Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Секторот за финансиско управување во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Сегментот на финансиска оператива.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци и НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Соработник за сметководство/оператива
во Сектор за финансиско управување,
Служба за Финансиска оператива
Улога во тимот:
- Управување со влезна документација, евиденција и плаќање на обврските на Банката по основ на користени добра и услуги согласно МСС и стандардите прифатени во СР Македонија;
- Примена на моделот на примарна евиденција на оперативните трошоци на Банката (OPEX) и инвестиции (CAPEX) согласно законска регулатива и реалокација согласно интерните политики и политиките на НЛБ Групацијата;
- Подготовка прегледи/извештаи од областа на трошоците и инвестиции за потребите на одлучување на Банката, НЛБ Групацијата и надворешни институции;
- Примена на законска регулатива од даночната област, примена на Политика на даночен штит, даночен консалтинг во Банката, подготовка на прегледи/извештаи од даночна област;
- Комуникација со членките на НЛБ Групацијата по однос на побарувања, обврски и трошоци по интерни односи;
- Комуникација со надворешни институции Управа за јавни приходи, НБРМ и други органи и институции.
Потребни квалификации и компетенции:
- Висока стручна подготовка (од економска или друга насока);
- Минимум 3 години работно искуство од областа на сметководствените стандарди и даночна област;
- Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Изразени иницијатива, комуникациски и тимски способности, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 21.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Соработник за сметководство/оператива.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
