Connect with us

Банки

Зошто на картичка со двоен кешбек е тешко да се одолее?

Објавено

на

Ако направите мал преглед на кредитните картички на пазарот, ќе дојдете до заклучок дека двојниот кешбек на НЛБ хепи картичката во периодот од 20 април до 20 јули тешко дека некоја од нив ќе може да го победи! Токму во тој временски период, сите корисници на оваа картичка ќе уживаат во бенефитот на двојниот поврат на средства, кој се добива со сите пазарења во Ист гејт мол.

Од своето отворање, Ист Гејт Мол се профилираше како лидер на пазарот, обезбедувајќи врвни брендови за мода, убавина и технологија и поставувајќи високи стандарди за квалитет. Импресивната листа на продавници и услуги постојано расте, па не е изненадување што Ист Гејт е најдобро оценет трговски центар во анкетите за задоволството на купувачите.

На површина од 160.000 m2 може да ја користите својата НЛБ haPPy картичка во повеќе од 220 продавници кои претставуваат повеќе од 350 брендови, но и во остатокот од овој уникатен концепт, кој овозможува уживање не само во мода, туку и во забава, гастрономија, фитнес и сето останато што го нудат трговските центри од „третата генерација“.

Во таа смисла, користењето на НЛБ haPPy картичката во Ист Гејт Мол од 20.4 до 20.7 не е само двојна придобивка поврзана со забава и уживање. За појаснување, ви споделуваме неколку брзи факти:

  • НЛБ haPPy картичката е највредниот работник меѓу кредитните картички со меѓународна важност
  • Има супериорен поврат на готовина во висина до 12% од износот на трансакцијата при секое купување низ партнерската мрежа и 0,6% надвор од партнерската мрежа во земјата и во странство, што е идеално за потрошувачи што сакаат парични награди со мала мака за сè што ќе платат
  • НЛБ haPPy картичката звучи добро и само како кредитна, бесконтактна картичка, бидејќи има отплата од минимум 5% од месечните трошоци или повеќе, согласно можностите на корисниците, но со двојниот cashback за секое купување од 20 април до 20 јули во сите продавници на Ист Гејт Мол, таа е речиси незаменлива
  • Партнерската мрежа на НЛБ haPPy картичката брои над 300 трговци и преку 1.000 продажни локации на водечки трговски брендови во Македонија
  • Имајќи НЛБ haPPy картичка, нема потреба да чувате десетици картички за попуст во својот паричник, затоа што кобрендираната картичка е сè што сега и во иднина ќе ви е потребно

НЛБ haPPy картичката на пазарот на кредитни картички го нуди најдобриот картичен перформанс во моментов, затоа нека биде меѓу првите неколку што ги земате предвид.

Сè уште немате НЛБ haPPy картичка?

Не пропуштајте да аплицирате веднаш во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните салони на Нептун!

Банки

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026: „Најдобра банка за физички лица“

Објавено

на

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство.

Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните.

Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица.

Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на ова признание се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар.

НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со 10 проценти кешбек за билети купени преку Kupikarta

Објавено

на

Корисниците на НЛБ haPPy картичката ќе добијат 10 проценти кешбек при купување билети за концерти и други настани преку платформата kupikarta.com.

Промотивната понуда важи за сите билети купени во периодот од 21 до 26 јули со НЛБ haPPy картичка.

Од НЛБ Банка информираат дека целта на кампањата е на корисниците да им овозможи дополнителна поволност при купувањето билети за настапите на нивните омилени изведувачи и да придонесе за создавање незаборавни летни спомени исполнети со музика и добра атмосфера.

Повеќе информации за Mastercard haPPy кредитната картичка се достапни на интернет-страницата на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

РБИ го надмина минималниот праг во понудата за преземање на Addiko Bank

Објавено

на

Raiffeisen Bank International, односно РБИ, соопшти дека заклучно со 20 јули добила изјави за прифаќање на понудата за преземање што се однесуваат на вкупно 10.703.509 акции на Addiko Bank.

Ова претставува 55,50 отсто од сите акции опфатени со понудата, со што моментално е надминат минималниот праг на прифаќање од повеќе од 55 отсто.

Во бројката се вклучени и 1.878.167 акции во сопственост на Alta Group, кои претставуваат 9,63 отсто од вкупниот број издадени акции на Addiko Bank.

Акционерите што ја прифатиле понудата пред подобрувањето на конкурентската понуда, објавено на 17 јули, имаат право да се повлечат до 23 јули во 17 часот. Сепак, до 20 јули во 9:30 часот не била примена ниту една изјава за повлекување.

Рокот за прифаќање на доброволната јавна понуда на РБИ завршува на 29 јули 2026 година во 17 часот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange