Банки
НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“
НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија.
Ова значајно национално признание се доделува за најдобрите практики и иновативни решенија што организациите ги применуваат за унапредување на благосостојбата на своите вработени, поттикнување на нивниот професионален развој и создавање работна средина која придонесува за поголема ангажираност, продуктивност и задоволство.

Наградата претставува силна потврда за континуираната посветеност на НЛБ Банка кон градење современа и поддржувачка организациска култура, во која вработените се во центарот на вниманието. Преку бројни иницијативи и програми насочени кон нивниот личен и професионален развој, Банката систематски инвестира во создавање услови за кариерен напредок, баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, како и во унапредување на севкупната благосостојба на својот тим.
„Во НЛБ Банка веруваме дека вложувањето во луѓето е највредната инвестиција во иднината на Банката. За нас, ова признание претставува силна потврда дека вистински и одржливи промени се создаваат тогаш кога вработените се слушнати, вклучени и поддржани. Преку програмите што ги развиваме, не само што поттикнуваме едукација и професионален развој, туку и ги охрабруваме нашите вработени да бидат двигатели на позитивни промени.“ – истакнува по повод наградата Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје упатувајќи искрена благодарност до Здружението Конект и Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија за препознавањето на овие заложби и нивното значење во градењето одговорна и одржлива организациска култура.
Грижата за вработените претставува суштински дел од организациската култура на Банката и е целосно усогласена со принципите на одржливиот развој и одговорното корпоративно работење. Вложувањата во благосостојбата и развојот на вработените ги потврдуваат заложбите на Банката да биде организација која создава трајна вредност за заедницата, општеството и идните генерации.
Банки
Комерцијална банка: Илјадници корисници веќе плаќаат со Apple Pay
Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка.
Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac.
За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се автентицира и да го доближи iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање.
Од Комерцијална банка посочуваат дека секоја трансакција преку Apple Pay е заштитена со Face ID, Touch ID или лозинката на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

Apple Pay може да се користи во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на други продажни места што поддржуваат бесконтактно плаќање.
Активирањето на услугата е едноставно. На iPhone потребно е да се отвори апликацијата Wallet, да се избере знакот „+“ и да се следат чекорите за додавање на Mastercard дебитна или кредитна картичка од Комерцијална банка.
Откако картичката ќе биде додадена, Apple Pay може веднаш да се користи на соодветниот Apple уред.
Банки
Стопанска банка со викенд поволност: Подигнување готовина од банкомат без провизија
Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд.
Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија.

Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи.
Банки
ЕЦБ ги претстави предлозите за новите евробанкноти, граѓаните ќе избираат меѓу десет дизајни
Европската централна банка ги претстави десетте дизајнерски предлози што влегоа во потесен избор за новата серија евробанкноти и започна јавна анкета во која граѓаните низ Европа ќе можат да го кажат своето мислење.
Предлозите се базираат на две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“, а онлајн анкетата ќе биде отворена до 21 септември 2026 година.
„Евробанкнотите се повеќе од средство за плаќање – тие се еден од највидливите изрази на Европа“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека новите дизајни треба да ја зајакнат заедничката европска идентификација.
Десетте предлози беа избрани по конкурс на ниво на Европската Унија, на кој пристигнале повеќе од 1.200 пријави од графички дизајнери. Од нив, 25 автори биле поканети да изработат предлози, по што независно жири составено од 21 експерт избрало десет финални решенија.
Покрај јавната онлајн анкета, независна истражувачка компанија паралелно ќе спроведе и посебно истражување меѓу репрезентативен примерок граѓани од еврозоната.
Управниот совет на ЕЦБ се очекува да ја донесе конечната одлука за дизајнот на новите банкноти кон крајот на годинава. При изборот ќе бидат земени предвид оценките на жирито, техничките анализи и резултатите од двете анкети.
Избраниот дизајн потоа ќе помине низ дополнителен развој и тестирање пред да започне производството. Новите банкноти се очекува да влезат во оптек во следните години, додека постојните евробанкноти ќе ја задржат својата вредност и ќе продолжат да се користат.
Ова ќе биде првиот целосен редизајн на евробанкнотите од нивното воведување во 2002 година.
Новата серија ќе содржи и подобрени безбедносни карактеристики за полесно препознавање на фалсификати и поголема пристапност за лицата со оштетен вид. ЕЦБ најавува и употреба на поодржливи материјали и производствени процеси со цел да се намали влијанието врз животната средина.
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 1 месецФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?



