Connect with us
no baners

Берза

Комерцијална банка исплаќа рекордна дивиденда: 1.250 денари по акција

Објавено

на

Акционерите на Комерцијална банка на годишното собрание донесоа одлука за исплата на дивиденда во износ од 1.250 денари по обична акција, што претставува 125% од номиналната вредност на една акција.

Вкупниот износ на дивиденда што ќе биде распределен на акционерите изнесува речиси 2,85 милијарди денари (приближно 46,3 милиони евра). Исплатата ќе започне на 7 мај 2025 година, директно на трансакциските сметки на акционерите.

Одлуката е донесена врз основа на силните финансиски резултати на банката во изминатата година, што уште еднаш ја потврдува Комерцијална банка како стабилен и сигурен избор за инвеститорите.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

На Собранието се усвоени финансиските извештаи, годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Комерцијална банка во 2024 година.

Банки

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Објавено

на

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“.

Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.

Продолжи со читање

Анализи

Еврото и доларот под притисок: отпорот го кочи закрепнувањето на еврото

Објавено

на

Парот евро-долар (EUR/USD) бележи ограничени добивки во текот на последните интрадневни тргувања, но и понатаму се соочува со силен надолен притисок, покажува најновата анализа на Economies.com.

И покрај обидите за раст, движењето на курсот се судри со силен отпор на нивото на експоненцијалниот подвижен просек (EMA50), што ја ограничи можноста за позначајно закрепнување. Индикаторите за релативна сила укажуваат дека пазарот претходно бил препродаден, но негативниот моментум и натаму доминира и ја насочува цената надолу.

Дополнително, ситуацијата е усложнета од фактот што краткорочниот растечки тренд сè уште е присутен, при што курсот се движи долж поддржувачка тренд линија. Тоа значи дека евентуалното нагорно движење ќе зависи од јасно и одлучно пробивање на тековните нивоа на отпор.

Во вакви услови, аналитичарите предупредуваат дека без силен пробив, EUR/USD може да остане под притисок и да продолжи со ограничено и нестабилно движење.

Продолжи со читање

Берза

На Македонската берза пуштени во тргување државни обврзници во вредност од 19 милиони евра

Објавено

на

Македонска берза соопшти дека во тргување се примени две емисии на 15-годишни државни обврзници, со вкупна вредност од 1,19 милијарди денари, односно околу 19,3 милиони евра.

Едната емисија се однесува на обврзници без девизна клаузула, во износ од 949,15 милиони денари, со фиксна каматна стапка од 5,10 проценти.

Втората емисија опфаќа хартии од вредност во вредност од 245,31 милиони денари, со девизна клаузула и фиксна каматна стапка од 4,85 проценти.

Тргувањето со овие државни обврзници на Македонската берза започнува од 31 март.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange