведуваат речиси секоја година, на барање на домашните производители на паста, но досега дополнителните царини ретко кога надминувале два проценти. Овојпат, за периодот меѓу 1 јули 2023 и 30 јуни 2024 година, се утврдени просечни маржи на дампинг од речиси 92 проценти.

Покрај La Molisana и Garofalo, во извештајот на Министерството за трговија на САД се наведени и други италијански компании, вклучувајќи ги Agritalia, Barilla и уште неколку други. Новите царини ќе се однесуваат на сите нив, освен делумно на оние кои веќе имаат производство во САД, како Barilla, појаснува италијанскиот весник.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека внимателно го следи случајот, додека министерот за земјоделство Франческо Лолобриџида ја оцени одлуката на САД како „хиперпротекционистичка мерка без никакво оправдување“.

Италијанската прехранбена индустрија годишно произведува над четири милиони тони паста, од кои дури 60 проценти се извезуваат. Само пазарот во САД вреди околу 700 милиони долари годишно, додека вкупниот годишен приход на секторот изнесува 8,7 милијарди евра.

Унијата на производители на храна во Италија ги нарече најавените царини „навреда за производ кој го симболизира италијанскиот идентитет“, оценувајќи дека станува збор за политичка, а не техничка одлука. „Оваа одлука на Министерството за трговија на САД е најстрога досега и длабоко нè погоди и разочара“, соопштија од Унијата.

Италијанската земјоделска организација Coldiretti порача дека царината од 107 проценти ќе ја удвои цената на чинијата паста за американските потрошувачи и ќе ги отвори вратите за лажни италијански производи. Таа ја повика италијанската влада и Европската Унија да преземат итни мерки за заштита на производот што е симбол на медитеранската исхрана, како и за зачувување на квалитетот, работните места и угледот на целиот агро-прехранбен сектор во Италија.

no baners

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Бизнис

Готовината сè уште е незаменлива во оваа земја и покрај тоа што важи за една од најразвиените во Европа

Објавено

на

Три четвртини од Германците и натаму најчесто плаќаат во готово, покажува најновото истражување на институтот „YouGov“, спроведено за консултантската куќа „BearingPoint“.

Според анкетата, 73 проценти од 2.026 испитаници во Германија изјавиле дека готовината е нивниот доминантен начин на плаќање, што претставува пораст во однос на претходната година, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Слична е состојбата и во Австрија, каде што 71 процент од граѓаните најчесто користат кеш.

Во останатите европски земји опфатени со истражувањето, употребата на готовина значително опаѓа. Во Швајцарија, 61 процент од испитаниците сè уште преферираат кеш, во Ирска 58 проценти, во Франција 51 процент, а во Холандија 46 проценти.

Најниско користење на готовина е регистрирано во скандинавските земји. Во Шведска само 25 проценти од граѓаните најчесто плаќаат со кеш, во Данска 32 проценти, а во Финска 42 проценти. Притоа, 27 проценти од Швеѓаните и 18 проценти од Данците изјавиле дека воопшто не користат готовина.

За споредба, само два проценти од Германците и еден процент од Австријците воопшто не користат кеш, што ги прави овие две земји европски лидери во одржувањето на готовинските плаќања.

Сепак, трендот на дигитализација продолжува, така што дури 37 проценти од испитаниците во деветте земји сметаат дека целосното откажување од готовината во следните десет години е сигурно или многу веројатно.

Продолжи со читање

Банки

Зошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?

Објавено

на

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата со одлука на Надзорниот одбор, објави Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор.

„Согласно член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор – Главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – Главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Разрешувањето на Наумов е донесено на 23 февруари, една година пред истекот на неговиот мандат. Во својата професионална кариера, тој има извршувано повеќе значајни функции, меѓу кои советник во Владата и кај претседателот на државата, директор на Агенцијата за разузнавање, заменик-министер за финансии и заменик-министер за економија.

Новата в.д. директорка Ефимија Димовска има повеќе од 18 години искуство во областа на развојното банкарство. Таа е доктор на економски науки со специјализација во финансиите и пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија, а својата кариера ја градела на раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.

Развојната банка игра клучна улога во финансирањето на македонските компании преку поволни кредитни линии од меѓународни финансиски институции, а неодамна управуваше и со унгарската кредитна линија од 250 милиони евра наменета за поддршка на бизнисите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange