Connect with us

Банки

ПроКредит Банка со намалени провизии, бесплатни интерни трансфери и СЕПА поволности за физички и правни лица

Објавено

на

Согласно препораките од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и забрзување на дигиталната трансформација на платниот промет, ПроКредит Банка ги намалува провизиите на дел од своите услуги за физички и правни лица.

Како дел од долгорочната стратегија за фер и транспарентен однос со клиентите, интерните трансфери во рамки на банката како и досега остануваат без провизија.

Клучна новина за физички лица која ќе настапи од 14.09 се намалените провизии за електронски трансакции преку КИБС и МИПС до 50%. Провизиите за МИПС плаќањата се намалуваат од 100 МКД на 50 МКД, додека провизиите за КИБС плаќањата се намалуваат од 20 МКД на 12 МКД. Дополнително ќе има намалување и на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%.

Истовремено, од 01.09 банката намали и дел од провизиите за правни лица, и тоа намалени провизии за МИПС налози реализирани преку електронско банкарство до 25%, како и дополнително намалување на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%. Во тарифникот на банката има намалување и на провизиите за трајни налози преку електронско банкарство.

Со интеграцијата со СЕПА од октомври, ПроКредит ќе овозможи и дополнителни поволни провизии за вршење меѓународни плаќања, и тоа СЕПА кредитен трансфер 620 МКД / 10 ЕУР, СЕПА прилив 360 МКД / 6 ЕУР. СЕПА трансферите ќе овозможат побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет, со што клиентите ќе добијат уште поголема вредност и сигурност.

ProPay меѓународните трансфери во рамките на ПроКредит Групацијата како уникатен продукт на Банката остануваат најекономични на пазарот со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2.5 ЕУР за дознаки, 0 ЕУР за приливи.

ПроКредит Банка останува доследна на својата стратегија за транспарентност, едноставност и фер пристап кон клиентите – физички и правни лица. Со новите намалени провизии, уште повеќе ги олеснуваме секојдневните банкарски потреби и го правиме платниот промет поефикасен и поекономичен. Дополнително, како банка која прва ја воведе дигитализацијата во нашата индустрија во земјата, најголем дел од услугите ги нудиме преку дигитални канали, што ни овозможува да бидеме поефикасни, а нашите цени и провизии – пониски и поконкурентни на пазарот.“ – изјавија од ПроКредит Банка.

Дознајте повеќе на веб страната www.pcb.mk

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange