Connect with us

Бизнис

Есенски Планови, Есенски Трошоци? Време е за Промо Кредит!

Објавено

на

Што ако оваа есен конечно си дозволите сè што одложувавте, без грижи за трошоците?  Со Минт Кредит и нашиот најповолен потрошувачки кредит, Промо Кредит, тие повеќе не се пречка.

Есента е период на нови почетоци. Нови планови, нов ритам, нови обврски. Сонцето сè уште грее, но деновите се пократки а времето е идеално за средување на сè што сте одложувале, бидејќи оваа есен, заслужувате финансиска поддршка, што ви нуди брзина, едноставност и сигурност.

Најповолен потрошувачки кредит што ве држи во чекор со промените на сезоната

Есента носи нови приоритети: семејни трошоци, училишни трошоци, домашни поправки или обновување на гардеробата за студените денови. Зошто да чекате во редици или да губите време на шалтери, кога сè може онлајн, со одговор за само 10 минути?

Минт Промо Кредит ви нуди можност да ги остварите своите желби со потрошувачки кредит со најповолни услови, лесна процедура и доверлив партнер покрај себе.

Со износи достапни од 60.000 до 1.000.000 денари, рок на отплата од 12 до 84 месеци, и со фиксна каматна стапка од само 7%, нашиот Промо Кредит е прилагоден на вашите потреби и финансиски можности.

Флексибилност што се прилагодува на вашите планови

Секој ја доживува есента на свој начин, некој се подготвува за зимата, некој инвестира во нов проект, а некој едноставно сака да си го направи домот поудобен.

Со нашиот Промо Кредит, имате можност да ја изберете сумата и рокот што најмногу одговараат на Вашиот буџет. Оваа флексибилност е причината зошто Промо кредитот се смета за најповолен потрошувачки кредит, затоа што секогаш се прилагодува на Вас.

Онлајн и секогаш достапен – дури и кога надвор врне

Замислете: додека надвор паѓа дожд, вие со топло кафе и неколку клика ги решавате вашите финансиски потреби. Толку е едноставно. Аплицирајте онлајн, 24/7, кога и каде што ви одговара.

Процесот трае само неколку минути, а одговорот го добивате за 10 минути. Нема потреба од документи, банки и гужви, само неколку клика и вашето барање е готово.

Финансиска сигурност во период на промени

Есента секогаш носи повеќе трошоци од очекуваното: нова облека за децата, поголеми сметки за струја, поправки пред зимата, па дури и планирање на празничниот период.

Со Промо Кредит од Минт Кредит, секој од тие предизвици станува полесен. Секогаш точно знаете колку ќе плаќате и кога, без изненадувања. Тоа е сигурност што ви овозможува да уживате во сезоната без грижи.

Сè што Ви треба за една уредна, мирна и топла есен

Без разлика дали сакате да направите мала промена дома, да инвестирате во нешто ново или едноставно да си создадете финансиска резерва – со најповолниот потрошувачки Промо Кредит од Минт, тоа е лесно и достапно.

Со неколку едноставни чекори, добивате средства што ќе Ви помогнат да ја направите есента точно онаква каква што сакате: организирана, стабилна и без притисок.

4 едноставни чекори до Промо Кредит

Понекогаш најтешкиот дел од остварувањето на вашите планови е – првиот чекор. Преку Минт Кредит, процесот е поедноставен од кога било. Еве како за само неколку минути може да дојдете до потребната финансиска поддршка.

1.     Аплицирајте онлајн

Посетете ја Минт Кредит и изберете го нашиот Промо Кредит, износот и рокот за отплата што ви одговара. Без редици, без хартија – целосно дигитално.

2.     Пополнете ги основните податоци

Само неколку минути ви се потребни да ги внесете потребните информации. Нема непотребни прашања – само она што навистина е важно за да дојдете до потребната финансиска поддршка брзо.

3.     Почекајте брз одговор

Нашиот систем веднаш ја обработува вашата апликација. Од моментот на поднесување, добивате повратна информација во најкратко можно време. Во повеќето случаи, одговорот го добивате за помалку од 10 минути.

4.     Износот е на вашата сметка

Откако апликацијата е одобрена, средствата веднаш се префрлаат на вашата банкарска сметка без чекање. Толку е едноставно со нашиот најповолен потрошувачки кредит.

Промо Кредит – Потрошувачки кредит со најповолни услови за топла есен

Не дозволувајте плановите да чекаат подобри времиња, оваа есен е вистинскиот момент! Минт Промо Кредит, е најповолниот потрошувачки кредит и финансиската поддршка што ги олеснува притисоците. Со 7% фиксна камата, одговор за 10 минути и средства на сметка веднаш, нема причина за одложување.

Аплицирајте денес и овозможете си финансиска удобност во сезоната на промени. Затоа што вистинската топлина оваа есен не доаѓа само од радијаторот, туку од чувството на сигурност што го дава нашиот најповолен потрошувачки кредит – Промо Кредит.

Доколку имате прашања контактирајте нѐ на 15 107 или посетете нѐ во една од нашите филијали ширум државата.

ПР објава

Бизнис

Две нови комори се приклучија кон Сојузот на стопански комори на Македонија

Објавено

на

Две нови комори станаа членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, со што е заокружен процесот на пререгистрација и организациска консолидација на Сојузот.

Кон ССКМ се приклучија ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Со нивното членство, Сојузот сега обединува вкупно десет комори и три групации.

Од ССКМ оценуваат дека проширувањето претставува значаен чекор кон јакнење на деловната мрежа и подобро секторско организирање на компаниите. Новата организациска поставеност следува по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни во Скопје.

Претседателот на ССКМ, Горан Горгиевски, изјави дека приклучувањето на новите комори ќе овозможи поефикасно застапување на интересите на компаниите, поголема меѓусебна соработка и посилен институционален дијалог.

„Сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата“, истакна Горгиевски.

Во состав на ССКМ функционираат Агро бизнис комората, ИКТ комората, Комората на сметководители, финансии и даночни советници, Туристичко-угостителската комора, Услужната комора, ЕнергоКом, Комората на интегрирано приватно здравство, Комората за трговија и дистрибуција, Комората за индустрија и развој и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент.

Во рамки на Сојузот активно работат и групациите за проекти, за игри на среќа и за стартапи.

Од ССКМ посочуваат дека остануваат посветени на создавање современ и обединет коморски систем, кој ќе придонесува за подобрување на деловната клима, развој на претприемништвото и поголема конкурентност на македонските компании.

Продолжи со читање

Бизнис

Индустриските производствени цени во еврозоната паднаа, енергијата и натаму значително поскапа од лани

Објавено

на

Индустриските производствени цени во еврозоната во јуни се намалиле за 0,3 отсто во однос на мај, додека на ниво на Европската Унија падот изнесувал 0,2 отсто, покажуваат првичните процени на Евростат.

Сепак, во споредба со јуни минатата година, цените останале значително повисоки. Во еврозоната тие пораснале за 4,6 отсто, а во целата ЕУ за 4,7 отсто.

На месечно ниво, најголемо влијание врз падот имал енергетскиот сектор. Производствените цени на енергијата се намалиле за 1,5 отсто во еврозоната и за 1,4 отсто во ЕУ.

Кога ќе се исклучи енергијата, индустриските цени се зголемиле за 0,2 отсто во двете подрачја, што покажува дека поевтинувањето не било присутно во сите индустриски категории.

Во еврозоната, цените на суровините, материјалите и полупроизводите пораснале за 0,3 отсто, додека капиталните и трајните потрошувачки добра поскапеле за по 0,2 отсто. Цените на нетрајните потрошувачки добра останале непроменети.

И покрај месечниот пад, цените на енергијата во ЕУ во јуни биле за 10 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Во еврозоната годишниот раст изнесувал 8,8 отсто.

На годишно ниво, најголем раст на производствените цени бил регистриран во Бугарија, од 18,2 отсто. Следувале Романија со 14,3 отсто и Ирска со 11,4 отсто. Луксембург бил единствената земја во која цените биле пониски од пред една година, и тоа за 3,2 отсто.

Индексот на производствените цени ги следи промените на продажните цени на производите на домашниот пазар при излезот од производството. Тој не ги опфаќа увозните производи и не претставува индекс на потрошувачките цени што директно ги плаќаат граѓаните.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија влегува на домашниот пазар на капитал со првата корпоративна обврзница

Објавено

на

Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст.

По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. По пат на јавна понуда ќе бидат издадени 30.000 обврзници со номинална вредност од 100 евра кои ќе бидат достапни за запишување од страна на физички и правни лица. По завршувањето на јавната понуда и исполнувањето на законските услови, обврзниците ќе бидат достапни за тргување на Македонската берза, а инвеститорите ќе имаат можност да побараат реоткуп од страна на издавачот по истекот на третата година, согласно условите на Проспектот.

Во изминатите години, Иуте Македонија бележи континуиран раст на кредитното портфолио и деловните активности, што природно ја наметнува потребата од понатамошна диверзификација на изворите на финансирање. Досега, компанијата најголемиот дел од средствата ги обезбедуваше преку поддршката од матичната компанија Иуте Естонија, сопствените приходи од кредитната активност и други локални извори на средства, примарно домашни банки.

„Влегувањето на пазарот на капитал e важна пресвртница во развојот на Иуте Македонија, чекор кој има за цел да обезбеди поголема  диверзификација на изворите на финансирање и оптимизација на трошоците за финансирање на друштвото. Со оваа емисија, Иуте Македонија за првпат пристапува на домашниот пазар на капитал преку јавна понуда на корпоративни обврзници. Овој чекор се надоврзува на досегашниот развој на компанијата и на континуираното унапредување на нејзините деловни активности. Истовремено, веруваме дека развојот на домашниот пазар на капитал е значаен за проширување на инвестициските можности и за понатамошен развој на финансискиот пазар во земјата“, вели Нина Мојсова Ќосева, Финансиски директор на Иуте Македонија.

Покрај обезбедување нов извор на капитал за понатамошен развој, присуството на пазарот на капитал подразбира и уште повисоки стандарди на транспарентност, отчетност и корпоративно управување, што претставува дополнителна потврда за зрелоста и стабилноста на компанијата. Влезот на пазарот на капитал претставува логично продолжение на стратегијата за одржлив раст, оптимизација на финансиската структура и создавање уште постабилна основа за идниот развој.

Повеќе информации за јавната понуда и Проспектот за издавање на корпоративната обврзница се достапни тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange