Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (27.02.2023 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес – 27.02.2023 година и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • Понеделник, 27.02.2023 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
  • Вторник, 28.02.2023 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
  • Среда, 01.03.2023 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
  • Четврток, 02.03.2023 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците за сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посета на филијалите и експозитурите на банката да се почитува наведениот распоред.

Банки

ХАЛКБАНК СО АТРАКТИВНА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА: Отвори сметка онлајн и добиј 1.000 денари за гориво

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од 1 февруари 2026 година започна нова кампања за онлајн отворање платежни сметки, реализирана во соработка со Макпетрол, со цел унапредување на дигиталното банкарство и поедноставување на пристапот до банкарските услуги.

Новите клиенти можат да станат дел од Халкбанк со само неколку клика, преку креирање електронска идентификација со мобилната апликација OneID, по што сметката се отвора целосно онлајн преку официјалната веб-страница на Банката.

Како дополнителен бенефит, првите 200 нови клиенти кои успешно ќе отворат сметка ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари, кој може да се искористи на бензинските станици на Макпетрол. Деталите за подигнување на ваучерот ќе бидат доставени по електронски пат во рок од неколку дена.

Кампањата важи до исцрпување на предвидените 200 ваучери и се однесува исклучиво на лица кои досега немале отворена сметка во Халкбанк АД Скопје.

Со оваа иницијатива, Халкбанк продолжува да инвестира во дигитални решенија и корисничко искуство, овозможувајќи брз, безбеден и модерен пристап до банкарските услуги.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе исплати полугодишна камата од 6% на имателите на перпетуални обврзници од четвртата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје информира дека ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од четвртата емисија, со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4.

Исплатата на каматата ќе се реализира на 12 февруари 2026 година.

Право на исплата на полугодишната камата ќе имаат сите лица кои ќе бидат регистрирани како иматели на перпетуалните обврзници во книгата на иматели во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 11 февруари 2026 година.

Банката дополнително информира дека тргувањето со овие обврзници на Македонската берза на 10 и 11 февруари 2026 година ќе се врши со пресметана акумулирана камата за 182, односно 183 дена. При порамнувањето, кое ќе се реализира на 12 и 13 февруари 2026 година, купувачот ќе има обврска да му го исплати на продавачот износот на чистата цена на обврзницата зголемена за пресметаната акумулирана камата.

Купувачите кои ќе ги стекнат обврзниците во наведениот период ќе бидат евидентирани како иматели во Централниот депозитар на 12 и 13 февруари 2026 година, соодветно, и поради тоа нема да остварат право на исплата на полугодишната камата која ќе биде исплатена на 12 февруари 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка предупредува: Измамнички пораки за сообраќајни казни, не кликнувајте на сомнителни линкови!

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека дел од нејзините клиенти добиле сомнителни SMS, Viber и e-mail пораки со лажни известувања за наводна уплата на сообраќаен прекршок од МВР, поврзан со Safe City системот.

Пораките содржат линкови кои водат до лажни веб-страници со .gov екстензија, кои наликуваат на официјални државни портали, но имаат за цел измама и прибирање на податоци за платежни картички и лични информации. Според анализата, најчесто се насочени кон корисници на iOS уреди.

Банката ги повикува клиентите на зголемена внимателност: не отворајте линкови од непознати извори, не внесувајте податоци од картички и не споделувајте лични информации. Доколку добиете сомнителна порака, избришете ја веднаш и не преземајте никакви активности.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange