Фондови
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – две децении извонредност во пензиското управување
Приказната на КБ Прво започна пред 20 години – кога пензискиот систем на земјата влезе во нова ера, поставувајќи темели за сигурност, доверба и поттик за финансиска одговорност за генерациите што доаѓаат. Со идеја, визија и верба дека може подобро, уште од самите почетоци кога се креираше реформата, бевме активни чинители во нејзината имплементација, свесни за улогата која ја имаме на пазарот за пензиско осигурување.
Дваесет години посветена работа за финансиска стабилност на нашите членови, 20 години градење силна врска со членството, преку транспарeнтно и професионално работење.
Дваесет години финансиска едукација, информирање и запознавање на јавноста со карактеристиките на вториот столб и третиот пензиски столб, со цел правилно управување со своите лични финасии.
Денес, кога ќе погледнеме назад, зад нас стојат 20 години исполнети со предизвици, посветеност, но и голем успех. Со портфолио од над 1,2 милијарди евра (извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје) и над 300 000 членови (извор: mapas.mk 30.04.2025), кои за нас се многу повеќе од бројка. Тоа е суштината на нашето постоење, визија и иднина. Зад секој член стои неговата доверба кон нас како Друштво, кое има за цел да ги заштити неговите интереси, да овозможи сигурност и да создаде вредност на нивните средства.
Затоа, нашето „благодарам“ не е само збор – тоа е признание за сите што избраа да ја градат својата иднина со нас. За сите што веруваа во нашата мисија. Вие сте срцето на нашата приказна.
Веруваме дека вистинската вредност не се мери само со финансиски резултати, туку со влијанието што го оставаме. Преку нашите активности, проекти и поддршка на еколошки, едукативни и општествено корисни иницијативи, постојано ги живееме нашите слогани: „Иднината денес“ и „Нешто што ќе остане“.
Поддржани од нашите акционери Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana и Комерцијална банка АД Скопје, го градиме својот пат преку иновации, одржливост и вредности. Со многубројни меѓународни признанија, меѓу кои е последната значајна награда за „Најдобро пасивно управување со инвестициите за 2024 година“ од IPE, добиваме потврда дека чекориме во вистинска насока.
Но, зад секој успех стои човечка приказна. Нашиот тим навработени и агенти е она што нè прави силни. Луѓе кои се грижат. Кои вложуваат. Кои остануваат.
КБ Прво е повеќе од Друштво – тоа е избор на стабилност, партнерство што трае и обврска што ја прифаќаме со гордост. Иднината нè чека, а ние сме подготвени да ја дочекaме заедно со Вас.
20 години се темел на доверба. Иднината почнува денес – заедно со Вас.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02/32 24 229
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.
Останато
Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.
До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 1 месецПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Бизниспред 2 месециМакедонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Митровски: Експлозија на побарувачка за станови од 35 до 60 м² во Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје


