Connect with us

Анализи

Најголеми добитници се должниците, најголеми губитници државниот буџет, банките, финансиските друштва и другите позајмувачи – тоа е цената на простените долгови

Објавено

на

Должниците повторно, по кој знае кој пат во оваа држава, ќе бидат најголемите добитници од законските измени за застареност на долговите после 10 години, а најголеми губитници ќе бидат државниот буџет, индивидуалните доверители што позајмиле пари и финансиските друштва, коментираат правници и познавачи на финансиските состојби во земјава. Според нив, долговите кон банките најверојатно ќе излезат како најголем апсолутен износ, но тоа нема да има големо влијание врз банките затоа што тие веќе ги имаат резервирано овие побарувања и затоа сега нема да бидат оштетени нивните биланси.

Но, затоа финансиските друштва ќе имаат големи штети затоа што ќе мора да се простат од сите побарувања што ги немаат наплатено повеќе од 10 години. Исто така, сите компании и граѓани што позајмувале пари на правни или физички лица, а не ги добиле назад ќе немаат начин како да си ги вратат парите. Извршителите ќе мора да ги запрат сите постапки за наплата на долгови постари од 10 години, за кои настанува апсолутна застареност после одлуката на Уставниот суд да ги одобри измените во Законот за извршување. 

Правниците и финансиските експерти коментираат дека ваков преседан во правната област се нема случено досега, а веројатно ни историјата не памети ваков упад во должничко-доверителските односи кои се веќе регулирани со низа законски решенија. Со овие законски измени, не постои механизам за наплата на побарувањата без разлика што должниците законски се обврзале да ги вратат позајмените пари во утврден рок. Освен популистички цели, не постои друго објаснување за ваквото законско решение, при што и самиот популизам плаќа висока цена затоа што огромен број доверители остануваат покуси за илјадници, па и милиони евра сопствени средства, велат тие.

Притоа, и државата без грижа се откажува од милионски износи што ги побарува од компании и граѓани по различни основи. Крајната штета ја трпи државната каса затоа што таа останува покуса за милиони евра кои биле планирани во буџетот низ годините наназад и можеле да се трошат, на пример, за здравството, образованието, инфраструктурата, почиста животна средина. Јавните и државните претпријатија, кои ќе треба да ги простат долговите на граѓаните и фирмите за вода, струја и други комунални услуги, сепак нема да бидат крајно оштетени затоа што голем дел од нив во исто време се и огромни должници по основ на даноци и редица други обврски кон државата.

Тоа го покажува и листата на должници што ја објавува Управата за јавни приходи. Последната листа објавена во јануари, на пример, содржи 1.857 должници-правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 3.715 должници-физички лица (повеќе за 73 од претходната листа). Вкупниот долг изнесува 10.107.996.649 денари (164,4 милиони евра) што е повеќе за 1.053.635.038 денари (околу 17 милиони евра) во однос на претходната листа. На оваа листа, покрај приватни компании и граѓани, се наоѓаат и јавни претпријатија за комунални услуги, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, Национални шуми, јавни здравствени установи и други државни претпријатија. Со законските измени тие ќе се ослободат од најголем дел од овие долгови, а сигурно нема да испланираат и враќање на тие што не се постари од 10 години затоа што законот им дозволува да бидат редовни неплаќачи. 

Правниците и финансиските аналитичари се децидни дека овие законски измени ќе ја стимулираат само сивата економија, а друг бенефит ќе нема за никого. 

Анализи

Златото нагло падна за над 4% под притисок на силниот долар и геополитичките тензии

Објавено

на

Цената на златото забележа остар пад од над 4% за време на европското тргување, повлекувајќи се од двонеделен максимум достигнат претходно во азиската сесија и насочувајќи се кон прва загуба по пет дена раст.

Падот следува по забрзаното прибирање профити од инвеститорите, но и по зајакнувањето на американскиот долар во однос на кошницата светски валути. Индексот на доларот порасна за 0,65%, што дополнително изврши притисок врз цената на благородниот метал.

Цената на златото денеска се намали за 4,3% на 4.554 долари, откако претходно достигна врв од 4.800 долари, највисоко ниво од 19 март.

Пазарите реагираа и на најновите геополитички случувања поврзани со воените активности на САД кон Иран, што ја зголеми неизвесноста кај инвеститорите.

Истовремено, цените на нафтата пораснаа за околу 9%, достигнувајќи највисоки нивоа во последните четири недели, поради стравувањата од нарушување на снабдувањето од регионот на Персискиот Залив, особено поради затворањето на Ормутскиот теснец.

Зголемените цени на нафтата ги засилија очекувањата за можно зголемување на каматните стапки во САД. Според пазарните проценки, веројатноста за зголемување на каматите порасна на 5%, додека шансите тие да останат непроменети се намалија.

Инвеститорите внимателно ги следат и податоците од американскиот пазар на труд, вклучително и неделните барања за надомест за невработеност и извештајот за вработеноста за март.

Аналитичарите оценуваат дека падот на златото доаѓа по неколкудневен раст и дека оптимизмот на пазарите бил претеран, што довело до корекција на цената.

Во меѓувреме, залихите на најголемиот златен ETF фонд, SPDR Gold Trust, се зголемија за 3,72 тони, достигнувајќи вкупно 1.050,99 тони.

Продолжи со читање

Анализи

Трамп пред една година ја преобликува глобалната трговија: Последиците сè уште се чувствуваат

Објавено

на

Една година откако американскиот претседател Доналд Трамп објави „економска независност“ и воведе сеопфатни царини кон речиси сите земји, последиците од оваа одлука сè уште силно се чувствуваат во глобалната трговија.

На 2 април 2025 година, Белата куќа воведе основна царина од 10 отсто за целиот увоз, додека за 85 земји кои имаат трговски суфицит со САД беа предвидени и повисоки стапки, до 50 проценти. Овој потег предизвика силни потреси на глобалните пазари, а берзите веднаш забележаа пад.

Иако американскиот Врховен суд подоцна ја оспори законитоста на мерката, администрацијата продолжи со нејзина примена, а по неколку одложувања, дел од царините стапија во сила во август 2025 година.

Во пресрет на новите мерки, американските компании масовно ги зголемија залихите, при што увозот во првите три месеци од 2025 година порасна за околу 20 проценти, односно за дополнителни 184 милијарди долари.

Промените во трговските текови беа значајни. Увозот од Кина најмногу опадна, за 66 милијарди долари, додека компаниите се пренасочија кон земји со пониски царини, како Австралија и дел од Латинска Америка. Истовремено, некои азиски економии како Тајван и Виетнам дури и го зголемија извозот кон САД.

Сепак, анализите покажуваат дека царините не довеле до очекуваното враќање на производството во САД. Напротив, најголемиот товар го сносат американските потрошувачи. Проценките се дека во 2025 година секое домаќинство во САД било дополнително оптоварено со околу 1.000 долари поради повисоките цени.

Од друга страна, приходите од царини значително пораснаа и достигнаа 287 милијарди долари, што е речиси трипати повеќе од претходните години.

Глобалната трговија во меѓувреме стана многу понеизвесна, со чести промени на правилата и нови закани со царини. Владите ширум светот се обидуваат да им помогнат на компаниите да најдат нови пазари и да ги диверзифицираат синџирите на снабдување.

Експертите оценуваат дека токму таа адаптација може да биде единствениот позитивен ефект од оваа криза.

Извор: DW

Продолжи со читање

Анализи

Нафтата во силен подем, среброто прави пауза пред нов раст

Објавено

на

Цените на суровата нафта бележат раст во последното тргување, поттикнати од поддршката на 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што обезбедува силен позитивен импулс за натамошно зголемување.

Според анализата на Economies.com, краткорочниот тренд останува јасно нагорен, при што цената се движи долж поддржувачка тренд линија, што дополнително ја зацврстува стабилноста на растечкиот тренд.

Дополнително, индикаторите за релативна сила покажуваат позитивни сигнали, особено по формирањето на позитивна дивергенција, што укажува на зајакнување на нагорниот импулс и зголемени шанси за продолжување на растот во блиска иднина.

Во однос на среброто, ситуацијата е малку поинаква. Цената бележи привремен пад во текот на последното тргување, под влијание на негативни сигнали од истите индикатори.

Сепак, ова движење се оценува како корективно, со цел да се создаде нов позитивен импулс кој би овозможил продолжување на растот. И покрај падот, цената на среброто и натаму се движи во рамки на краткорочен нагорен тренд, поддржан од тренд линија која останува стабилна.

Дополнителна поддршка доаѓа и од фактот што цената се задржува над EMA50, што создава силна основа за можен брз опоравок во наредниот период.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange