Connect with us
no baners

Останато

Фондацијата „Заедно за едно“ исплати финансиска помош за децата на загинатите во пожарот во Кочани и ќе набави опрема за терапија на повредените

Објавено

на

Со цел да се помогне на семејствата и поединците кои беа погодени од трагичниот пожар во Кочани на 16 март 2025 година, Фондацијата „Заедно за едно“ основана од Македонската банкарска асоцијација, започнa низа активности за финансиска помош и медицинска поддршка на настраданите и нивните семејства.

Во првата фаза од поддршката, Фондацијата веќе исплати еднократна финансиска помош за децата кои во несреќата загубија родител. Средствата се префрлени директно на платежните сметки на децата или нивните законски застапници.

Покрај тоа, Фондацијата обезбеди средства за набавка на ракавици за пасивна рехабилитација, како и апарати за компресивна крио-терапија, кои претставуваат клучна компонента во процесот на опоравување на дел од повредените лица.

Фондацијата „Заедно за едно“ е формирана за да обезбеди суштинска и континуирана поддршка за оние на кои таа им е најпотребна. Затоа, наскоро ќе биде објавен Јавен повик за пријавување на повредените лица, со цел распределба на дополнителна финансиска помош за покривање трошоци поврзани со медицински третмани и рехабилитација.

Ова не е трагедија која брзо ќе се надмине и затоа обезбедивме средства кои ќе бидат распределени во повеќе сегменти и во повеќе фази, со цел да помогнеме во закрепнување на повредените. Ќе помагаме континуирано и на долг рок. Да бидеме Заедно за едно – денес, утре и сè додека не заздрават сите“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Срествата во Фондацијата се обезбедени преку донации од банки, штедилници, други финансиски институции, како и од хумани компании и поединци, и се наменети за лицата и семејствата кои се засегнати од трагедијата.

Македонската банкарска асоцијација и Фондацијата „Заедно за едно“, остануваат доследни на својата заложба — да бидат поддршка на заедницата и на земјата секогаш кога е најпотребно.

Останато

Зголемен сообраќај на Ќафасан: Граѓани од Албанија доаѓаат по поевтино гориво и храна

Објавено

на

Пониските цени на горивата и прехранбените производи во земјава ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан, особено за време на викендите.

Најголем дел од посетителите доаѓаат од пограничните региони во Албанија и најчесто ја посетуваат Струга за еднодневни набавки, пред сè за гориво и основни прехранбени производи. Засилен сообраќај се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд.

Според податоците на СВР Охрид, во периодот од 1 до 6 април преку преминот поминале 40.734 патници, што е за 11% повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 20.952 влегле во државата, додека 19.782 ја напуштиле.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека снабденоста со гориво е стабилна, и покрај зголемената дневна потрошувачка која достигнува околу два милиони литри. Тој посочи дека Владата ја намалила стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и бизнисите.

Полицијата бележи раст на фреквенцијата и на квартално ниво. Во првите три месеци од годинава регистрирани се 435.534 патници, што е зголемување од 6% во споредба со истиот период во 2025 година.

Продолжи со читање

Останато

Северна Македонија бара зајакнување на енергетските врски со САД, вклучително и снабдување со течен природен гас

Објавено

на

Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси на Северна Македонија, Сања Божиновска, се сретна со Џерод Аген, извршен директор на Советот за енергетска доминација, за да разговараат за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите на енергија и заеднички инфраструктурни проекти.

Разговорите, одржани во Вашингтон, опфатиле и теми како течен природен гас (ЛНГ) од САД и мали модуларни реактори (СМР), меѓу другото, соопшти Аген.

На средбата, Божиновска и Аген размениле мислења за унапредување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со фокус на енергетската безбедност и стабилноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите на енергија и стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси на Северна Македонија.

Министерката Божиновска ја нагласила подготвеноста на Скопје за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, истакнувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочната стабилност и развој на енергетскиот сектор на Северна Македонија.

Таа посочила дека двете страни се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти што ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност во двете земји.

Во февруари, Белата куќа соопшти дека Северна Македонија и САД постигнале трговски договор кој опфаќа набавка на течен природен гас.

Од друга страна, Аген во објава на LinkedIn навел дека на средбата биле разгледани теми како течен природен гас, мали модуларни реактори, критични минерали и електроенергетската мрежа. Според него, постојат бројни можности за фокусирање на базично производство на електрична енергија со големи американски компании и за склучување долгорочни договори што би можеле да го променат енергетскиот пејзаж на регионот во наредните децении.

Во февруари, САД потпишаа заедничка изјава со 12 земји од Централна и Источна Европа и Балканот за зголемување на снабдувањето со гас преку олеснување на пристапот до американски течен природен гас и склучување договори за набавка.

Меѓу овие земји се Грција, Бугарија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Молдавија, Украина, Хрватска, Литванија, Србија и Босна и Херцеговина.

Продолжи со читање

Останато

По Велигден се најавува нов пакет економски мерки, фокус на ранливите категории

Објавено

на

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по Велигден Владата ќе презентира нов пакет економски мерки насочени кон одредени категории граѓани и конкретни производи, со цел да се ублажи економскиот притисок врз населението.

Според информациите, мерките ќе бидат таргетирани, односно ќе се однесуваат на групи граѓани на кои им е најпотребна поддршка. Наместо општи субвенции или ограничувања, се најавува попрецизен пристап кој треба да обезбеди поголем ефект со помали буџетски трошоци.

Дел од мерките ќе опфатат и одредени производи, што упатува на можни интервенции во цените или пазарните услови, особено кај основните животни намирници. Оваа најава доаѓа во време кога растот на цените и инфлацијата остануваат значаен предизвик за граѓаните.

Премиерот не откри конкретни детали, но посочи дека пакетот ќе биде објавен веднаш по Велигденските празници, оставајќи простор за дополнителни анализи и финализирање на мерките.

Новите најави се надоврзуваат на зголемените очекувања во јавноста за поддршка на животниот стандард, особено кај ранливите категории, при што вниманието ќе биде насочено кон тоа дали предложените решенија ќе донесат конкретни резултати.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange