Криптовалути
БИТКОИНОТ НЕ ЗАСТАНУВА – најпознатата криптовалута повторно се искачи на историски највисоко ниво
Цената на биткоинот се искачи над нивото од 79.000 долари за прв пат во една недела во текот на која достигна неколку нови највисоки нивоа откако Доналд Трамп беше избран за нов претседател на САД.
На 10 ноември, најпознатата криптовалута Биткоин (BTC) достигна историски ново највисоко ниво од 79.700 американски долари на берзата за криптовалути „Coinbase“. Иако, интерсеот за криптовалутите и пред се биткоинот расте од ден на ден, сепак, трговците предупредија да не прават никакви импулсивни потези сè уште.
Растот на Биткоин и постигнувањето на новото највисоко ниво може да се припише на неколку фактори:
- Политички фактори: Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД може да ја поттикне побарувачката за криптовалути, како за заштита од инфлација или геополитичка несигурност. Сепак, во случај на нејасност во политиката, криптовалутите често се сметаат за “безбедно прибежиште”.
- Институционален интерес и растечка прифатеност: Се чини дека интересот на институционалните инвеститори за криптовалутите расте, што влијае на зголемената потрошувачка и поскапувањето на цената.
- Поддршка од крипто-аналитичарите: Многу експерти го гледаат ова како можност за долгорочни инвестиции, што ја потврдува стратегијата „HODL“ (задржи и не продавај), особено за оние кои веруваат во потенцијалот на криптовалутите во иднина.
Криптоаналитичарот Тур Деместер во објава на социјалната мрежа „X“ напиша дека „не е потребна непромислена акција, HODL ја врши работата за вас“. Тој понатаму изјави:
„79 илјади долари Биткоин, нов ATH. Постојано луѓе, ова е само почеток. Ова е време да се биде во право и да седите цврсто“, објави Деместер на „X“.
Популарниот крипто аналитичар „Invest Answers“ им напиша на своите 227.400 Х следбеници: „Полетуваме“, откако Биткоинот ја проби цената од 79.000 долари.
Криптовалути
БИТКОИНОТ МАРШИРА КОН ГРАНИЦАТА ОД 100.000 ДОЛАРИ – до каде ќе расте неговата цена?
Најпознатата криптовалута биткоин од ден на ден ја зголемува својата вредност и секојдневно достигнува нови историски рекордни вредности. Во текот на денот, биткоинот фати залет и дополнително се приближи кон границата од 100.000 долари, бидејќи инвеститорите се обложуваат дека новата администрација ќе има пофлексибилен и попријателски пристап кон криптовалутите, што го поттикнува интересот за инвестирање во биткоини и останати криптовалути.
Цената на биткоинот за првпат надмина 97.000 долари во азиското трговање, достигнувајќи највисоко ниво од 97.813 долари.
Биткоинот се зголеми повеќе од двојно оваа година и порасна за околу 40% за две недели откако Трамп беше изгласан за нов претседател на САД, а дополнителен катализатор на растот беше и изборот на голем број на конгресмени во Конгресот на САД кои се про-крипто настроени.
„Иако, во моментов се наоѓа цврство во зоната на прекумерно купување (overbought), цената на биткоинот цели кон нивото од 100 илјади долари“, рече аналитичарот на „IG Markets“, Тони Сајкмор.
Трамп ги прифати дигиталните средства за време на неговата предизборна кампања, ветувајќи дека ќе гo направи САД „крипто главен град на планетата“ и дека ќе акумулира национални залихи на биткоин.
По завршување на изборите во САД, повеќе од 4 милијарди долари се влеаа во американските трговски фондови со кои се тргува со размена на биткоини популарно нарачени Биткоин спот ЕТФ фондови.
Оваа недела имаше силно деби за опции на „BlackRock ETF фондот“, отворајќи ново поглавје, со опции за купување (облози) дека цената ќе продолжи да расте.
Криптовалути
БИТКОИНОТ И ТРАМП СТАНУВААТ НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ – најпознатата криптовалута достигна рекордна вредност по веста дека компанијата на новоизбраниот претседател купува платформа за тргување со криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута Биткоинот достигна ново рекордно високо ниво од 94.700 долари, по извештаите дека медиумската компанија на Доналд Трамп, „Trump Media and Technology Group“ (TMTG) е во преговори за купување на команијата за трговија со криптовалути „Bakkt“.
Оваа вест ја зголеми цената на биткоинот и дополнително ги поттикна очекувањата за пријателскиот однос на идната администрација на Трамп кон криптовалутите и помалку рестриктивната регулатива.
Вредноста на биткоинот оваа година се зголеми повеќе од двојно, достигнувајќи рекордни нивоа, а трговците го искористија новото тргување со опциите на „Nasdaq“ поврзани со Bitcoin ETF на „BlackRock“. Пазарот на криптовалути е под значителен притисок за раст, со глобална пазарна вредност која сега надминува 3 трилиони долари.
Експертите веруваат дека потенцијалната зделка на медиумската компанија на Доналд Трамп, „Trump Media and Technology Group“ (TMTG) со команијата за трговија со криптовалути „Bakkt“ би можела да игра клучна улога во натамошниот раст на криптовалутите.
Криптовалути
Глобалниот пазар на криптовалути достигна пазарна вредност од над 3 трилиони долари
Вредноста на глобалниот пазар на криптовалути надмина 3 трилиони долари бидејќи изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД поттикна облози дека попријателската американска регулатива може да доведе до нов бум за сите сегменти од поризичните инвестиции меѓу кои и криптовалутите.
Вкупната пазарна вредност на криптовалутите достигна највисоко ниво од речиси 3,2 трилиони долари на почетокот на 14 ноември во Азија, врз основа на аналитиката и агрегаторот на податоци „CoinGecko“. Тоа го става крипто секторот над бурните денови од 2021 година, кога стимулациите од ерата на пандемијата ги поттикнаа шпекулативните инвестиции и означува заживување од пред само неколку месеци кога цените на криптовалутите беа драстично намалени.
Биткоин, како најголема криптовалута, доминира на крипто-пазарот, достигнувајќи рекордна вредност од 93.480 американски долари.
„Општо земено, начинот на кој функционира овој пазар е дека биткоинот ќе пробие до рекордни вредности, а потоа истото ќе следи со остатокот од алткоините“, рече Метју Диб, главен инвестициски директор и менаџер за крипто-инвестиции во „Astronaut Capital“. „Значи, постои таа постепена алокација на капиталот…и тогаш можеме да очекуваме вкупната пазарна капитализација дополнително да се зголеми“, додаде тој.
Изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД, а заедно со него и тој на неколку про-крипто конгресмени во Конгресот на САД, го поттикна бранот на еуфорија со потенцијално расчистување на одредената несигурност околу крипто-прописите во САД.
Биткоинот, кој во моментов се тргува по цена од околу 90.500 долари, се удвои оваа година и порасна за 30% од изборите во САД на 5 ноември. Втората по големина криптовалута етериум е зголемен за околу 33% од гласањето на 5. октомври и сега се тргува по цена од 3.150 долари.
Доџ коинот, алтернативен и нестабилен (meme) токен промовиран од милијардерот и најголем сојузник и подрржувач на Трамп, Илон Маск, ја зголеми својата вредност за 140%.
Фондовите со кои се тргува на крипто берзите, Спот биткоин ЕТФ, привлекоа околу 4,05 милијарди долари нето-приливи од 6 ноември, врз основа на податоците на „Refinitiv Lipper“, или околу 15% од вкупните приливи од нивното лансирање во јануари оваа година.
Трамп во својата кампања се осврна на американска „стратешка резерва на биткоин“, слична на онаа на златото, која би ја поседувала американската влада, но деталите се нејасни.
Сегашниот пораст би можел да продолжи понатаму.
„Ентузијастите на биткоин се познати по смелите предвидувања, но достигнувањето на 100.000 долари до крајот на годината се чини многу изводливо“, изјави Карл Сантир, основач и управен партнер во „Blockstone Capital“.
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери