Connect with us
no baners

Осигурување

Маријан Николовски е реизбран за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво со нов четиригодишен мандат

Објавено

на

Триглав пензиско друштво со особено задоволство ја споделува информацијата за добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС за реизбор на г-дин Маријан Николовски за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво во наредните четири години.

Г-дин Николовски е Член на Управниот одбор од основањето на Друштвото, кој со неговото делување, професионален пристап, искуство и несебично споделување на личните и  професионални знаења во сферата на капитално финансираното пензиско осигурување, остава сопствен белег и дава суштински придонес кон поставувањето на основите, развојот и реализацијата на сите деловни двигатели во областа на нашето делување, а со тоа и на резултатите кои Триглав пензиско друштво ги постигнува за време на неговиот мандат.

Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.

Осигурување

10 години Unit Link: Над 12.000 полиси и пораст на фондот за 103%

Објавено

на

Во 2015 година, Винер Лајф заедно со ВФП Фонд Менаџмент, го создаде првиот Unit Link производ на македонскиот пазар – иновативен спој на животно осигурување и инвестирање во реномирани светски компании.

Денес, една деценија подоцна, резултатите се следниве:

– Над 12.000 склучени Unit Link полиси

– Пораст на Фондот ВФП Премиум Акции за 103%

Unit Link останува пример за модерен и сигурен финансиски инструмент кој комбинира заштита и можност за раст. Компанијата ја задржува својата визија – да им овозможи на клиентите сигурност, стабилност и долгорочен развој.

Со порака „Заедно со вас продолжуваме напред!“, се нагласува континуитетот и довербата во овој производ кој ја трансформираше понудата на македонскиот осигурителен пазар.

Продолжи со читање

Бизнис

Средба со европски експерти од осигурителниот сектор

Објавено

на

Ни беше голема чест да бидеме дел од овогодишната средба на европските експерти од осигурителниот сектор. Оваа средба беше организирана во Македонија, Охрид, каде што можевме да слушнеме стручни мислења од врвни експерти.

Темите за кои се дискутираше на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.

Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред сѐ осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми, кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.

Претставници од земјите-членки на ЕУ

  • Nic De Maesschalck – претседател на БИПАР и член на Insurance and Reinsurance Stakeholder Group – EIOPA
  • Karel Van Hulle – креатор на директивата Solvency II
  • Raminta-Zimkute-Pinele– претставник на Литванската асоцијација на брокерски друштва.

Учесници што ги споделија своите искуства на работењето во осигурителниот сектор во Македонија беа:

  • Александар Атески – Флекс Брокер
  • Никола Шарковски – Минт – инс
  • Д-р Оливера Клинчарова – Делта ИНС Брокер АД Скопје, која воедно е и претседателка на Асоцијацијата на брокерски друштва.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Климе Попоски поднесе оставка од Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – ВИГ

Објавено

на

Експертот за управување со ризик и осигурување, проф. д-р Климе Попоски, поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Оставката е доставена на 24 април 2025 година, а е констатирана истиот ден на седница на Надзорниот одбор на компанијата. Според официјалното соопштение објавено преку Македонска берза, Попоски ќе остане активен во своите извршни обврски сè до 31 мај 2025, додека оставката ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година.

„Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин  Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

Професорот Попоски беше именуван во Управниот одбор во ноември 2024 година. И покрај краткиот мандат, неговото присуство внесе значајна експертиза во областа на осигурителната регулатива, управување со ризик и супервизија.

Кој е Климе Попоски?

Климе Попоски е долгогодишен универзитетски професор на Катедрата за осигурување при Факултетот за економија – Прилеп, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е еден од водечките експерти за осигурување во земјата, со богато искуство во јавниот и академскиот сектор.

Попоски е и основач и прв претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), институција која ја водеше цели 10 години, поставувајќи темели на современа регулатива и надзор во осигурителниот сектор во Северна Македонија.

Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Како дел од Vienna Insurance Group (VIG), Македонија Осигурување АД Скопје е една од водечките осигурителни компании на македонскиот пазар, со силна позиција во сегментот на неживотно осигурување. Промената во Управниот одбор доаѓа во време кога индустријата се соочува со нови регулативни предизвици и сè поголема потреба од дигитализација и прилагодување на европските стандарди.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange