Connect with us
no baners

Останато

НЛБ Банка Скопје – дел од една заедничка регионална спортска приказна

Објавено

на

Како членкa на силната регионална НЛБ Групација, НЛБ Банка Скопје гордо го поддржува еден од најголемите спортски настани во регионот на Југоисточна Европа – НЛБ Љубљанскиот маратон. Овој маратон не е само спортска трка, туку претставува симбол на упорност, енергија и поврзување помеѓу луѓето.

На 18 и 19 октомври 2025 година, Љубљана повторно ќе биде во знакот на трчањето, а градот ќе пулсира со позитивна енергија, ентузијазам и поддршка од илјадници учесници и навивачи. Годинава се очекува рекорден број на натпреварувачи – над 20.000 од повеќе од 40 земји во светот, меѓу кои и голем број натпреварувачи од Македонија.

Во изминатите години, голем број вработени и клиенти на НЛБ Банка Скопје веќе зеле учество на љубљанскиот маратон, а оваа година, како официјален партнер, НЛБ Групацијата овозможува и посебни поволности за сите свои клиенти кои сакаат да бидат дел од ова уникатно спортско искуство.

Специјални попусти за клиенти на НЛБ Банка Скопје

Сите кои ќе се регистрираат за учество (https://registration.ljubljanskimaraton.si/en/all.html) и ќе направат уплата со НЛБ платежна картичка имаат можност да добијат попуст на котизацијата за следните трки:

• Полумаратон (21 км): користете го кодот 21NLBLM29MPB – цена: 55 евра

• Маратон (42 км): користете го кодот 42NLBLM29LTU – цена: 60 евра

И двата кода важат до 30 септември 2025 година, а регистрациите не се преносливи.

• За трката на 10 км најприфатлива опција е плаќањесо НЛБ платежна картичка која нуди попуст од 5 евра, и цената за учество изнесува 45 евра.

Маратон што нè поврзува

НЛБ Љубљанскиот маратон претставува повеќе од трка. Тој е можност да се биде дел од поширока заедница, да се чувствуваш инспирирано, поддржано и гордо што си дел од нешто големо. Без разлика дали ќе трчате 10, 21 или 42 километри – ова е искуство што го зајакнува телото и духот.

НЛБ Банка ги охрабрува сите љубители на спортот и активниот живот да се пријават и да бидат дел од оваа спортска приказна.

Останато

Димитриеска Кочоска: Баланс меѓу штедење и раст – клучен предизвик за фискалната политика

Објавено

на

Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со предизвик да го усогласи намалувањето на буџетскиот дефицит со потребата од економски раст, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Говорејќи на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, организирана од Фискален совет во Македонска академија на науките и уметностите, таа нагласи дека за стабилна економска политика се неопходни внимателно управување, силни институции и доследно почитување на фискалните правила.

Во пресрет на новата Фискална стратегија за периодот 2027–2031 година, министерката истакна дека документот има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален курс, без да се нарушат економската активност и социјалната сигурност.

Според проекциите, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува – од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти во 2028 година, а потоа на 2,8 проценти во 2029 година, ниво кое ќе се задржи до 2031 година.

Димитриеска Кочоска посочи дека Владата ќе спроведува мерки и на приходната и на расходната страна, со фокус на подобрување на наплатата, намалување на сивата економија и рационализација на трошоците. Паралелно, ќе се работи на поголема транспарентност, подобра контрола на јавните набавки и приоритизација на капиталните инвестиции.

Таа нагласи дека фискалните правила се клучен инструмент за одржување стабилност и доверба во економијата, а улогата на Фискалниот совет е значајна за следење на ризиците и зајакнување на фискалната дисциплина.

Во рамки на расправата беа отворени и теми поврзани со ефикасноста на јавната потрошувачка, одржливоста на јавниот долг и влијанието на фискалните правила врз економските резултати.

Продолжи со читање

Останато

Маск тврди дека парите наскоро ќе го изгубат значењето

Објавено

на

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, смета дека штедењето за пензија наскоро ќе стане бесмислено, бидејќи со развојот на вештачката интелигенција ќе настане општо изобилство.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX важи за голем оптимист кога станува збор за вештачката интелигенција. Според него, луѓето не треба да се оптоваруваат со создавање заштеди за далечната иднина, што е спротивно на советите на многу финансиски експерти.

„Не грижете се за оставање пари на страна за пензија за 10 или 20 години. Тоа нема да биде важно“, изјави Маск во подкастот Moonshots with Peter Diamandis.

Неговиот контроверзен став произлегува од визијата за свет трансформиран од брзиот напредок на вештачката интелигенција, роботиката и енергетиката. Маск очекува дека до 2030 година вештачката интелигенција ќе ја надмине интелигенцијата на сите луѓе заедно, а бројот на хуманоидни роботи ќе го надмине бројот на луѓе на Земјата. Според него, AI ќе ги замени луѓето во традиционалните професии, особено во канцелариските и интелектуалните занимања.

„Сè освен физичкото обликување на атомите, вештачката интелигенција веројатно веќе може да го извршува – половина или повеќе од половина од работните места. Таквиот напредок може да доведе до огромно зголемување на продуктивноста, далеку над она што луѓето можат да го замислат како изобилство“, оцени Маск.

Според неговите зборови, наместо универзален основен доход, иднината би можела да донесе систем во кој „секој може да има што и да посака“. Во такви околности, платата, штедењето и животниот стандард нема да имаат исто значење како денес.

Тој истакна дека во следните пет години, благодарение на вештачката интелигенција, дури и луѓето без заштеди би можеле да имаат здравствена грижа подобра од сегашната. Исто така, можно е да исчезнат ограничувањата во достапноста на производи, услуги и образование.

Ставовите на Маск се надоврзуваат на неговите претходни проценки дека во наредните 10 до 20 години вештачката интелигенција и хуманоидните роботи ќе извршуваат поголем дел од работата, поради што верува дека парите би можеле да станат небитни.

Во таков свет, работата би станала прашање на личен избор и слободно време, слично како денешното занимавање со спорт или играње видео-игри.

„Ако сакате да работите, тоа е исто како кога можете да отидете во продавница и да купите зеленчук или да го одгледувате во сопствената градина. Потешко е да го одгледувате сами, но некои луѓе го прават тоа затоа што уживаат во тоа“, изјави Маск на Американско-саудискиот инвестициски форум.

Сепак, тој предупредува и на можните негативни последици од општество во кое луѓето нема да мора да заработуваат за живот. Како што посочи, таквата реалност може да доведе до длабока криза на смислата, пренесува Fortune.

Извор: Bankar.me

Продолжи со читање

Останато

Северна Македонија ќе понуди државни хартии од вредност во износ од околу 31 милион евра на 5 мај

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 5 мај ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупен износ од 1,9 милијарди денари, што е приближно 31 милион евра, покажуваат податоци на Народната банка.

Станува збор за редовна аукција на државни записи и обврзници, преку која државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби.

Интересот за ваквите инструменти традиционално доаѓа од домашни институционални инвеститори, како банки, пензиски и инвестициски фондови, кои ги користат како сигурна форма на вложување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange