Connect with us

Кариера

Народната банка објави оглас за нови вработувања – отворени позиции во повеќе сектори

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија објави нов оглас за вработување, нудејќи можност за ангажман на повеќе позиции во различни сектори.

Отворени работни позиции

Според објавата на официјалната веб-страница на Народната банка, огласот вклучува неколку работни места, меѓу кои:

– 2 извршители на работното место „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување;

– 2 извршители на работното место „чувар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување и

– 2 извршители на работното место „пожарникар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување.

Услови за аплицирање

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

Да се државјани на Република Северна Македонија. Да се полнолетни. Да имаат општа здравствена способност за работното место. Да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите, за секоја позиција се бараат и специфични квалификации, како што се соодветно образование, познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

Рок и начин на пријавување

Рокот за поднесување на пријавите е 7 работни дена од денот на објавување на огласот. Кандидатите треба да ја достават потребната документација до Архивата на Народната банка на адреса: бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

Пријавата и изјавата за согласност за обработка на личните податоци се достапни на интернет-страницата на Народната банка.

Повеќе информации

За детални информации и целосниот текст на огласот, посетете ја официјалната веб-страница на Народната банка: Оглас за вработување – 11 април 2025.

Ова е одлична можност за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да станат дел од професионалниот тим на Народната банка и да придонесат кон нејзината мисија и цели.

Кариера

Еуролинк Осигурување вработува Референт во сметководство

Објавено

на

Станете дел од мотивираниот и успешен тим на Еуролинк осигурување!

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

– Врши проверка и средување на предадена документација
– Врши месечна проверка на непредадена документација
– Врши дневно книжење на плаќање на премија преку изводи во премиско сметководство
– Врши книжење на нераспределена премија во премиско сметководство
– Врши книжење на компензации во премиско сметководство
– Врши книжење на наплата на премија преку платежни картички во премиско сметководство
– Врши сложување на картички со коминтенти
– Ги чува деловните книги и книговодствени документи
– Одговара на правилна примена на законски прописи и општи акти

ЗА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЕУРОЛИНК ОБЕЗБЕДУВА:

– Конкурентна плата по договор
– Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
– Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
– Договор за работа на определено време, 40 часа неделно

КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ:

Оваа позиција е наменета за лица со најмалку средно образование, како и за студенти кои студираат на Природно-математички факултет и Економски факултет и имаат желба за да изградат кариера во сметководство и известување.
Кандидатите треба да имаат активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), пожелно искуство на слична работна позиција.

Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 12.10.2025 на [email protected] или на адреса:
Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: „Пиринска“ бр. 23, Скопје
Телефон за контакт: 02/3289-311, 02/3289-315, 02/3289-334

Рок за избор на кандидати: 45 дена

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите

Објавено

на

НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.

Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.

Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.

Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка

Продолжи со читање

Кариера

ТТК Банка вработува Помлад благајник во Филијала Штип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје вработува Помлад благајник во Филијала Штип. Во продолжение погледнете го целосниот оглас.

Што бараме:

– ССС/ВСС – од областа на економски, правни и организациски науки;

– Без работно искуство (искуство во банка или во финансиска институција ќе се смета за предност);

– Активно познавање MS Office;

– Познавање англиски јазик;

– Солидни комуникациски и продажни вештини;

– Способност за тимска работа;

– Прецизност во извршување на работните задачи;

– Висок степен на чесност, етичност и доверливост.

Што нудиме:

– Почетна воведна обука, континуирано стручно усовршување и можност за професионален развој;

– Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;

– Работа во пријатна атмосфера и динамична организациска средина.

Дел од вашите работни активности:

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на физички лица – резиденти и нерезиденти;

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на правни лица – резиденти и нерезиденти;

– Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;

– Активности во врска со менувачко работење;

– Останати услуги во банкарското работење.

Станете дел од тимот на ТТК Банка!

📍 Локација на работното место: Штип

🌐 Веб-страница: www.ttk.com.mk

📅 Рок за пријава: 2.10.2025 г.

Испратете ни кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од уверение за завршено образование со назнака:

„Апликација за помлад благајник во Филијала Штип“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или преку веб-страницата на Банката www.ttk.com.mk, во полето „Вработување“. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Напомена: Со доставување на вашата апликација за работа се согласувате вашите лични податоци наведени во апликацијата да бидат предмет на обработка од страна на Банката, за потребите на процесот на селекција на кандидати за целото времетраење на истиот, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на Банката во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Доколку сакате да поднесете барање за повлекување на согласноста, барањето исто така да се достави на адресата за е-пошта: [email protected].

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange