Connect with us

Останато

Флекс Кредит  ги награди најуспешните вработени

Објавено

на

Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година. 

Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.

Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш гопотврдува значењето што го дава на препознавањеи вреднување на трудот и ангажманот на своитевработени.

Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедатдополнителна мотивација, но и да поттикнат баланспомеѓу работата и личниот живот на вработените. Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија накомпанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се ценииндивидуалниот и тимскиот придонес.

Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден однајголемите работодавачи во својата дејност воМакедонија. Континуирано инвестира во развој начовечки ресурси преку различни програми занаградување, унапредување и обуки, со што создавауслови за професионален и личен раст на секојвработен.

Останато

УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Останато

Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември

Објавено

на

Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.

Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.

Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.

Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange