Connect with us

Бизнис

NLB Lease&Go со флексибилни лизинг решенија за различни модели на возила

Објавено

на

NLB Lease&Go им нуди на клиентите можности за избор и финансирање различни модели на возила, од градски автомобили до модели погодни за подолги патувања.

Компанијата промовира флексибилни лизинг решенија, со можност клиентите да изберат возило според своите потреби, стил и планови.

Од NLB Lease&Go посочуваат дека постапката е едноставна и брза, а достапни се различни можности за финансирање.

Повеќе информации за понудата и условите се достапни на официјалната веб-страница на NLB Lease&Go.

Бизнис

Во Скопје денеска конференција посветена на новата генерација Еврокодови

Објавено

на

Во Стопанската комора денеска ќе се одржи Националната конференција за Еврокодови 2.0, под наслов „Од стандардизација до национална имплементација“.

Настанот ќе биде посветен на активностите и следните чекори за воведување на втората генерација европски стандарди за проектирање и градба во земјава.

Како дел од конференцијата е предвидено и потпишување Национална иницијатива за имплементација на Еврокодовите 2.0 за периодот 2027–2030 година.

Потписници на иницијативата ќе бидат претставници на Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Институтот за стандардизација, Градежниот факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како и Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Конференцијата треба да придонесе кон координиран пристап меѓу институциите, стручната јавност и градежниот сектор во процесот на примената на новата генерација европски стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Успешно заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза

Објавено

на

Вчера заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза, која во текот на два конференциски дена обедини повеќе од 250 учесници од финансискиот сектор.

На настанот учествуваа 27 говорници и панелисти од шест држави, а програмата опфати осум специјални презентации, три дискусии и дебати, како и две интервјуа на бина.

Во фокусот беа актуелни теми поврзани со развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативните извори на финансирање, банкарството, инвестирањето, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии.

Годишната конференција на Македонска берза веќе 25 години претставува една од позначајните платформи за размена на знаења, искуства и идеи, како и за поврзување на претставници од финансискиот сектор во земјава и регионот.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија ја реализираше првата петгодишна корпоративна обврзница од 3 милиони евра за четири дена

Објавено

на

Иуте Македонија целосно ја реализираше својата прва петгодишна корпоративна обврзница во износ од 3 милиони евра за само четири дена. Обврзницата е со фиксна купонска каматна стапка од 8,5 проценти годишно.

Искуството од процесот на издавање на обврзницата беше презентирано на 25-тата годишна конференција на Македонската берза, каде финансиската директорка на Иуте Македонија, Нина Мојсова, говореше за вклучувањето на капиталниот пазар во стратегијата за понатамошен развој на компанијата.

Според Мојсова, успешното излегување на капиталниот пазар не е резултат само на моменталниот интерес на инвеститорите, туку на повеќегодишна подготовка, финансиска дисциплина, управување со ризици, технолошки развој и корпоративно управување.

„Подготвеноста за капиталниот пазар се гради со години. Растот на бизнисот, финансиската дисциплина, управувањето со ризици, технологијата и корпоративното управување ја создаваат основата. Кога ќе излезете пред поширока инвеститорска јавност, расте и нивото на одговорност, транспарентност и дисциплина во управувањето“, истакна Мојсова.

Од компанијата посочуваат дека иако емисијата била реализирана за четири дена, на одлуката на инвеститорите влијаат подолгорочните резултати и развојот на компанијата, нејзината способност да се приспособува на пазарните и регулаторните промени, управувањето со ризиците, како и капацитетите за понатамошен раст.

Кај финтек-компаниите, дополнителен фактор е и технолошката инфраструктура и способноста за скалабилен развој, поради што инвеститорите при носењето одлуки го оценуваат поширокиот развоен пат и долгорочната стратегија на компанијата.

Во Иуте Македонија оценуваат дека успешната реализација на обврзницата покажува дека на домашниот пазар постои инвеститорски интерес за компании со јасна стратегија, финансиски резултати и планови за раст.

Емисијата претставува нов чекор во развојот на Иуте Македонија и, според компанијата, треба да придонесе за поголема видливост пред домашната и регионалната инвеститорска јавност, како и да отвори дополнителни можности за финансирање на идниот раст.

Од компанијата додаваат дека капиталниот пазар во иднина ќе има поголема улога во нивната стратегија, при што довербата од инвеститорите ја зголемува и обврската за поголема транспарентност, дисциплина и остварување на планираните резултати.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange