Connect with us

Банки

Михаил Петковски и Албиона Риза предложени за нови членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со член 390 од Законот за трговските друштва, а врз основа на Јавен повик за свикување на седница на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје, акционерите Друштво за проектирање, инженеринг и трговија ТИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ ИНВЕСТ АД Скопје, како и Владе Пазарџиевски, кои поседуваат над 5% од вкупниот број на акции со право на глас, за седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје закажана за ден 05.11.2024 година, доставија предлог-Одлука за именување на членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Со доставениот предлог, наведените акционери за независни членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје ги предлагаат проф. д-р Михаил Петковски и Албиона Риза.

Проф. д-р Михаил Петковски е доктор по економски науки и бил долгогодишен професор на Економскиот факултет во Скопје, кој во моментов е во пензија. Петковски е специјалист по финансиски пазари и институии, макроекономија и меѓународни финансии, а своето работно искуство го стекнал преку научна и предавачка активност на Економскиот факултет во Скопје, како и со учество во меѓународни проекти и издавање научни трудови во врвни економски списанија.

Проф. д-р Михаил Петковски бил економски советник на повеќе Влади на Република Македонија, во два мандати бил член на Советот на Народната банка и на Комисијата за хартии од вредност, а исто така бил и Претседател на Одборот за акредитација на Република Македонија.

Албиона Риза е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Во моментов ја извршува функцијата Извршен директор при Дебарски бањи – Цапа АД Дебар. Риза е добро запознаена со внатрешната организациска структура и работењето на ТТК Банка АД Скопје со оглед дека во минатото и самата била вработена во Банката во доменот на кредитирање, работа со население и девизно работење.

Предложените кандидати поседуваат соодветно знаење и искуство да ги извршуваат надлежностите на Надзорниот одбор на ТТК Банка.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange