Фондови
КБ Прво пензиско друштво: Пензија без ризик – Како доброволните пензиски фондови се штитат од перење пари
Кога мислиме на перење пари, обично помислуваме на банкарски трансакции, офшор компании и големи износи на пари кои се „движат во сенка“. Но, вложувањето во доброволните пензиски фондови може да биде дел од оваа приказна. Не затоа што правиме нешто погрешно, туку затоа што доброволните пензиски фондови се дел од финансискиот систем и имаат обврска да ги преземаат сите мерки согласно регулативата за спречување перење пари како и останатите финансиски институции. Иако членувањето во третиот столб е врз доброволна основа, друштвата кои управуваат со доброволните пензиски фондови подлежат на строги правила и закони исто како и банките. Зошто ова е добро за лицата кои вложуваат во третиот столб:
– Поголема безбедност: уплатите во третиот столб задолжително се уплаќаат преку трансакциска сметка, што значи двојна контрола – од страна на банките и од пензиските друштва
– Доверба во системот: знаеме дека вложувањата се во сигурно опкружување и систем кој е строго регулиран
– Заштита од измами: контролите помагаат да не се злоупотребуваат вложените пари
Што значи перење пари
Перење пари значи обид да се „исчистат” парите добиени на нелегален начин – од дрога, измами, корупции и слично и да изгледаат како легално заработени и внесени во финансискиот систем. Тоа најчесто се прави преку создавање фиктивни компании, непрофитни организации и вршење навидум легални трансакции преку банки.
Кои мерки за спречување перење пари ги преземаат пензиските друштва
Идентификација и верификација на клиентите (KYC – Know Your Customer)
– Се обезбедуваат лични податоци (име, презиме, МБГ, адреса)
– Се обезбедува валиден документ за идентификација (лична карта/пасош)
– За правните лица се обезбедуваат податоци за компанијата и податоци за управителите и вистинските сопственици, и соодветно се прибираат документи за идентификација
Проценка на ризикот
– Секој клиент се категоризира според степенот на ризик (низок, среден и висок)
– На лицата категоризирани со повисок ризик (на пример, политички експонирани лица, лица на црна листа, непрофитни организации и слично) им се врши посебен надзор
Собирање податоци за потеклото на средствата
– Доколку некој сака да вложи позначаен паричен износво доброволниот пензиски фонд, се бара документ со кој ќе образложи од каде потекнуваат вложените пари
Следење на трансакциите
– Се анализираат уплатите дали се вообичаени според профилот на клиентот
– Доколку некоја трансакција изгледа сомнително (неочекувано висока) се разгледува дополнително
Внатрешни контроли и обуки
– Пензиските друштва мора да имаат интерни програми за управување со ризикот од перење пари
– Вршење внатрешни контроли на процесот за спречување перење пари
– Организирање интерни обуки на вработените и агентите на друштвата
Зошто пензија без ризик?
Согласно Извештајот за спроведена национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од Април 2020 година, објавен од Управата за финансиско разузнавање, инхерентниот ризик за перење пари во рамките на друштвата кои управуваат со доброволни пензиски фондови е мал. Не постојат готовински активности, односно уплатите се вршат исклучиво преку трансакциска сметка на клиентите. Поради природата на дејноста, договорите со членовите/компаниите сесклучуваат исклучиво преку агенти посредници. Агентите посредници се обучени и лиценцирани од Агенцијата која врши супервизија на пензиските друштва. Овие се дел од елементите поради кои ризикот за перење пари во рамкитена доброволните пензиски фондови е мал. Но, иако доброволните пензиски фондови не се прва асоцијација кога зборуваме за финансиски криминал, тие се дел од финансискиот систем кој мора да биде подготвен и буден.Токму поради тоа, вложувањето во третиот столб може да се гледа како извор на безбедно инвестирање на нашите средства и заштеди.
Планирањето на пензијата не мора да биде извор на несигурност и страв од иднината. Со вложување во доброволниот пензиски фонд добивате можност за сигурна и предвидлива финансиска поддршка во златните години од животот. Доброволните пензиски фондови нудат флексибилност, професионално управување со средствата и раст на вложеното преку долгорочни инвестиции. Со редовно вложување и информираност, можете да изградите стабилна пензиска заштеда без да преземате голем ризик. Започнете навреме и обезбедете си спокојна пензија и живот без стрес – затоа што иднината започнува денес.
Елена Биневска е дипломиран правник на позиција Стручен соработник за усогласеност со прописи и спречување перење пари во КБ Прво пензиско друштво, со околу 15-годишно искуство во Друштвото на различни позиции.Одговорна е за следење и контрола на усогласеноста на работењето на Друштвото со регулативата, советување и поддршка на организационите единици и Управниот одбор на Друштвото и е овластено лице за СППФТ кое се грижи за спроведување на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и за соработка со Управата за финансиско разузнавање.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
Бизнис
25 милиони евра за зелено работење: најмалку 300 компании ќе добијат грантови до 2030 година
Проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“ обезбедува финансиска поддршка од вкупно 25 милиони евра за мали, микро и средни компании во Македонија во периодот 2026–2030 година. Преку оваа шема се очекува директна поддршка за најмалку 300 компании, со цел забрзување на зелената транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.
Од вкупниот износ, 22 милиони евра се наменети за грантови, додека компаниите ќе учествуваат со сопствено кофинансирање од 20 до 50 проценти, во зависност од инструментот. Поединечните грантови ќе се движат од 5.000 до 300.000 евра и ќе опфатат техничка и советодавна поддршка, воведување меѓународни стандарди, набавка на опрема, имплементација на нови технологии и развој на зелени и иновативни производи.
Првите јавни повици се очекуваат во средината на 2026 година. Проектот предвидува и организирање инфо-карван во соработка со општините, стопанските комори, регионалните центри и секторските здруженија, со цел навремено информирање и поголема вклученост на компаниите.
Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, истакна дека проектот претставува важен чекор кон трансформација на македонската економија.
„Ова е можност компаниите да инвестираат со поддршка и да се подготват за новите барања на пазарот. Зелената трансформација не е трошок, туку инвестиција во иднината и конкурентноста на македонските компании на европскиот пазар“, нагласи Димовска.
Проектот е насочен првенствено кон компании од производствениот сектор, но и кон други дејности кои придонесуваат за намалување на отпадот, енергетска ефикасност и зголемена употреба на обновливи извори на енергија.
Од вкупната вредност на проектот, 18 милиони евра се обезбедени од Европската Унија, додека седум милиони евра се национални средства.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот претставува стратешка инвестиција во долгорочниот развој на економијата.
„Оваа поддршка ќе им овозможи на околу 200 компании подготовка и имплементација на меѓународни еколошки и одржливи стандарди, со што ќе се зголеми нивното учество во европските и глобалните синџири на добавувачи“, изјави Премиерот Мицкоски.
Со проектот се очекува забрзано воведување зелени практики, отворање нови работни места и создавање поодржлив и конкурентен бизнис-екосистем во Македонија.
Бизнис
Кога грижата станува традиција: петта акција на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со кампањата „Замени и засади“
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја реализираше по петти пат својата еко-акција во рамки на кампањата „Замени и засади“, која се одржа на 12 декември 2025 година во идиличниот амбиент на планинскиот центар „Гризли“,масив Јасен – Козјак.
Настанот претставува значаен чекор во континуираните заложби на Друштвото да создава позитивно, мерливо влијание врз животната средина преку одржливи и општествено одговорни иницијативи.
Целта на кампањата е да се поттикне членството во задолжителниот и доброволниот фонд на КБ Прво да го замени зелениот плик за пензиска заштеда со извештај по електронска пошта, за што во негово име Друштвото ќе засади по едно дрво.
Во текот на акцијата, тимот на КБ Прво засади нова шумска површина – простор кој од овој момент ќе биде препознатлив по таблата со официјалното име на Друштвото, означувајќи го како „Шумата на КБ Прво“.
Во акцијата, како наши деловни соработници свој придонес дадоа и вработените на Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.
Овој симболичен и траен белег ја претставува долгогодишната определба на Друштвото да придонесува зазачувување на природата.
Акцијата ја потенцира важноста на тимската одговорност, солидарноста и колективниот ангажман во креирање подобра иднина. Секој член на тимот даде личен и значаен придонес, со што уште еднаш се нагласи вредноста на заедничкото делување и корпоративната култура која стои зад мисијата на „Замени и засади“.
КБ Прво продолжува да ја јакне својата улога како лидер во ESG иницијативите во пензискиот сектор, вложувајќи во активности што создаваат долгорочни придобивки и одразуваат вистинска грижа за заедницата и природата.
Со оваа акција, Друштвото уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општествено одговорно работење и создавање трајни вредности за сегашните и идните генерации.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
Галерија:





Бизнис
КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.
Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.
Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.
Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.
Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.
„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања



