Останато
ГЕА и WOBA – Здружено кон унапредување на родовата еднаквост на работното место
Претседателката на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, д-р Нина
Ангеловска Станков и Главната амбасадорка за Women on Boards Adria – WOBA за Северна Македонија, Тања Михајловска Димитриевска, потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост на работното место.
ГЕА и WOBA, заедно со бизнис секторот, со владини и меѓународни институции, ќе соработуваат со цел да промовираат еднакви права, еднакви можности и еднакво вреднување на трудот на работното место, како и поголема застапеност на жените во управните и надзорните одбори меѓу највисоките раководства во компаниите од Јадранскиот регион.
Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија, кој се залага за не-дискриминација и еднакви права и можности за сите, како и промовирање на важноста на родовата еднаквост на работно место за поголема конкуретност, диверзитет и подобри бизнис резултати на компаниите, со фокус на улогата на еднаквоста во дигиталната економија, технологиите, дигитализацијата и е-трговијата. Алијансата се залага за создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се еднакво вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за Родова еднаквост при UN Women и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 – Родова Еднаквост.
„Со потпишувањето на овој меморандум, ГЕА и WOBA ја зајакнуваат својата заедничка посветеност кон унапредување на родовата еднаквост на работното место, особено во процесите на одлучување и раководење. Оваа соработка е од стратешко значење за нас, бидејќи ни овозможува да го интензивираме нашето влијание и да ја унапредиме родовата диверзификација на сите нивоа на работното место, не само во Македонија, туку и во регионот. Заеднички, ќе работиме на рушење на бариерите што ги спречуваат жените да стигнат до лидерските позиции, со цел да го забрзаме напредокот кон постигнување на еднакви права, еднакви можности и еднакво вреднување на трудот на работното место и доближување до европските стандарди за родова еднаквост во управувањето.“ – изјави д-р Нина Ангеловска Станков, претседателка на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА.
Women on Boards Adria – WOBA, пак, е регионална непрофитна иницијатива основана за
унапредување на родовата еднаквост во процесите на одлучување и раководење. WOBA работи со бизнис секторот, со владини и меѓународни институции со цел да се промовира поголема родова застапеност во управните и надзорните одбори меѓу највисоките раководства во компаниите од јавен интерес во Јадранскиот (Западно-Балканскиот) регион.
„Women on Boards Adria (WOBA) е посветена на промовирање на родовата разновидност во бизнисот преку поттикнување на компаниите да назначат повеќе жени во нивните управни одбори“, изјави Билјана Брејтвејт (Biljana Braithwaite), Претседателка на Women on Boards Adria. „Нашето партнерство со Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА е од клучно значење за
унапредување на родовата рамнотежа, подобрување на општествената положба на жените и обезбедување еднакви права и можности во Северна Македонија и поширокиот регион. Со експертизата на ГЕА, имаме за цел да ја зголемиме конкурентноста, разновидноста и резултатите во бизнисот, особено во дигиталната економија и технолошките сектори.“ Брејтвејт додаде: „Ние се стремиме да ги поддржиме жените преку обезбедување обука и менторство за да ги подобрат своите вештини за управни одбори, подготвувајќи ги компаниите да ги исполнат европските стандарди. Постигнувањето извонредни резултати е наша цел, и ние длабоко ја цениме поддршката на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА на ова важно патување.”
„Заедно со корпоративните партнери, стратешките партнери, организациите со слична мисија, членовите на одборот, амбасадорите и поддржувачите во Северна Македонија и целиот Адрија регион, се стремиме да постигнеме неопходен раст во родовата диверзификација на одборите и на сениорските лидерски позиции. Преку развој на таленти, обуки, градење на лидерска мрежа и менторски програми, сакаме да ги подготвиме професионалците за напредок во нивната кариера“, изјави Михајловска Димитриевска.
Преку потпишувањето на овој Меморандум, ГЕА и WOBA ја потврдуваат заедничката заложба за унапредување на родовата диверзификација и обезбедување на инклузивност на сите нивоа на работното место, во насока кон усогласување на родовите политики во регионот со политиките на ЕУ, како и заложбата за посветување на внимание на поширок круг на прашања кои ја засегаат родовата нерамноправност во деловниот сектор и поддршка на жените во остварување на нивните едукативни и деловни потфати.
Бизнис
Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари
На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.
Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.
Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.
Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.
Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.
Анализи
Минималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека според нивните пресметки, минималната плата во земјата од март 2026 година ќе се зголеми само за околу 1.600 денари, во рамки на законското усогласување со растот на просечната плата на годишно ниво. Тоа значи дека минималецот би достигнал околу 26.000 денари, далеку под очекувањата на синдикатите, кои бараа итно зголемување на најмалку 600 евра.
Според ССМ, дури и со ова усогласување, Македонија ќе остане со убедливо најниска минимална плата во регионот. Од таму потсетуваат дека политички претставници претходно најавија зголемување од 2.000 денари, но расчекорот меѓу најавите и реалниот ефект повторно ја отвора дебатата за куповната моќ и достоинствените примања.
Во споредба со соседството, јазот станува уште поочигледен:
- Косово – минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази: 425 евра од јануари 2026, 500 евра од јули 2026.
- Албанија – од 1 јануари 2026 минималната плата ќе изнесува 500 евра; Владата ќе субвенционира дел од трошоците за осигурување на приватниот сектор во износ од 90 милиони евра.
- Србија – минималецот изнесува 500 евра од октомври 2025, а од јануари 2026 се зголемува на 550 евра.
- Република Српска – минималната плата од јануари 2026 ќе варира од 512 до 743 евра, во зависност од степенот на квалификација.
- Босна и Херцеговина – минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра.
- Црна Гора – минималецот е 600 евра за работници со средно образование, односно 800 евра за работници со високо образование.
ССМ остро реагира дека владините политики, заедно со поддршката на дел од работодавачите и одредени синдикални организации, создаваат притисок за одржување на ниско ниво на платите.
„Жалосно е што некои синдикати, како КСС, се форсираат да бидат репрезентативни само за да не се дозволи реално зголемување на примањата“, наведуваат од ССМ.
Пазарните аналитичари посочуваат дека динамиката на растот на минималната плата ќе биде еден од клучните фактори за домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата во наредниот период, особено во услови на забрзано усогласување на платите во регионот и растечка миграција на работната сила.
Банки
Кој наш сосед е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа!?
Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја оцени Албанија како една од најбрзорастечките економии во Европа, истакнувајќи ја клучната улога на Банката на Албанија во обезбедување стабилност, доверба и одржлив раст.
„Со Централната банка на Албанија како силен партнер, посветена на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност, Албанија се рангира меѓу најбрзорастечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и зголемена одржливост“, посочи Георгиева.
Таа додаде дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува Албанија во процесот на интеграција во Европската унија и во одржување на макроекономската стабилност, како и во унапредување на финансиската инклузија и дигитализацијата на банкарскиот сектор.
Ова признание ја истакнува важноста на доброто управување со монетарната политика и стабилните институции за забрзување на економскиот раст и зајакнување на довербата на инвеститорите во регионот.
-
Продуктипред 2 месециЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 1 месецДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Банкипред 2 месециСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Криптовалутипред 2 месециОбразование за крипто иднината: Binance ги стартува Learning Lab работилниците на Балканот
-
Банкипред 1 месецСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?





