Connect with us
no baners

Останато

ЕОЅ Матрих – 20 години успех на домашниот пазар

Објавено

на

На 05.04.2023 ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје го одбележа својот јубилеј со уникатна гала вечер по повод 20 успешни години делување на македонскиот пазар. Заедно со главниот извршен директор на Групацијата ЕОЅ, г-дин Марвин Рамке и г-дин Карстен Тидоу, одговорен за регионот источна Европа во ЕОЅ Групацијата, за дваесеттиот јубилеј менаџментот на ЕОЅ во Македонија организираше свечена гала и концерт на Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“.

Во своето обраќање, генералната директорка на ЕОЅ Македонија и ЕОЅ Косово, д-р Катерина Бошевска се осврна на постигнатото: Од компанија со само една услуга за своите клиенти во процесот на управување со побарувањата, се трансформиравме во инвеститор предводен од технологијата. Денеска, ЕОЅ на своите клиенти им нуди лепеза на услуги за управување со побарувањата, некои подобрени, некои иновативни, но сите сигурни.

Покрај услугите за наплата на побарувања, од 2015 година ЕОЅ Матрих Македонија успешно реализира активности на откуп на побарувања, а воедно располага со напредни услуги за меѓународна наплата на побарувања (cross-border), откуп на обезбедени побарувања (secured debt purchase), како и други Б2Б услуги.

Преку новата подружница на ЕОЅ во Македонија, ЕОЅ Итек (EOS ITech) – која ја започна својата работа во 2021 година, компанијата сега нуди и развој на софистицирани софтверски решенија за потребите на меѓународната мрежа на ЕОЅ компании во Eвропа.

Денес сме компанија која инвестирала над 9 милиони евра на нашиов пазар и располага со портфолио од 76 милиони евра и 54 илјади број на случаи во својата база на податоци. Компанија која инвестирала речиси 2 мил евра во развој и имплементација на системи за управување со податоци и системи за безбедност при управување со тие податоци. Во 2022 година се стекнавме со сертификат ИСО 27701 кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на сертификатот ИСО 27001. Особено задоволство ми е што нашата компанија е четврта во оваа земја која се здоби со овој сертификат и единствена во финансискиот сектор којашто ги имплементира овие стандарди.“ – изјави д-р Бошевска. „Бевме мотивирани да докажеме на нашите колеги од европскиот пазар во нашата групација, на нашите клиенти, на нашиот пазар, дека и овде во Македонија може да се работи по европски стандарди, дека ЕОS е партнер секаде. Пред 5 години ЕОS ви даде ветување и се обврза, денес можам гордо да кажам дека го исполнуваме тоа ветување.

Долгото искуство на пазарот кое го поседува ЕОС Матрикс, стекнато низ изминатите две децении, заедно со експертизата која ја поседува како меѓународна комапнија докажува дека ЕОЅ Матрикс е сигурен избор, доверлив и стабилен партнер за управување со побарувањата.

На настанот, во знак на благодарност за богатото минато и постигнатите резултати, но и со јасна цел за понатамошно продолжување на унапредувањето на домашниот финансиски пазар, ЕОЅ Матрих додели неколку признанија. Стопанска Банка АД Скопје, како прв и најдолг клиент и соработник на ЕОЅ Матрих беше препознаена за успешната соработка и лојалност. Ова признание, во име на Банката го прими Генералниот Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска Банка, г-дин Диомидис Николетопулос.

 

Второто признание кое беше доделено ѝ припадна на Шпаркасе Банка АД Скопје, по повод успешната имплементација на европскиот модел на управување со нефунцкционални пласмани, банка со која ЕОЅ за прв пат на домашниот пазар реализише откуп на побарувања во 2015 година. Признанието го прими Златица Трпеска Цивкароски, директор на Дирекцијата за наплата и управување со колатерали во Шпаркасе Банка.

На овој посебен настан кој се одржа во Македонска Филхармонија присутните меѓу кои претставниците на Министерството за финансии на Р. С. Македонија, амбасадорот на Р. Германија, претставниците на Народната Банка на Република Северна Македонија, банките, финансиските друштва и здруженија, претставниците на медиумите, партнер компаниите и соработниците како и претставниците на компаниите ЕОЅ во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Словенија, заедно со вработените на ЕОЅ во Македонија имаа посебна можност во поинаква атмосфера да се осврнат на 20 успешни години постоење на ЕОЅ.

ЕОЅ Матрих Македонија на гала настанот ги најави и активностите кои следат во текот на годината, преку кои компанијата ќе го продолжи одбележувањето на овој значаен јубилеј. Сите новини можете да ги следите на социјалните мрежи на ЕОЅ: LinkedIn и Facebook.

Останато

Изготвувањето на потрошувачката кошничка е при крај, треба да биде донесена до 30 јуни

Објавено

на

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е во завршна фаза, а крајниот рок за нејзино усвојување останува 30 јуни, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој информираше дека документот веќе бил разгледан од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), кои доставиле забелешки и предлози што моментално се обработуваат.

Според Дурмиши, потрошувачката кошничка повторно ќе се најде на дневен ред на наредната седница на ЕСС, по што ќе се утврди дали се потребни дополнителни измени. Доколку сите страни постигнат согласност, кошничката ќе биде официјално објавена и достапна за јавноста.

Министерот посочи дека Министерството во моментов е целосно фокусирано на исполнување на обврските од реформската агенда.

– Работните групи активно работат на сите потребни чекори, а техничките детали околу потрошувачката кошничка се при самиот крај. Забелешките и критиките од членовите на ЕСС се разгледуваат и дел од нив ќе бидат вклучени во финалната верзија – изјави Дурмиши.

Тој нагласи дека по завршување на обврските поврзани со реформската агенда, институциите дополнително ќе се посветат на финализирање на документот.

Продолжи со читање

Останато

Интегритетот како темел на довербата: УЈП и ДКСК преку обуки кон зајакнување на етичките стандарди

Објавено

на

Управата за јавни приходи, во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 12 мај во Клуб на пратеници во Скопје одржаа обука на тема „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“. Целта на обуката беше препознавање и спречување на непрофесионално, неетичко и коруптивно однесување.

На настанот воведно обраќање имаа директорката на УЈП, м-р Елена Петрова и претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ. Во своето обраќање директорката Петрова истакна дека интегритетот не е само лична вредност, туку и институционална обврска, врз која се гради довербата на граѓаните и деловната заедница во системот.

Таа посочи дека, по донесувањето на Декларацијата за даночна етика, Управата за јавни приходи активно работи и на подготовка на Стратегија за интегритет и анти-корупција, со која се воспоставуваат јасни принципи, стандарди и механизми за професионално, одговорно и транспарентно постапување.

„Се обврзуваме на систем во кој нема „брзи ленти“, нема „тивки интервенции“ и нема различни правила за различни луѓе. Корупцијата не започнува со големи афери. Таа започнува тогаш кога правилата почнуваат да зависат од лични контакти, неформални барања и услуги „да се провери“, „да се забрза“, „да се среди“ или „да се премолчи“, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова.

Претставниците на ДКСК истакнаа дека особено е значајна заложбата на УЈП за развивање интерни политики, етички стандарди и механизми за превенција на корупцијата, како и градење институционална култура заснована на одговорност, транспарентност и законито постапување.

Во контекст на работата на УЈП, беше истакнато дека институцијата постапува со чувствителни податоци, носи одлуки со директно влијание врз граѓаните и деловниот сектор и работи во средина во која е особено важно да се препознаваат и навремено да се управуваат ризиците од притисоци, неформални влијанија, судир на интереси и злоупотреба на службени информации.

Целта на ваквите едукативни активности е службените лица навремено да ги препознаат ризичните ситуации, да знаат како правилно да постапат, кога да побараат совет, кога да пријават приватен интерес и кога да се изземат од постапување. На тој начин, како што беше истакнато, се заштитуваат и институцијата и вработените, а се јакне довербата на граѓаните и правните лица во јавниот сектор.

Директорката Петрова пред присутните порача дека градењето институција со висок интегритет подразбира доследна примена на правилата, транспарентност во постапувањето и професионален однос во секојдневната работа. Особен акцент беше ставен и на личната одговорност на секој вработен во создавањето институционална култура во која чесноста, отчетноста и еднаквиот третман се вредности што се живеат секојдневно, а не само формално пропишани принципи. Додаде и дека довербата на граѓаните се гради преку доследност, предвидливост и професионално постапување, но и преку подготвеноста институциите отворено да ги препознаваат ризиците и континуирано да работат на нивно надминување и зајакнување на довербата во даночните службеници и УЈП.

„Довербата во УЈП ќе ја зајакнеме со интегритет, транспарентност и доследност секој ден, во секој предмет, за секој рок, во секој контакт со даночен обврзник и во секоја одлука што ја носиме“, порача Петрова.

Таа додаде дека Управата за јавни приходи останува посветена на унапредување на етичките стандарди, јакнење на професионалниот интегритет и создавање институционална култура заснована на одговорност, еднаквост, професионализам и владеење на правилата.

Обуката „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“ е дел од континуираната соработка меѓу ДКСК и институциите од јавниот сектор за зајакнување на системот на интегритет, унапредување на професионалните стандарди и развивање култура на одговорно, законито и непристрасно постапување. На обуката учествуваа 46 вработени.

Продолжи со читање

Бизнис

Отворен е повикот за Western Balkans Startup Accelerator – една од највозбудливите можности за стартапи во рана фаза од регионот!

Објавено

на

Стартапи од Македонија и регионот добиваат нова можност за забрзан раст и излез на интернационалната сцена преку „Western Balkans Startup Accelerator“ програмата креирана од еден од најреномираните топ светски акцелератор и инвеститор „Startup Wise Guys“ и поддржана од Zephyr Angels како нивен инвестициски партнер од Македонија.

Стартапите ќе добијат практична поддршка за раст, развој на продукт, fundraising и излез на интернационални пазари преку хибриден формат што комбинира online и onsite сесии низ регионот и Европа.

Дополнително, стартапите добиваат можност за инвестиција од 50.000€, а најдобрите тимови ќе можат да аплицираат и за дополнителна follow-on инвестиција до 250.000€.

Ова не е класична едукативна програма, туку hands-on искуство за founders кои сакаат брзо да учат, да градат релевантни контакти и да го позиционираат својот стартап на следното ниво.

Апликациите се отворени до 18 мај.

Повеќе информации и аплицирање: Western Balkans Startup

Western Balkans Startup Accelerator

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange