Connect with us
no baners

Банки

Гувернерот Славески: Новиот модел на надоместоци ќе придонесе за поевтини платни услуги за граѓаните и за компаниите

Објавено

на

no baners

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов и поедноставен модел на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС. Како што истакна гувернерот, д-р Трајко Славески, во денешната изјава пред медиумите, со оваа промена се поставува поконкурентна тарифна структура којашто ќе овозможи пониски трошоци за електронски плаќања, со директни придобивки за граѓаните и за компаниите.

Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел ги поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај Народната банка, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплатуваат од граѓаните и од компаниите“, изјави гувернерот Славески.

Одлуката ќе стапи на сила на 1 август, а Народната банка очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за пошироките економски придобивки од достапни и евтини платежни услуги.

Во рамките на подготовките за приклучување кон европската платежна шема СЕПА, Народната банка воведува и нова структура на надоместоците за плаќањата во евра од страна на државните органи со значително пониска цена. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра по трансакција преку кореспондентни банки, ќе се применуваат фиксни надоместоци од 3 евра за електронски иницирани и од 5 евра за хартиени налози.

На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА“, истакна гувернерот.

Гувернерот посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange