Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

Објавено

на

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат дека посветеноста, упорноста и трудот се вреднуваат во општеството. Според одредени научни истражувања, жените на лидерските позиции во централните банки претставуваат значаен столб во справувањето со бројните предизвици“, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Агенцијата „Марили“ по повод Меѓународниот ден на жената, во кое се осврнува на повеќе актуелни теми во однос на макроекономската состојба, но и на женското лидерство во времиња кога нашата држава се соочува со значителни предизвици. Притоа, и покрај предизвиците, Народната банка посветено работи и на структурни проекти во повеќе домени. Оваа посветеност на тимот на Народната банка е позитивно оценета од страна на релевантни меѓунарoдни институции, а последна во низата е вчерашната одлука на Европскиот совет за плаќања, којшто позитивно го оцени поднесеното барање и извести дека нашата држава стана 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

„Пристапот кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) е историски исчекор којшто им овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на  ЕУ, да пристапат на европските платежни системи. Се очекува дека овој процес ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, коишто сигурно ќе бидат највидливи во однос на заштедата на средства и време при вршењето плаќања кон земјите од Европската Унија. Ако се земе предвид дека во моментов, трошоците за плаќањата од ЕУ кон земјите од Западен Балкан се повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ, СЕПА би требало да доведе до поефикасни, исплатливи и побрзи прекугранични плаќања“, истакна Ангеловска-Бежоска посочувајќи дека за граѓаните, членството во СЕПА е особено значајно во делот на намалувањето на трошоците за дознаките од странство.

Според процените на Светската банка, трошоците за дознаките би се намалиле за околу 3 отсто, што ќе доведе до заштеда од половина милијарда евра на ниво на регионот на Западен Балкан. Инаку, трошоците за дознаки во моментов се проценуваат на околу 6,71 отсто од вкупната трансакција.

„Членството во СЕПА би придонесло за побрза дигитална трансформација на нашиот финансиски сектор. Со намалувањето на зависноста од готовинските трансакции и застапувањето на дигиталните начини на плаќање, ќе се поддржи развојот на помодерен, побезбеден, флексибилен и инклузивен финансиски екосистем“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Агенцијата „Марили“ во кое се осврна на потребата од поголема вклученост на жените при пристапот до финансии, како и на примената на дигитализацијата од страна на жените претприемачи, но и на зголемувањето на развојот на женското претприемаштво во нашата земја заради поцелосно и ефикасно користење на целиот човечки потенцијал и остварување поголем економски раст.

Банки

Стопанска банка АД – Скопје: Неработен ден по повод државниот празник Ден на трудот

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека дека по повод престојниот државен празник Ден на трудот, филијалите на Банката нема да работат на 01.05.2026 (петок).

За време на празникот, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги достапни 24/7 на телефон, компјутер, мобилен и банкомат, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерот Величковски: Модерна монетарна рамка, адекватни девизни резерви и поевтини и побрзи плаќања како приоритети на Народната банка

Објавено

на

„Народната банка продолжува со унапредување на оперативната поставеност на монетарната политика, заради поефикасен пренос на монетарните сигнали кон финансиските пазари и реалната економија. Нашето внимание и понатаму ќе биде насочено кон унапредувањето на оперативната рамка во согласност со најдобрите практики на развиените централни банки“, ова го истакна вицегувернерот Игор Величковски на гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“.

Тој нагласи дека со измените воведени во монетарната рамка за пократка рочност на благајничките записи и симетричен распон на каматните стапки, е поставена основата за побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали и поефикасно управување со ликвидноста, дури и во услови на светска неизвесност.

Во однос на девизните резерви, Величковски нагласи дека со нив и натаму се управува исклучиво врз принципите на сигурност, ликвидност и диверзификација. „Во актуелното светско окружување, најважно е внимателно да се балансира меѓу приносот и ризикот, но со јасен приоритет – ликвидноста и зачувувањето на довербата во домашната валута“, изјави тој, нагласувајќи дека стабилноста е во фокусот на политиките на централната банка.

Вицегувернерот се осврна и на платниот систем, најавувајќи значаен исчекор преку воведувањето систем за инстант плаќања и натамошна дигитализација.

„Работиме на систем со кој ќе се овозможат плаќања во реално време, 24 часа секој ден во годината, што ќе донесе нов квалитет кај платежните услуги за граѓаните и за компаниите“, рече Величковски, додавајќи дека интеграцијата со СЕПА веќе дава резултати, што се гледа преку повеќекратното намалување на трошоците за плаќања во евра, како значително олеснување на трансакциите, зголемувајќи ја и конкурентноста на економијата.

Во тој контекст, Величковски посочи дека според последните расположливи податоци за март 2026 година, 55% од вкупниот број одливни прекугранични плаќања во евра и 66% од приливните прекугранични плаќања во евра се извршени преку СЕПА, што укажува на брза и успешна интеграција со СЕПА. Од секторски аспект, граѓаните умерено предничат во однос на компаниите, извршувајќи околу 70% од плаќањата во евра преку СЕПА, што ги потврдува придобивките од зачленувањето во СЕПА.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс“, истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“.

Таа нагласи дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата.

„Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а истовремено се применуваат и дополнителни мерки – заострување на задолжителната резерва, повлекување ликвидност од банкарскиот систем, зголемени капитални барања за банките и построги кредитни стандарди. Овој пристап овозможува координирано делување врз инфлациските притисоци и кредитната активност“, посочи Митреска.

Во однос на инфлацијата, таа истакна дека централната банка внимателно ги следи движењата на цените и очекувањата на пазарите.

„Согласно тековните пазарни очекувања, по растот на цените на енергентите и храната во првата половина од годината, се очекува нивно постепено стабилизирање во втората половина, што би придонесло за намалувањето на притисоците врз цените“, нагласи Митреска.

Таа додаде дека Народната банка е подготвена за дополнителни интервенции доколку се зголемат ризиците.

„Доколку се појават знаци на подолготрајни инфлациски притисоци, Народната банка е подготвена да реагира со дополнително затегнување на монетарната политика, користејќи ги каматните стапки и другите расположливи инструменти“, истакна Митреска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange