Компании
Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Македонски Телеком ja затвори 2023 година со извонредни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Ова е резултат на успешното работење, фокусот на модернизација и ширење на мрежата и пионерството во воведувањето нови технологии со цел најдобро корисничко искуство.
Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 10,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 38,7 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти и кај нив се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 4,3 проценти во мобилниот сегмент и 3,5 проценти во фиксниот сегмент.
„Останавме доследни на целта да овозможиме супериорна услуга и корисничко искуство градејќи ја најдобрата мрежа. Ја завршуваме 2023 година со извонреден раст на којшто посветено и тимски работевме во текот на целата година. Продолжуваме со силен фокус на развојот на мрежата и воведување на најновите технологии, што ќе овозможи целосна поврзаност и еднакво учество во дигиталниот свет. Остануваме посветени да обезбедиме врвно корисничко искуство и одржлива иднина за сите.“ – истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Фокус на најдобрата мрежа
Доследни на нашата определба да ги поврземе сите, интензивно ја ширевме оптичката и 5G инфраструктура, секаде, на целата територија. На крајот на годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 14,6 проценти во споредба со минатата година и изнесува 314 илјади пристапи. 5G мрежата сега можат да ја користат 82% од населението со гигабитни брзини во повеќето градови во Македонија. Годинава, ја добивме престижната Ookla® награда за најдобра мобилна мрежа за: супериорна брзина на мобилната мрежа, најголемо покривање и најдобар квалитет на мрежата.
Фокус на супериорно корисничко искуство
Во споредба со минатата година, порасна бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Годинава ја воведовме првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, преку која се ангажираме за задоволството на корисниците на сосема ново ниво. Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто на крајот на годината бележи уште поголемо зголемување и изнесува 94 поени.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 210,5 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,2 проценти.
Ја задржавме лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34 проценти и раст од 1,8 проценти или 150,4 илјади корисници. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,281 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 228 илјади корисници.
Фокус на одговорноста кон општеството и животната средина
И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и борба против говорот на омраза допревме до речиси 30 илјади корисници. И годинава ја продолживме еко-акцијата за собирање и рециклирање стари уреди и обнова на опожарените региони. Собравме над 16.000 стари уреди и засадивме 10.000 нови дрвца, со што целосно го обновивме опожарениот дел од Источниот регион. Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години.
Бизнис
Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка

Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.
Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.
Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.
Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.
ПР објава
Бизнис
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!

Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа и социјалното загрозени семејства.
Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износ од 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.

„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во Флекс Кредит, општествената одговорност не е само обврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер“, изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.
Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.
Бизнис
Новите производи се тука! Mint Bonus со нови изненадувања за лојалните клиенти

Дали знаете дека секоја Ваша активност на Mint App ви носи поени? Не зборуваме само за заштеди и поволности – туку за вистински поени кои можете да ги искористите за некој од производите на Mint Store!
Од технологија, па сè до дресови на омилени спортски клубови, ваучери и корисни додатоци за секојдневието – Mint Bonus е Вашата врата до производи кои вредат!
Како функционира Mint Bonus?
Секоја Ваша интеракција со Mint Credit, Mint Ins, и Mint Travel (сите достапни на едно место преку Mint App), како и P2P.mk Ви носи Mint Coins – поени за лојалност кои ги собирате без никаква дополнителна обврска. Потоа, во Mint Store, тие поени можете даги искористите за некој од многуте достапни производи.
Што сè е достапно на Mint Store?
Технологија за гејмери и љубители на новитети
- Bluetooth Звучник – понесете ја музиката со вас, каде и да сте за 850 Mint Coins.
- Слушалки Bluetooth – слушајте ги своите омилени песни кога и да сакате за само 1.500 Mint Coins.
- PlayStation 5 Disc Edition Slim Console – да, Mint Store го има! Со 32.500 Mint Coins можете да си го донесете дома најпосакуваниот гејминг уред денес.
- P2P кабел за полнење 3 во 1 – имајте полна батерија секогаш, само за 500 Mint Coins.
- Повеќенаменски алат Mint Fintech Group – практичен, модерен и секогаш потребен, за 350 Mint Coins.
Забава со стил
- Шпил Карти Mint Fintech Group – победете ја досадата каде и да сте за 250 Mint Coins.
- Drinking Game Roulette – донесте ја забавата дома и започнете ноќ за паметење! со друштвото за 1.550 Mint Coins.
- Drinking Game Wheel of Shots – одличен избор за родендени и собири со собрани 950 Mint Coins.
- Dartboard Magnetic Bottle Cap Game – уникатна идеја за подарок или машки агол во дневната.
Стил и удобност
- Патничко перниче на дување во футрола – удобни патувања за само 400 Mint Coins.
- Метална футрола за картички Mint Fintech Group – сите Ваши катрички на едно место, безбедни во оваа метална футрола за 500 Mint Coins.
- Лежалка – за само 4.000 Mint Coins до оваа удобна лежалка за Вашето наредно патување.
Авто-додатоци и освежување
Заштитна прекривка за шофершајбна – зима или лето, Вашето возило ќе биде заштитено за само 450 Mint Coins.
Навлажнувач и освежувач на воздух – свежина и комфорт во домот или канцеларијата за 450 Mint Coins.
Освежувач Mint Fintech Group – свежина во вашиот автомобил за 100 Mint Coins.
Ракавица за чистење снег и мраз – бидете спремни за ненајдените врнежи
Спортска опрема
Официјални дресови само за вистинските фанови!
- Дрес РК Еурофарм Пелистер – 1.500 MintCoins.
- Дрес ФК Пелистер – 1.500 MintCoins.
Останати Mint Bonus производи
- Етикета за куфер – 200 Mint Coins.
- Календар Mint Fintech Group – 200 Mint Coins.
- Сет нотес и пенкало Mint Fintech Group – 700 Mint Coins.
- Тефтер Mint Fintech Group – 300 Mint Coins.
- Пакетче Mint Fintech Group – 150 Mint Coins.
Ваучери што вредат
Ваучери за практична помош за Вашите инвестиции, патувања и осигурувања.
Mint Credit ваучери:
Mint Ins ваучери:
Mint Travel ваучери:
MINT SN ваучери:
P2P.mk ваучери:
ЈК Травел ваучери:
Не чекајте! Изберете го Вашиот омилен производ денес!
Mint Bonus е повеќе од програма за лојалност – тоа е Вашата мотивирачка сила да штедите, инвестирате, патувате и добивате назад. Влезете во светот на програма за лојалност што Ве почитува како корисник и исполнете го секојдневието со производи кои носат радост!
Разгледајте ги производите на Mint Store и искористете ги Вашите Mint Coins уште денес!
ПР објава
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти