Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

no baners

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Битола.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Раководител на
Експозитура Битола

Улога во тимот:

  • Обезбедување континуирано оперативно функционирање на експозитурата;
  • Раководење со процесите на благајничко и картично работење, платен промет, кредитирање, девизно работење, лично банкарство;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Управување со динамични процеси за обезбедување насоченост кон клиентите;
  • Континуирано унапредување на процесите, учество во креирање и следење на деловната стратегија на Банката;
  • Организирање и следење на работата, мотивирање и професионален развој на вработените;
  • Одржување на тимска синергија и високо ниво на комуникација со колегите и раководството на Банката;
  • Познавањето на работењето и работните процеси во Банката, како и изразените комерцијални предиспозиции ќе бидат твојата предност која се надеваме дека ќе можеш да ја искористиш на наведеното работно место.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
  • Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 25.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Раководител на Експозитура Битола.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange