Connect with us

Продукти

Нова мБанка од Комерцијална банка – едноставно, модерно и подобро мобилно банкарство

Објавено

на

Комерцијална банка со задоволство ја претставува новата мБанка, која го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Новата мБанка е наменета за клиентите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде.

Таа е одговор на современиот начин на живеење, кога времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Доаѓа со современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација, подобрени и поефикасни функционалности.

Новата мБанка ти овозможува:

• 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи,

• Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател, Подели сметка и новитетот Visa Direct,

• Бесплатни известувања за приливи и одливи,

• Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички,

• До 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер,

• Опција за целосно дигитален потрошувачки кредит до 1.000.000 денари преку OneID.

Новата мБанка постепено ќе станува достапна и очекувај наскоро твојот уред да преземе најнова верзија од апликацијата.

Со ова современо и технолошки напредно дигитално решение, Комерцијална банка уште еднаш потврдува дека инвестира во иднината на банкарството. 

Банкарството го правиме дигитално, достапно и прилагодено на навиките и очекувањата на нашите клиенти затоа што веруваме дека модерното банкарство треба да биде во функција на секојдневните потреби и секогаш при рака. Новата мБанка е резултат на таа визија. Создадена е да понуди доверлива, брза и кориснички ориентирана услуга, со која клиентите ќе добијат уште поголема слобода и контрола во управувањето со своите лични финансии“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Нов изглед, ново искуство и нови можности – сè е тука со новата мБанка, изработена во соработка со домашната компанија Некстсенс.

Повеќе информации за новата мБанка се достапни на следниот линк.

Продукти

Ќе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?

Објавено

на

Apple Pay веќе е достапен во Македонија преку НЛБ Банка (од 29 јули) и Комерцијална банка (од 26 август). Двете банки овозможија на своите клиенти да плаќаат бесконтактно со iPhone, Apple Watch и други уреди на Apple.

Информациите од банките кои веќе ја имплементираа услугата говорат дека интересот кај корисниците е огромен и над очекувањата, а бројот на клиенти кои ги персонализирале своите платежни картички и бројот на трансакции е многукратно поголем во однос на Android.

Според правилото на Apple, кое вели дека секој месец може да стартува само една банка во Македонија со услугата, септември сè уште остава простор за нова најава, имајќи предвид дека остануваат уште два работни денови за некоја од останатите банки да ја активира услугата.

Според неофицијални информации, Халк банка и Стопанска банка Скопје се во завршна фаза на тестирање на Apple Pay, но не е сигурно дали целата процедура ќе се комплетира токму овој месец.

Од останатите банки, ПроКредит банка исто така активно работи на имплементација на оваа услуга.

За очекување е овие три банки да ја воведат услугата во текот на 2025 година.

Ако во септември се приклучи уште една банка, Apple Pay ќе стане уште подостапен за граѓаните и ќе ја забрза дигиталната трансформација на плаќањата во земјава.

Продолжи со читање

Продукти

Заштеда што се исплати – Промо депозит наПроКредит Банка

Објавено

на

И оваа година ПроКредит Банка го започнува Месецот на штедење порано, со атрактивна понуда за сите кои сакаат да ја почувствуваат вредноста од своето штедење.

Со Промо депозитот добивате 3,2% за орочување денари на рок од 13 месеци, односно 2,2% за орочување евра на рок од 25 месеци, а исплатата на камата се врши на месечно ниво. Овој Промо депозит е вистински избор за оние што сакаат сигурност и стабилност. Благодарение на фиксната каматна стапка и однапред дефинираниот рок, вашата добивка е сигурна и предвидлива – без изненадувања. Вашите заштеди остануваат орочени и заштитени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.

Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка е препознатлива по својата посветеност на развојот на културата на штедење. Со постојан фокус на иновации и стабилност, банката им нуди на клиентите практични решенија за рационално управување со нивните финансии.

Започнете го Месецот на штедење порано и изберете сигурна заштеда што вистински се исплати.

Повеќе информации за Промо депозитот може да најдете на: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

Продолжи со читање

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange