Банки
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
По речиси осум години на чело на Халкбанк АД Скопје, мандатот на досегашниот генерален директор Билал Суџубаши заврши, а на негово место како нов прв човек на банката е најавен Д-р Фатих Шахпаз.
Д-р Шахпаз, кој своето назначување го сподели и на професионалната мрежа LinkedIn, започнува со работа како генерален менаџер на Халкбанк АД Скопје, носејќи богато искуство и нова енергија во менаџментот на банката.

Д-р Фатих Шахпаз е долгогодишен финансиски професионалец со повеќе од две децении професионално искуство во рамки на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде што извршувал низа значајни функции – од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, па сè до началник на оддел и раководител на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација. Богатото академско образование и долгогодишното искуство во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење го прават Шахбаз значаен адут во водењето на Халкбанк АД Скопје.
Сепак, за назначувањето да стане официјално, во иднина треба да бидат спроведени сите неопходни процедури и да се добијат одобренијата од Народната банка.
Од Халкбанк АД Скопје очекуваат дека со новото раководство ќе продолжи растот и развојот на банката на домашниот пазар, задржувајќи го стабилното позиционирање како еден од водечките финансиски институции.
Банки
Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.
Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.
Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.
Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.
Банки
Од Visa трансакција до клучеви од нов автомобил: НЛБ Банка исполни уште еден сон!
НЛБ Банка со големо задоволство му го додели новиот Opel Frontera на Фатмир Алили од Гостивар, среќниот добитник на главната награда од наградната игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“.
Со новиот автомобил, секое патување за Фатмир и неговото семејство од денес добива ново значење – повеќе удобност, сигурност и нови авантури, но и уште повеќе причини за насмевка.
Од НЛБ Банка истакнуваат дека наградната игра донела возбудување и кај голем број клиенти, кои во текот на кампањата освоија и бројни неделни награди, меѓу кои парични износи и iPhone 16E.
„Нè радува што преку оваа наградна игра создадовме моменти што се паметат и што им донесовме радост на нашите клиенти. Им честитаме на сите добитници, а на корисниците на НЛБ Visa им благодариме за укажаната доверба“, порачуваат од НЛБ Банка.
Со вакви иницијативи, НЛБ Банка продолжува да ја зајакнува врската со клиентите и да креира вредност преку иновативни производи, наградни кампањи и позитивни кориснички искуства.
Банки
Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.
Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:
- 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
- 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
- 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall
Комерцијална банка им честита на сите добитници!
За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.
Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје




