Connect with us
no baners

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 21 април 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 21 април (петок) 2023 година заради празнување на Рамазан бајрам.

На 22 април ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Банки

Стопанска банка предупредува: Измамнички пораки за сообраќајни казни, не кликнувајте на сомнителни линкови!

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека дел од нејзините клиенти добиле сомнителни SMS, Viber и e-mail пораки со лажни известувања за наводна уплата на сообраќаен прекршок од МВР, поврзан со Safe City системот.

Пораките содржат линкови кои водат до лажни веб-страници со .gov екстензија, кои наликуваат на официјални државни портали, но имаат за цел измама и прибирање на податоци за платежни картички и лични информации. Според анализата, најчесто се насочени кон корисници на iOS уреди.

Банката ги повикува клиентите на зголемена внимателност: не отворајте линкови од непознати извори, не внесувајте податоци од картички и не споделувајте лични информации. Доколку добиете сомнителна порака, избришете ја веднаш и не преземајте никакви активности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка партнер на Црвениот крст – долгогодишна поддршка што создава подобра иднина за децата со попреченост

Објавено

на

Комерцијална банка продолжува да гради одржливо партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, со заедничка цел – поддршка на најранливите категории во општеството и создавање услови за поквалитетен живот на децата со попреченост и на нивните семејства.

Преку оваа долгогодишна соработка, Банката како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки семејства“, обезбедува финансиска поддршка за социјална интеграција на над 300 деца низ целата земја.

Со овој проект Комерцијална банка придонесува за повеќе детски насмевки, поттикнување самодоверба и чувство на припадност кај децата и младите со попреченост, како и за градење поинклузивно општество.

„Веруваме дека подобрата иднина започнува со грижата за најмладите и најранливите и дека вистинската вредност на успехот се мери преку позитивното влијание што го оставаме зад себе. Затоа остануваме посветени на иницијативи кои градат солидарност и создаваат општество во кое секое дете има можност за учење, развој и напредок“, велат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Централниот регистар и МБА ja зајакнуваат соработка со банките за верификација на податоците во Регистарот на вистински сопственици

Објавено

на

На 02.02.2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, беше одржан работен состанок инициран од Централниот регистар, во својство на администратор на Регистарот на вистински сопственици.

На состанокот, претставниците на Централниот регистар, предводени од директорката д-р Анита Стамнова, и претставниците на Комисијата за СПП и усогласеност со прописи при Македонската банкарска асоцијација, предводени од претседавачот г-дин Глигор Пандиловски, дискутираа за можностите за воспоставување решение што ќе вклучува верификација на податоците во Регистарот на вистински сопственици.

Имајќи ја предвид улогата на банките како верификатори на податоците, на состанокот беше презентиран процесот, беа разменети искуства, како и утврдени насоки за соодветна обука и понатамошна соработка.

Како заклучок, беше договорено да се организира заедничка работна средба со претставници од Народната банка, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за финансии, Македонската банкарска асоцијација и Централниот регистар, со цел сеопфатно разгледување на проблематиката и постигнување заедничка усогласеност меѓу институциите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange