Connect with us

Криптовалути

БИТКОИН МАНИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Најпознатата криптовалута достигна рекордни 93.000 американски долари

Објавено

на

Најголемата и најпознатата светска криптовалута Биткоин постигна рекордна вредност од 93.480 долари – пораст од 32% по изборите во САД на 5 ноември на кои победи Доналд Трамп. Растот е поддржан од победата на Доналд Трамп, кој во својата кампања вети дека САД ќе станат глобален центар за криптовалути и дека ќе се инвестира во национални резерви на биткоин.

Биткоинот во средата ја достигна својата највисока вредност од 93.480 долари, но потоа минимално ја намали својата вредност на околу 90.000 американски долари. Во моментов биткоинот се тргува по цена од 90.700 долари за еден биткоин.

Покрај биткоинот, и другите криптовалути бележат значителен пораст на вредноста, етериум порасна за 37%, додека доџ-коинот, поддржан од Илон Маск, кој беше најголем поддржувач на Трамп во кампањата забележа раст од над 150%.

„Клучни области што треба да ги следиме се можните регулаторни промени, зголеменото институционално инвестирање и активности како национална резерва на биткоин и развојот на копање биткоини“, изјави Карл Сантир, управен партнер на „Blockstone Capital“.

Крипто-инвеститорите се надеваат на олеснување на регулативите под претседателство на Трамп, а новиот крипто-бизнис на Трамп, „World Liberty Financial“, може дополнително да ја зајакне крипто-индустријата во САД.

„Многу луѓе веруваат дека неизбежно ќе дојдеме до биткоин со цена од 100 илјади долари“, рече Џеј Џеј Кинахан, извршен директор на ИГ Северна Америка и претседател на брокерството за малопродажба на „Tastytrade“. „Очекувам биткоинот да продолжи да гради импулс, барем до инаугурацијата кога ќе дознаеме кои се вистинските планови да се стигне до таму“, додаде тој.

Криптовалути

Црвен ден за криптопазарот: Биткоинот и водечките криптовалути повторно во минус

Објавено

на

Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали.

Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум забележа благо намалување, при што неговата вредност се спушти на 1.900,17 долари, или 0,38% пониско во однос на претходниот ден.

Поголеми загуби беа регистрирани кај останатите водечки криптовалути. „BNB“ ја намали вредноста за 1,06%, „Solana“ загуби 1,49%, додека „XRP“ го забележа најголемиот дневен пад меѓу најтргуваните дигитални средства, намалувајќи се за 2,43%.

Од друга страна, стабилните криптовалути „Tether“ (USDT) и „USD Coin“ (USDC) останаа речиси непроменети, задржувајќи ја вредноста околу еден американски долар.

Според пазарните аналитичари, актуелните движења претставуваат дел од краткорочна корекција, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели, движењето на американскиот долар и можните нови регулаторни мерки кои би можеле да влијаат врз криптопазарот.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст

Објавено

на

Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.

Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.

Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.

Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.

Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.

Продолжи со читање

Криптовалути

Русија усвои сеопфатен закон за регулирање на криптовалутите

Објавено

на

Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници.

Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата.

Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. Законот предвидува воспоставување регистар на лиценцирани криптоберзи, брокери и други даватели на услуги, додека надзорот над пазарот ќе го врши Централната банка на Русија.

Новата регулатива ја задржува можноста криптовалутите да се користат во одредени меѓународни трансакции. Тоа би можело да им го олесни прекуграничното плаќање на руските компании во услови на западни санкции.

Малите инвеститори ќе можат да ги купуваат најликвидните криптовалути преку овластени посредници, со годишно ограничување од 300.000 рубљи кај секој посредник. Квалификуваните инвеститори ќе имаат значително пошироки можности за тргување.

Со законот Русија продолжува да го формализира пазарот на дигитални средства, но ја задржува строгата контрола врз нивната употреба во домашниот платен промет, објави „Коинпејпер“.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange