Банки
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2023 година
“Народната банка постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла, што е основа и за осмислување и водење здрави економски политики. Нашата цел е да ги поддржиме младите економисти да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците во економијата. Истовремено, го нагласуваме значењето на научната мисла кај младите лица кои се идни носители на политиките”. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска при доделувањето на плакетата за прва награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството, којашто годинава ѝ е доделена на Александра Данева за трудот: „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“.
Александра Донева се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија. Денес, своето знаење го надградува со работно искуство како финансиски аналитичар во Друштвото за управување со отворени инвестициски фондови „ВФП Фонд менаџмент“ АД Скопје.
Наградениот труд ги испитува карактеристиките на фирмите коишто влијаат врз приносите од акциите и ја моделира променливоста на индексот на Македонската берза. Притоа, приносите на индексот и карактеристиките на фирмите се споредуваат со примерот на Словенија, како земја на повисоко ниво на развој.
Одборот за оценување, со кој годинава претседаваше вицегувернерката Ана Митреска, чии членови беа Билјана Давидовска-Стојанова, директорка и Гани Рамадани, самостоен советник во Дирекцијата за монетарна политика и истражување, дадоа највисока оценка за наградениот труд, раководејќи се, меѓу другото, од релевантноста на истражуваното подрачје, соодветноста на користениот статистичко-економетриски пристап и дадените заклучоци и препораки.

Народната банка презема бројни активности со кои ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Така, досега се одржани 46 сесии на Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови. Покрај ова, централната банка ја доделува и Годишната награда за млади истражувачи, којашто годинава се доделува по седумнаесетти пат. Со наградата за истражувачки труд, Народната банка ја мотивира младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.
Наградениот труд е објавен на веб-страницата на Народната банка и е достапен овде.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





