Connect with us
no baners

Банки

Именувани се нови членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Објавено

на

Именувани се нови членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

„Врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за изменување на членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија oд 22 јули 2025 година, а согласно решенијата на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија од 10 октомври 2025 година, за членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 14 октомври 2025 година се именувани: Тања Михајловска Димитриевска, Андриана Матлиоска, Христина Келеман и – Александар Горѓиевски“, стои во соопштението. 

Со овие назначувања, Развојна банка ја засилува својата управувачка структура со стручност, искуство и посветеност кон долгорочниот финансиски развој на земјата, со цел поддршка на економскиот раст и развој на инвестициите во јавниот и приватниот сектор.

Мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор заврши со приемот на решенијата за новите членови на 14 октомври 2025 година, отворајќи ново поглавје во стратегиското управување и развој на Банката.

Банки

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

Објавено

на

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.

Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.

Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. 

Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.

Продолжи со читање

Банки

Од Visa трансакција до клучеви од нов автомобил: НЛБ Банка исполни уште еден сон!

Објавено

на

НЛБ Банка со големо задоволство му го додели новиот Opel Frontera на Фатмир Алили од Гостивар, среќниот добитник на главната награда од наградната игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“.

Со новиот автомобил, секое патување за Фатмир и неговото семејство од денес добива ново значење – повеќе удобност, сигурност и нови авантури, но и уште повеќе причини за насмевка.

Од НЛБ Банка истакнуваат дека наградната игра донела возбудување и кај голем број клиенти, кои во текот на кампањата освоија и бројни неделни награди, меѓу кои парични износи и iPhone 16E.

„Нè радува што преку оваа наградна игра создадовме моменти што се паметат и што им донесовме радост на нашите клиенти. Им честитаме на сите добитници, а на корисниците на НЛБ Visa им благодариме за укажаната доверба“, порачуваат од НЛБ Банка.

Со вакви иницијативи, НЛБ Банка продолжува да ја зајакнува врската со клиентите и да креира вредност преку иновативни производи, наградни кампањи и позитивни кориснички искуства.

Продолжи со читање

Банки

Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.

Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall

Комерцијална банка им честита на сите добитници!

За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.

Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange