Connect with us

Бизнис

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година

Објавено

на

Македонски Телеком оствари солидни финансиски резултати во првите девет месеци од 2024 година. Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти. Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите девет месеци од 2024 година изнесуваат 1,114 милиони денари.

Телеком ја има најбрзата мобилна и фиксна мрежа и најдобрата мобилна мрежа

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите за првата половина на годината покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најнови технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Македонски Телеком останува лидер во покриеност со оптика и денес има 339 илјади пристапи до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. 5G мрежата на Македонски Телеком продолжува да се шири и е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови.

Лидери во супериорно корисничко искуство

Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 216,6 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, Македонски Телеком останува на водечката позиција со удел на пазарот од 62,5 проценти и 233 илјади корисници. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 47,9 проценти со стабилна база од 1,3  милиони корисници.

Во третиот квартал Македонски Телеком бележи и една година од Magenta Moments, прва дигитална програма за наградување и поволности за корисниците којашто достигна 230 илјади корисници. Македонски Телеком oстанува број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на својата посветеност да обезбеди врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници.

Лидери на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV  

Во однос на ТВ пазарот, Македонски Телеком и понатаму останува на лидерската позиција со удел од 35,3 проценти од вкупниот ТВ пазар. На крајот на првите девет месеци од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 4,1 проценти, со што базата на корисници достигна 155,4 илјади. Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците.

Бизнис

„Иуте Македонија“ нуди до 50 отсто попуст на трошоците за рефинансирање

Објавено

на

„Иуте Македонија“ воведе понуда за рефинансирање на постојните финансиски обврски, со можност за попуст до 50 отсто на вкупните трошоци.

Со рефинансирањето, корисниците можат да ги обединат повеќето постојни обврски во една месечна рата, со цел полесна контрола и планирање на личниот буџет.

Од компанијата посочуваат дека постапката за аплицирање е брза и едноставна, а барањето може да се поднесе преку интернет-страницата iute.mk или преку апликацијата Myiute.

За деталите, условите и висината на попустот, заинтересираните корисници треба да се информираат директно кај компанијата.

Продолжи со читање

Бизнис

Нови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари

Објавено

на

Од денеска стапија во сила новите, повисоки малопродажни цени на горивата, согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Просечното зголемување на цените на нафтените деривати изнесува 1,47 проценти, а најголема промена има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 5,50 денари и се продава по цена од 88 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е поскап за 1,5 денари и чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 89 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,5 денари, па новата цена изнесува 86 денари за литар.

Новата цена на мазутот е повисока за 0,938 денари и сега изнесува 42,168 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека корекцијата е последица на движењето на референтните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло на светските берзи, како и на промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Продолжи со читање

Бизнис

Дизелот поскапува за 5,50 денари, нови цени на горивата од полноќ

Објавено

на

Цената на дизелот од полноќ се зголемува за 5,50 денари за литар, додека бензините ќе поскапат за 1,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 88 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 4,50 денари и ќе изнесува 86 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 0,938 денари за килограм, со што неговата нова цена ќе биде 42,168 денари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange