Connect with us

Кариера

Јавен оглас за пријавување на заинтересирани лица за избор на еден предлог – член од Народната банка на Република Северна Македонија во Фискалниот совет

Објавено

на

Врз основа на член 11 став (7) од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 203/22, 76/24 и 272/24), Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
за пријавување на заинтересирани лица за избор на еден (1) предлог – член од Народната банка на Република Северна Македонија во Фискалниот совет

1. ВОВЕД

Фискалниот совет е независно тело кое врши активности од својот делокруг и надлежност, определени со Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.203/22, 76/24 и 272/24) и за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.

2. ПРЕДМЕТ НА РАБОТА НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ

Согласно членот 11 од Законот за буџети, Фискалниот совет на независна, објективна и професионална основа, изработува анализи и мислења за:

·         макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија;

·         фискалната стратегија, Буџетот на државата, Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието на Република Северна Македонија или објавена согласно со Законот за буџети;

·         фискалните ризици и веројатноста на исполнување на Буџетот на државата и фискалната стратегија;

·         исполнувањето на фискалните правила од Законот за буџети, како и за ризиците за отстапување од фискалните правила;

·         настанувањето на исклучителни околности кои водат до привремено отстапување од примената на фискалните правила согласно со членот 10 став (6) од Законот за буџети, како и за условите за привремено отстапување за инвестиции согласно со членот 10 став (7) од Законот за буџети;

·         спроведувањето корективни мерки наведени во членот 10 ставови (4) и (8) од Законот за буџети.

Фискалниот совет може, на сопствена инцијатива, односно на барање на Владата на Република Северна Македонија или Собранието на Република Северна Македонија да изработи и анализи и мислења за фискалните ефекти на одделни предлог-закони, како и за други прашања во делот на фискалната политика и управувањето со јавните финансии.

Анализите и мислењата на Фискалниот совет се составен дел на соодветните документи при поднесувањето до Владата на Република Северна Македонија или Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и усвојување. Доколку постојат забелешки во анализите и мислењата на Фискалниот совет, Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за финансии, задолжително треба да подготви одговор во кој ќе се образложат причините за отстапувањата од анализите и мислењата на Фискалниот совет, кој е, исто така, составен дел на соодветниот документ.

3. ОДГОВОРНОСТ НА ЧЛЕНОВИТЕ ЗА НИВНАТА РАБОТА ВО ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ

Фискалниот совет за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.

Членовите на Фискалниот совет во својата работа дејствуваат самостојно, независно и непристрасно во согласност со највисоките професионални и етички стандарди. Ставовите кои членовите ги изнесуваат во работата на Фискалниот совет или при јавни настапи поврзани со активностите на Фискалниот совет, не претставуваат став на институциите кои ги предложиле или институциите со кои се поврзани.

4. НАДОМЕСТОК ЗА РАБОТАТА НА ЧЛЕН ВО ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ

Сите членови на Фискалниот совет ги вршат своите активности во Советот без засновање работен однос. За нивната активност во Фискалниот совет им се утврдува месечен надоместок на нето-основа во висина од две нето просечни плати исплатени во Република Северна Македонија во текот на претходната година.

5. МАНДАТ НА ЧЛЕНОТ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ КОЈ Е ИЗБРАН ПО ПРЕДЛОГ ОД НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Членовите на Фискалниот совет ги именува Собранието на Република Северна Македонија. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е шест години, без право на повторен избор.

Сите останати прашања поврзани со статусот на членовите, надлежностите и работењето на Фискалниот совет се уредени со Законот за буџети.

6. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ЛИЦАТА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА БИДАТ ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА ЧЛЕН НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ НА ПРЕДЛОГ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 

Член на Фискалниот совет може да биде лице:

1)    кое е државјанин на Република Северна Македонија;

2)    кое има соодветна репутација, најмалку високо образование и најмалку десет години соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, јавните финансии, сметководство и ревизијата или друга сродна област;

3)    на кое со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност;

4)    кое не е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија;

5)    кое не е член на Владата на Република Северна Македонија;

6)    кое не е вработено во буџетски корисник или во друг јавен субјект на државно или на локално ниво, освен по исклучок уреден со одредбата од член 11 став (10) точка 4 од Законот за буџети, односно ќе се смета дека лицето го исполнува овој услов ако истото е универзитетски професор или вработен, односно ангажиран во научно-истражувачка институција или времено ангажиран во меѓународна финансиска институција;

7)    кое не е член на органи на политичка партија; и

8)    кое не било носител на јавна функција во претходните пет години.

7. ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОДНЕСАТ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЛИЦА КАКО ДОКАЗ ДЕКА ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕДЛОГ ЧЛЕН НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ ПО ПРЕДЛОГ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1)    Уверение за државјанство на Република Северна Македонија (оригинал или заверено на нотар);

2)    Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинал или заверено на нотар), Лична биографија (CV) и Мотивационо писмо (во хартиена форма и своерачно потпишани) во кои треба да бидат наведени активностите со кои е остварено соодветно, професионално или академско искуство на полето на економијата, јавните финансии, сметководство и ревизијата или друга сродна област кои ќе се евалуираат преку професионално институционално искуство, академска работа, публикации во сферата и нивна научна вредност, работа врз научни и апликативни проекти и друг вид сврзана интелектуална работа;

3)    Потврда од казнена евиденција дека не е изречена казна што се состои во забрана за вршење професија, дејност или должност, која ја издава надлежен суд според местото на раѓање;

4)    Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, која ја издава Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање;

5)    Изјава (заверена на нотар) со која лицето изјавува дека:

–        не е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија,

–        не е член на Владата на Република Северна Македонија,

–        не е член на органи на политичка партија,

–        не било носител на јавна функција во претходните пет години со исклучок на член на Фискалниот совет

–        не е вработено во буџетски корисник или во друг јавен субјект на државно или на локално ниво.

Во случај ако за лицето по однос на алинеја 5 од оваа точка важи исклучокот уреден со одредбата од член 11 став (10) точка 4 од Законот за буџети, во изјавата треба да биде наведено истото како фактичка состојба и во прилог кон Изјавата заверена на нотар, лицето треба да достави потврда (во оригинал или заверена на нотар) дека е универзитетски професор од соодветниот Универзитет, или потврда (во оригинал или заверена на нотар) дека е вработен односно ангажиран од научно–истражувачка институција или времено ангажиран од меѓународна финансиска институција.

Народната банка на Република Северна Македонија за целите на проверка на веродостојноста на поднесените документи односно дадени изјави од заинтересираните лица, може службено да комуницира со надлежните органи и правни лица.

8. ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Заинтересираните лица аплицираат со доставување на документите наведени во Дел 7 од Јавниот оглас во хартиена форма во непроѕирен плик на кој во горниот лев агол треба да пишува: „НЕ ОТВОРАЈ“ додека во долниот десен агол треба да пишува:

„За Јавен оглас број 1/2025“

Друг текст пликот не смее да содржи.

Пликот треба да биде доставен по пошта до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, на адреса:

„Народна банка на Република Северна Македонија, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ број 1, 1000 Скопје“

Доставата на документацијата задолжително мора да биде по пошта заради запазување на висок степен на интегритет и доверливост, заради што за целите на овој Јавен оглас доставата по електронски пат или лична достава се неприфатливи.

9. КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ПО НАВЕДЕНИОТ ОГЛАС: 15 календарски денови од денот на објавување  на огласот.

Дополнителни прашања по однос на технички аспекти за наведениот Јавен оглас може да се достават на адреса на [email protected] при што во насловот на електронската порака треба да биде наведено „Јавен оглас број 1/2025“, најдоцна три (3) дена пред крајниот рок за поднесување на документацијата за аплицирање по наведениот оглас.

10. ИЗБОР НА ЛИЦЕ КОЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕДЛОЖЕНО ОД НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕН НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ

          По истекот на рокот за аплицирање на овој Јавен оглас, во Народната банка на Република Северна Македонија ќе биде формирана Комисија којашто најпрво ќе ги разгледа пристигнатите апликации по однос на нивната форма и комплетност односно:   

–        Дали се формално исправни, односно поднесени во форма на затворен плик и означени како што е наведено во Дел 8;

–        Дали се навремени, односно доставени во рокот определен во Дел 9; и 

–        Дали се целосни, односно дали ја содржат целосната комплетна документација наведена во Дел 7 од овој Јавен оглас за докажување на исполнетоста на условите наведени во Дел 6.

Комисијата ќе изврши разгледување само на формално исправните, навремените и целосни апликации, и до Советот на Народната банка на Република Северна Македонија ќе достави список на лица коишто ги исполнуваат условите за предлог член во првиот состав на Фискалниот совет, по што Советот на Народната банка на Република Северна Македонија ќе донесе Одлука со предлог за именување на член на Фискалниот совет.

Кариера

Еуролинк Осигурување вработува Референт во сметководство

Објавено

на

Станете дел од мотивираниот и успешен тим на Еуролинк осигурување!

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

– Врши проверка и средување на предадена документација
– Врши месечна проверка на непредадена документација
– Врши дневно книжење на плаќање на премија преку изводи во премиско сметководство
– Врши книжење на нераспределена премија во премиско сметководство
– Врши книжење на компензации во премиско сметководство
– Врши книжење на наплата на премија преку платежни картички во премиско сметководство
– Врши сложување на картички со коминтенти
– Ги чува деловните книги и книговодствени документи
– Одговара на правилна примена на законски прописи и општи акти

ЗА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЕУРОЛИНК ОБЕЗБЕДУВА:

– Конкурентна плата по договор
– Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
– Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
– Договор за работа на определено време, 40 часа неделно

КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ:

Оваа позиција е наменета за лица со најмалку средно образование, како и за студенти кои студираат на Природно-математички факултет и Економски факултет и имаат желба за да изградат кариера во сметководство и известување.
Кандидатите треба да имаат активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), пожелно искуство на слична работна позиција.

Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 12.10.2025 на [email protected] или на адреса:
Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: „Пиринска“ бр. 23, Скопје
Телефон за контакт: 02/3289-311, 02/3289-315, 02/3289-334

Рок за избор на кандидати: 45 дена

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите

Објавено

на

НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.

Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.

Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.

Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка

Продолжи со читање

Кариера

ТТК Банка вработува Помлад благајник во Филијала Штип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје вработува Помлад благајник во Филијала Штип. Во продолжение погледнете го целосниот оглас.

Што бараме:

– ССС/ВСС – од областа на економски, правни и организациски науки;

– Без работно искуство (искуство во банка или во финансиска институција ќе се смета за предност);

– Активно познавање MS Office;

– Познавање англиски јазик;

– Солидни комуникациски и продажни вештини;

– Способност за тимска работа;

– Прецизност во извршување на работните задачи;

– Висок степен на чесност, етичност и доверливост.

Што нудиме:

– Почетна воведна обука, континуирано стручно усовршување и можност за професионален развој;

– Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;

– Работа во пријатна атмосфера и динамична организациска средина.

Дел од вашите работни активности:

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на физички лица – резиденти и нерезиденти;

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на правни лица – резиденти и нерезиденти;

– Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;

– Активности во врска со менувачко работење;

– Останати услуги во банкарското работење.

Станете дел од тимот на ТТК Банка!

📍 Локација на работното место: Штип

🌐 Веб-страница: www.ttk.com.mk

📅 Рок за пријава: 2.10.2025 г.

Испратете ни кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од уверение за завршено образование со назнака:

„Апликација за помлад благајник во Филијала Штип“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или преку веб-страницата на Банката www.ttk.com.mk, во полето „Вработување“. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Напомена: Со доставување на вашата апликација за работа се согласувате вашите лични податоци наведени во апликацијата да бидат предмет на обработка од страна на Банката, за потребите на процесот на селекција на кандидати за целото времетраење на истиот, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на Банката во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Доколку сакате да поднесете барање за повлекување на согласноста, барањето исто така да се достави на адресата за е-пошта: [email protected].

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange