Connect with us
no baners

Банки

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Објавено

на

no baners

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните платежни картички.

Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките или од лични документи.

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и емаил пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

„Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или емаил порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“.

За да се заштитите од злоупотреба, вооопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни”, стои во дел од соопштенијата на македонските банки.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката и да се спречи можна злоупотреба.

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange