Connect with us

Останато

Започнува втората сезона „Растеме во шампиони 2.0“ на  НЛБ Банка и „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“

Објавено

на

Викендов во Радовиш со дводневен забавно-спортски настан беше одбележан почетокот на новата сезона на проектот „Растеме во шампиони 2.0“ кој НЛБ Банка втора година по ред го реализира во соработка со организацијата „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“. Проектот е дел од иницијативата на НЛБ Групацијата за развој на младински спорт, кој има за цел да ги поддржи локалните спортски клубови, да го промовира спортот меѓу децата, да ја поттикне нивната љубов кон физичката активност, спортскиот дух, но и да ги здружи и зближи без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус.  

Настанот во Радовиш го отворија претставници од НЛБ Банка и градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов, а свое учество земаа и истакнати спортисти од регионот – членовите на ФК „Детонит Плачковица“ и РК „Радовиш“, спортски работници, директори и наставници од основните училишта и голем број граѓани кои со задоволство го проследија ова спортско дефиле.

Младинскиот спорт е од особено значење за НЛБ Групацијата, навистина сме горди на овој  проект, кој поради големиот успех минатата година, го продолжуваме и надградуваме годинава. Веруваме ќе успееме да го прoмовираме спортот и да поддржиме што повеќе спортски клубови ширум земјата, особено оние локалните кои најчесто работат со голема љубов и посветеност, а со минимални ресурси. Како општествено одговорна компанија наша должност е да ги истакнеме придобивките на спортот и воопшто физичката активност кај децата и младите, затоа што веруваме дека здравите животни навики се основен предуслов за создавање здрави генерации. – истакнуваат од НЛБ Банка и додаваат дека годинава е предвидено опремата која ќе се користи за реализација на настаните комплетно да се донира на локални спортски клубови. 

„Растеме во шампиони 2.0“ до крајот на годината ќе се реализира во повеќе градови низ државата. На секој настан ќе бидат вклучени деца на возраст од 6 до12 години, со кои ќе работат тренери-наставници, млади асистенти, а во својство на амбасадори, и наши познати спортисти. На настаните ќе се реализираат забавни спортски игри: штафета, разни игри со топка, скокање на јаже, хулахоп, вежби за координација и др. 

Нè радува фактот што втората сезона на „Растеме во шамиони 2.0“ ја започнуваме постолимписки, додека сè уште сме под силни импресии на олимписките игри во Париз. Токму духот на олимпизмот и големината на спортот сакаме да им ја пренесеме на децата, да им ја всадиме љубовта кон проефисоналниот и рекреативниот спорт и што е најважно, да ги оттргнеме од виртуелниот свет и да ги вратиме во спортските сали и на спортските терени. Ние сме уверени дека вклучувањето во спортот не само што го подобрува физичкото здравје, туку и учи на вредни животни вештини – тимска работа, дисциплина и издржливост, решителност и извонредност. Поттикнувањето на децата да вежбаат го поттикнува холистичкиот развој и ги поставува на пат кон успех и на теренот и надвор од него.“истакнаа од Отворени забавни фудбалски школи Македонија.

За потсетување, со првата сезона на „Растеме во шампиони“ минатата година беа опфатени 10 града ширум земјата, 42 основни училишта, повеќе од 1000 деца – момчиња и девојчиња со кои работеа над 40 тренери и едукатори. 

Бизнис

Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот

Објавено

на

Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.

Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.

Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.

Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.

Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.

Продолжи со читање

Анализи

Европјаните сè помалку трошат: ЕЦБ откри што најсилно ја погоди економијата

Објавено

на

Војната на Блискиот Исток значително ја намали довербата на потрошувачите во еврозоната и го забави економското закрепнување, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ) во најновата анализа.

Според извештајот, индексот на доверба на потрошувачите во периодот од февруари до април се намалил за околу 12 поени, пад речиси споредлив со оној по почетокот на војната во Украина. Истовремено, годишниот раст на номиналната потрошувачка на домаќинствата се забавил од 3–4 проценти на околу 2,5 проценти во април 2026 година.

Најголемото намалување е забележано кај дискреционите трошоци, при што домаќинствата ги одложуваат купувањата на луксузна облека, обувки, спортска опрема, патувања и рекреативни услуги. Домаќинствата со повисоки приходи најмногу ја намалиле ваквата потрошувачка поради зголемената неизвесност, додека оние со пониски примања ги крателе трошоците за трајни добра, ресторани и кафулиња.

Единствената категорија со раст на трошоците останува енергијата, како резултат на повисоките цени на горивата и транспортот.

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што околу 40 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека нивните приходи нема целосно да ја надоместат изгубената куповна моќ поради инфлацијата. Според ЕЦБ, доколку овие очекувања се задржат, домаќинствата би можеле да продолжат да штедат наместо да трошат, што дополнително би го забавило економскиот раст во еврозоната.

Продолжи со читање

Бизнис

Трамп повторно под правен удар: 25 американски држави бараат укинување на новите царини

Објавено

на

Група од 25 американски сојузни држави, предводени од демократските гувернери, поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, оспорувајќи ја законитоста на најновиот пакет царини воведен за увоз од 60 трговски партнери.

Тужбата е поднесена до Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, при што државите тврдат дека претседателот ги надминал своите законски овластувања со воведувањето на широки увозни царини. Според нив, мерките претставуваат незаконско проширување на претседателските ингеренции во областа на трговската политика.

Спорните царини, кои изнесуваат 10 и 12,5 проценти, стапија во сила на 24 јули и се однесуваат на увоз од 60 трговски партнери, меѓу кои е и Европската Унија. Администрацијата на Трамп ги оправдува мерките со тврдењето дека засегнатите земји не преземаат доволно активности за спречување на увоз на производи изработени со принудна работа.

Ова е најновото во низата правни оспорувања на трговската политика на Трамп. Претходно, повеќе американски компании успеаја да издејствуваат судски одлуки против дел од неговите царински мерки, но администрацијата продолжи со воведување нови ограничувања.

Подносителите на тужбата наведуваат дека, иако американскиот закон дозволува воведување царини во одредени случаи, историски тие биле насочени кон конкретни земји или индустрии. Според нив, сегашниот широк пристап, кој опфаќа речиси целокупниот американски увоз, нема преседан и ги надминува законските рамки.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange