Connect with us
no baners

Бизнис

ГРАНД АУТО со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија

Објавено

на

Гранд Ауто, официјалниот застапник на ФОРД, ХЈУНДАИ, МГ МОТОР и ЧЕРИ за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

ФОРД и ХЈУНДАИ, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на
фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.  Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.  Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација“
, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш сме биле посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.

Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти. Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.

Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto“, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската
репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.

ПР објава

Бизнис

Pepco влегува на македонскиот пазар, првите продавници во Скопје од јуни

Објавено

на

Европскиот дисконтер Pepco најави влез на пазарот во Северна Македонија, при што првите продавници ќе бидат отворени во Скопје во јуни годинава.

Од компанијата информираат дека проширувањето во земјава е дел од нивната поширока стратегија за раст, која вклучува отворање нови продавници на постојните и на нови пазари.

„Северна Македонија веќе некое време е дел од нашата стратегија за експанзија. Влегувањето на овој пазар е природен следен чекор, имајќи ја предвид нашата силна позиција во Централна и Источна Европа и во соседните земји“, изјави Марцин Станко, оперативен директор на Pepco за регионот на ЦИЕ.

Pepco веќе е присутен во неколку земји од регионот, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина, а со влезот во Северна Македонија дополнително ја зајакнува својата регионална мрежа.

Групацијата Pepco, со седиште во Лондон и регистрирана во Холандија, управува со повеќе од 4.000 продавници во 18 европски земји, а во своето портфолио ги има брендовите Pepco, Dealz и Poundland.

Продолжи со читање

Бизнис

Јавна дебата за конфликтот во Иран и неговите последици врз регионот и македонската економија

Објавено

на

Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ денес организира јавна трибина посветена на војната во Иран и нејзините влијанија врз регионалната безбедност и економските текови во Северна Македонија.

На настанот се очекува учество на експерти, претставници од дипломатскиот кор, академската заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се отвори поширока дискусија за актуелните случувања на Блискиот Исток и нивните последици на глобално и регионално ниво.

Воведни излагања ќе имаат основачите на Институтот, поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, универзитетските професори Далибор Јовановски и Жидас Даскаловски, безбедносниот аналитичар Раби Седрак, како и поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски.

Во рамки на трибината ќе се разгледуваат повеќе клучни теми, меѓу кои развојот на геополитичката динамика по ескалацијата на конфликтот, влијанието врз глобалната стабилност и безбедносната архитектура, како и позицијата на Западен Балкан во новите околности. Дел од дискусијата ќе биде посветен и на економските ефекти, особено врз енергетските пазари, трговските рути и синџирите на снабдување, како и потенцијалните последици врз македонската економија.

Трибината има за цел да понуди поширок увид во предизвиците со кои се соочуваат малите држави во услови на брзо менувачки глобален поредок.

Продолжи со читање

Бизнис

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар

Објавено

на

Во насока на унапредување на регулативата и заштита на интересите на осигурениците, претставници на Асоцијацијата на брокерски друштва одржаа втор работен состанок со Министерството за финансии. На состанокот, како активен чинител во креирањето на поквалитетен пазар, учествуваше Александар Атески, Член на Управниот одбор на Flex Broker.

Фокусот на разговорите беше ставен на потребата од обезбедување фер конкуренција и справување со појавата на нелиценцирани канали за продажба на осигурување. Асоцијацијата укажа на практиката каде одредени субјекти, вршат дистрибуција на осигурителни продукти без соодветна лиценца. Дополнително, беше отворено прашањето за заобиколување на законските рамки преку промоторски и маркетинг договори, кои во пракса функционираат како посредна продажба.

„Брокерските друштва се единствениот професионален и лиценциран канал кој работи исклучиво во интерес на клиентот. Нашата мисија е да обезбедиме максимална заштита за осигурениците, а тоа е можно само доколку сите учесници на пазарот функционираат под исти, строго дефинирани правила“, беше истакнато на состанокот.

Во рамки на дискусијата за финансиското работење, се разговараше за можностите за фактурирање и моделот на функционирање на брокерските друштва, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност.

Насоките за развој на македонскиот осигурителен пазар остануваат цврсто врзани за европските практики. Заклучокот од средбата е дека заедничката соработка со институциите е клучна за градење на доверба кај граѓаните и создавање пазар кој се темели на професионализам, знаење и транспарентност.

Flex Broker останува посветен на конструктивниот дијалог со институциите, верувајќи дека само преку професионализам и јасна регулатива може да се изгради современ и сигурен осигурителен пазар.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange