Connect with us

Продукти

ПроКредит Банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

Објавено

на

ПроКредит Банка го претстави новиот Станбен кредит кој нуди конкурентни услови и е наменет за лица кои планираат да инвестираат во нов дом или да ги рефинансираат постоечките станбени кредити. Новата понуда нуди транспарентни услови и фиксни каматни стапки за период од 5 и 10 години, овозможувајќи стабилност и сигурност.

Покрај фиксните каматни стапки, кои изнесуваат само 3,25% за првите 5 години и 3,6% за првите 10 години, новиот кредит на ПроКредит Банка е без трошоци за исплата, како и без задолжителна полиса за животно осигурување.

Уште една значајна предност е тоа што клиентите имаат можност да искористат 20% од средствата неконтролирано за уредување на домот или реновирање, што дополнително ја зголемува атрактивноста на оваа понуда.

„Станбениот кредит го креиравме со цел да им овозможиме на нашите клиенти поддршка во остварувањето на нивните планови со обезбедување финансиска сигурност и можност за долгорочно планирање преку предвидливост во отплатата. Со фиксните каматни стапки и отсуството на дополнителни скриени трошоци, веруваме дека обезбедивме најповолни услови за оние кои сакаат да направат важен чекор кон нов дом или да го оптимизираат веќе постоечкиот кредит“, појаснуваат од ПроКредит Банка.

Станбениот кредит е создаден за клиенти кои бараат сигурен партнер, нудејќи им стабилност во финансиското планирање со фиксни месечни рати.

ПроКредит Банка продолжува да ја нагласува својата посветеност на транспарентноста и фокусот кон клиентите, нудејќи решенија кои обезбедуваат долгорочна финансиска одржливост.

Сите информации за новиот Станбен кредит на ПроКредит Банка се достапни на следниот линк.

Продукти

Промотивно големи поволности за сите корисници на Visa картички од Централна кооперативна банка!

Објавено

на

За празничните моменти да бидат уште подобри, Visa и ЦКБ овозможуваат многу поволности за плаќање со ЦКБ Visa картичките:

  • Секоја среда во Cineplexx, при купување билет со ЦКБ Visa картичка, вториот билет го добивате бесплатно. (до 31.12.2024);
  • Попуст од 2.000 МКД за секоја онлајн трансакција повисока од 9.999 МКД во веб-продавницата на Neptun. (до 31.01.2025);
  • До 6% инстант награда при резервација на Booking.com. (до 31.12.2024);
  • 15% попуст при нарачка на достава од Екологистик сервис со плаќање со ЦКБ Visa картичка. (до 31.01.2025).

Понудите важат до наведениот датум или до целосно искористување на средствата предвидени за промоцијата.

Плаќајте со Visa картичките – брзо, лесно и безбедно.

За повеќе информации за празничните поволности од ЦКБ при плаќање со картичките Visa, посетете: https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/xmas.html

Продолжи со читање

Продукти

Промо депозит на Халкбанк – Вашиот клуч до финансиска слобода

Објавено

на

Во современиот свет на економски предизвици, штедењето се наметнува како суштинска потреба за градење стабилна иднина. Сè повеќе луѓе сфаќаат дека патот до финансиска независност започнува со мудри одлуки за штедење. Без разлика дали сакате да создадете сигурносен фонд, планирате големи животни чекори или градите долгорочна финансиска стабилност – паметното штедење е темелот на секој успешен финансиски план.

Размислувате за штедење, но не знаете од каде да започнете? Халкбанк има решение. Промо депозитот е создаден токму за оние кои бараат сигурен начин да ги оплодат своите финансии. Комбинацијата на конкурентни каматни стапки и сигурноста на Вашите средства е она што го издвојува и истакнува овој производ.

Со почетен влог од 30.000 денари или 500 евра, Промо депозитот е достапен за секој кој планира да инвестира во својата иднина. Изберете го периодот на орочување што најдобро одговара на вашите планови – 13 или 25 месеци, со привлечни фиксни каматни стапки што гарантираат сигурен принос. На пример, за рок на орочување од 13 месеци, годишната каматна стапка е 3,30% за депозити во МКД и 2,30% за депозити во ЕУР, додека за 25 месеци овие стапки достигнуваат 3,80% за МКД и 2,80% за ЕУР.

Контролата е целосно во ваши раце – вие одлучувате дали сакате месечна исплата на каматата или на крајот на периодот на орочување.

Финансиските експерти се едногласни – сегашниот момент е идеален за започнување со штедење. Промо Депозитот на Халкбанк не е само банкарски производ – тоа е ваша алатка за градење на постабилна финансиска иднина.

Вашата финансиска сигурност започнува со една мудра одлука. Направете го првиот чекор кон поголема финансиска слобода со Промо депозитот на Халкбанк. Оваа понуда важи до 31.12.2024 година.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3%

Објавено

на

Пред нас е најубавиот период од годината – празнувањето на новогодишните празници, а со него и трошоците за празничните задоволства со кои ќе направиме новогодишната магија силно да блесне, како за нас, така и за нашите најсакани. НЛБ, како Банка која постојано се прилагодува на потребите и барањата на клиентите, воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, овозможувајќи им на своите клиенти да уживаат во претстојните празници.

Празничната понуда се однесува на сите оние кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит до 15 jануари, 2025 година. Аплицирањето за потрошувачките кредити во НЛБ Банка е брзо и едноставно, пришто клиентите можат да изберат дали сакаат да земат кредит директно преку мобилен телефон или во некоја од експозитурите на Банката.

Со само неколку клика на мобилниот телефон, клиентите можат да поднесат барање за мКлик кредит до 1.500.000 мкд, кој е без трошоци за одобрување, а конкурентата каматна стапка од 5,3% е фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Па така, ако сте примател на плата во НЛБ Банка, сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата НЛБ мКлик, која е достапна на Google Play и на App store и да го активирате НЛБ мКлик пакетот со право на плаќање. Потоа следете го процесот на аплицирање, внесете го бараниот износ на кредит и рок на отплата и пополнете ги сите потребни полиња. За само неколку минути по одобрувањето, средствата од кредитот ќе бидат исплатени веднаш, директно на вашата трансакциска сметка.

Дополнително, за потрошувачкиот кредит со истата каматна стапка, клиентите можат да аплицираат и во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, каде одобрувањето на кредитот е за помалку од 30 минути.

Повеќе детали за празничната понуда на НЛБ потрошувачки кредити се достапни на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку Контакт центарот на: 02/15 600.

Продолжи со читање

Популарно